8 јануари, 2009 - 13:20
[веб кирилица]

Техника - човек - природа

од Брмкович на 19 мар 2008 - 16:01

Технологијата не работи против човекот, туку, за жал, човекот ја користи во остварување на сопствената егоистичка жед за доминација и во насока на себеуништување. Против себе ја сврте и Природата со „помош“ на технологијата. Излезот е во меѓусебниот договор.

1. Никако не се согласувам со констатации дека технологијата е зло, дека токму таа го прави човештвото расипано, дека најмногу се користи за злобни цели и дека таа го „убива“ човекот. Со индигнација ги отфрлам ваквите обвинувања, затоа што, едноставно не држат вода. Ниту една од нив нема логично оправдување, туку индиректната врска мешу „злото“ и „технологијата“, секако, мора да ја бараме кај човекот. Токму она СОФТИЦИРАНО суштество, кое своите креации ги употребува за себеуништување.

2. Технологијата не е зло. Дефенитивно. Слободно може да констатираме дека напредокот во технологијата значи и развој на човештвото. Од камено доба и првиот лот, низ оската на времето, денес, живееме во ера на спејсшатл, плејстешн уреди, ДВД-и апарати, компјутерски идеали. Таа е нивелирот преку кој, преку позитивно натпреварување, се рангираат народите во развиени или во спротивно од тоа.

3. Уште помалку може да се докажат тезите дека го расипува човештвото. Технологијата не го уништува, туку го унапредува. Тоа, човештво, се расипува само по себе. Од внатре. Го уништуваат луѓето, кои користејќи ја технологијата, се обидуваат да бидат надмоќни, да ги држат останатите под „власништво“, да создаваат креации за да го уништат „другиот“ и да го закочат неговиот развој.

4. Посебна елаборација заслижува прашањето зошто луѓето ја користат технологијата за злобни нешта. Тоа, всушност, е работа за психолозите и паталозите, кои, дефенитивно, треба да ја откријат мозочната човекова структура која го „принудува“ да прави зла.

5. Повикувајќи се на филмската изрека „Guns don't kill peoples, peoples kill peoples“(оружјето не ги убива луѓето, луѓето убиваат луѓе), може да ја изнедриме нашата кованција, која би гласала „технологијата не работи против човекот, човекот работи против човекот“. Кога не би имало болни умови кои нуклеарната енергија би ја користеле само за воени цели, а во исто време, може да се искористи за мирнодопски потреби, тогаш сите би ја почувствувале само убавата, сјајната, страна на технологијата.

6. Не треба да не плаши нејзиниот развој и да стравуваме дека се` повеќе го заменува човекот, туку да се гордееме со фактот што сме на стадиум во кој може да креираме нешто што, дефинитивно, ни го олеснува животот. Дали сме свесни колку технологијата го заштедува нашето драгоцено време, уште повеќе колку придонесува за подобрување на нашата меѓусебна комуникација, до секавичниот трансфер на податоци и фотографии од една до друга точна на планетата. Или, за некои од „избраните“, трансфер и надвор од нашата земја.

7. Многумина тврдат дека технологијата работи против природата. Дека тие се најголеми непријатели. Повторно грешка. Ниту природата, ниту технологијата ја имаат способноста да станат непријатели. Уште помалку, меѓусебни. Но, доколку човекот им вдахне дух на негрижа, на егоизам, на непријателство, тогаш тие го користат сопствениот потенцијал во негативни насоки. Бидејќи неправилното ракување со технолошките пронајдоци значи емитување штетни гасови, природата тоа не го резорнира како вина на техниката, туку како човекова негрижа и незнаење.

8. Затоа, сме сведоци дека годинава на Алпите, во овој период, се измерени десет степени целзиусови, а во Лондон процрвенуваат розите...

9. Драги мои, да не ја обвинуваме технологијата за наша негрижа и болно-амбициозни проекти, туку да направиме троен дил: „техника - човек - природа“. Човекот да ја користи техниката, но, во исто време, да не работи против природата. Само ова би бил позитивен исход од битката човек - техника - природа која доколку има крај, тоа ќе биде кобно за живиот свет.

Опции за гледање на коментари