8 јануари, 2009 - 17:17
[веб кирилица]

Рекламата го продава производот

од Брмкович на 19 мар 2008 - 21:33

Нашите македонски произведувачи мора да сфатат дека доколку во своието економско планче не вметнат одреден дел од профитот за рекламирање на својот продукт, тој ќе остане во подрумите или во лабараториите каде го произвеле. Виртуелниот сосед, веќе, го продаде своето производство!

1. Промената на општествените системи и вредности доведоа до тектонски промени и на пазарот. Веќе нема државен интервенционизам (кога државата ги одредува ценити или ги откупува производите кои не се продадени), нема монопол (кога само една компанија произведува одреден производ и тоа е тоа), исчезна и удобноста во бизнисот. Напротив.

2. Секојдневно, на пазарот нудат разни нешта. За среќа, ваква состојба имаме и во компјутерската технологија, каде ниту една компанија не може да се чувствува сигурно или удобно. Зошто велам „за среќа“? Затоа што во демократијата, тоа е нормална ситуација.

3. Повеќе играчи на пазарот доведува до меѓусебен натпревар. Не во тоа кој ќе го победи противникот, туку во тоа кој ќе создаде, направи, искреира подобар продукт и полесно ќе го пробие пазарот. Нели?!

4. Битката за опстојување на тој невидлив пазарен простор доведува до развој на човештвото. До развој на компјутерската технологија, на секојдневниот живот, на работата.

5. Многу девизи кои го красеа претходниот систем на управување, повторно велам, исчезна. Го отслужија своето, го реализираа она за кое беа создадени и се најдоа на “полиците“ на историјата. Како обичниот жичен телефон (уште малку), славната дискета (иако може да се најде некој раритет)...

6. Пазарната економија доведе и до промена на начинот на размислување кај произведувачите и трговците. Тие се принудени, бидејќи не се монополисти, она што ќе го произведат во своите мини-фабрики или лабаратории, да го продадат на пазарот, веднаш до “невидливото тезге“ на соседот, кој го произведува истиот производ.

7. Да претпоставиме ситуација на двајца пријатели кои продаваат ист производ. Кога велиме ист, тоа значи со исти квантитативни и квалитативни карактеристики. Не, не интересира начинот на производство, колку материјал вложиле, колку време потрошиле да го создадат или колку луѓе ангажирале!? Интересно во целата ситуација е дилемата: зошто, при еднакви стартни услови и сосема ист производ, едниот трговец подобро го продава својот производ?

8. Ве молам, во вашата фантазија да не оставете простор за размислување околу физичката убавина на продавачите. Тие се убави и тоа не влијае на успехот на трговијата.

9. Не би можел, во овие пролетни денови кои ќе дојдат за неполни 2 дена, да ве „принудувам“ на високо-фреквентни размислувања. Едноставно ќе соопштам.

10. Тајната на успехот е РЕКЛАМАТА.

11. Ситуација 1: Продавачот кој во своите калкулации не размислил за рекламата. Тој, да претпоставиме, според пазарните механизми, продал пет од своите сто производи и зел околу хххх пари. Доколку хх му биле вложени, тогаш токму тој производ добил хх пари. На местата на хххх може да вметнете ваши цифри. И нормално, во ваква идеална ситуација, како произведувач, тој е многу задоволен оти заработил двојно отколку што вложил. Но, нема де биде среќен доколку сфати простата математика и економската логика на својот виртуелен сосед.

12. Ситуација 2: За разлика од првиот, вториот произведувач во своите калкулации за бизнис, вметнал и ставка за реклама. Значи, стартно, тој вложил повеќе ххх.(Едех “х“ повеќе од претходниот). Благодарение на разните рекламни пораки низ електронските или печатените медиуми токму пораките што ги слушнале купувачите, овој произведувач продал хххххххх продукти. (Четири повеќе од вирутлениот сосед). Доколку една дал за реклами, а две за производство на продуктот, тогаш неговата заработувачка е ххххх.

13. Размислете. Идејата на овој текст не е да држи предавања за економска невидлива рака на пазарот, туку да ја детектира реалноста. Авторот на овие редови е загржен за летаргичноста на македонските (мало)умни производители кон потребата од рекламирање на она што го создаваат. Абе, едноставно и прав да создаваш, доколку сакаш да го продадеш, тој мора да се рекламира. Нема успех доколку седиме со скрстени раце.

14. кога ќе пролистам македонските печатни медиуми, за жал, ретко наидувам на реклама за домашни компјутерски производи. Се разбирам, свесен сум за степенот на развојот на македонската ИТ, но не се сомневам дека не постојат компании кои произведуваат софтвери и други дополнителни елементи.

15. Од друга страна, можеби само го продаваат хардверот што е создаден надвор. Некако, рекламите се сведуваат само на 3-4 мега-компании, кои, во позитивна смисла на зборот, го преплавија пазарот со флаери низ весниците. Одлично.

16. Моја претпоставка е дека другите кои произведуваат ја утнале економската логика и во своите калкулации ја заборавиле РЕКЛАМАТАЧ

п.с извинете за ова виртуелно детектирање на реалноста,но, нели ве фрустрира сознанието дека многу умни глави спијат на пазувите на капитализмот. Да ги разбудиме!

Опции за гледање на коментари


Тоа е тоа од gojko
сликата на dimitar27
Да си прашам, - од dimitar27 на 20 март, 2008 - 09:40

Да си прашам, текстов е авторски или е превземен од негде, зошто ако е превземен треба да се пише од каде е земен.

Пази ова:

5. Многу девизи кои го красеа претходниот систем на управување, повторно велам, исчезна. Го отслужија своето, го реализираа она за кое беа создадени и се најдоа на “полиците“ на историјата. Како обичниот жичен телефон (уште малку), славната дискета (иако може да се најде некој раритет)...

???????????????????????

Многу девизи?? Многу девизи . . .како обичниот жичен телефон или славната дикстеа??

Ова „многу девизи“ да не е „many devices“?
Така некако станува и логична реченицата, иначе . . .
Ај, оставам место да сум пак глуп, ама . . .

сликата на Брмкович
.. - од Брмкович на 20 март, 2008 - 13:27

сигурноо дека ако текстот би бил превземан од друго место би го напишал изворот и овде и на мојот блог www.brmbrm.blog.com.mk ...

А за ова “мени девицес“, таман си е...

маркетинг - од stenli901 на 20 март, 2008 - 19:36

Политиката за производите, разноликоста на асортиманот, ЦЕНИТЕ , организираноста на дистрибуцијата и промоцијата (реклама) заеднички влијаат на (не)успешноста во продажбата на производите. Само забораваш нешто друже!?!?. Македонија е крајно неатрактивен пазар и единствено извозно ориентираните претпријатија имаат шанси за економски развој зголемување на обемот и намалување на трошоците. Нолојната конкуренција криминалот и корупцијата и катастрофалната транзиција ја уништија македонската економија. СИРОМАШТИЈА и НЕЗАДОВОЛНИЦИ тоа е реалноста.

кога ќе го од jordan23
сликата на Frejzer
Океј е темава!!! - од Frejzer на 31 март, 2008 - 21:10

Јас ова го кажувам на кафе муабети од пред една година!!!

Пиа-рот е битна работа во бизнисот, али има тупоглавци кои тоа не го сфаќаат, кои уште живеат во некои илузии,на таквите им се гледа крајот.