8 јануари, 2009 - 13:36
[веб кирилица]

Во согласност со ситуацијата...

од scaptomant на 11 апр 2008 - 16:07

Последниов период, на Балканов владее период на (што би рекле Европјаните) преседани. Америте прогласија нова држава на Балканот, Грците ни ставија вето на нашата покана за во Нато, само на основа на "недоразбирањата" околу името и уште 300 глупости. Ама сепак најомилен феномен ми е, можеби единствениот случај во историјата, па и во географијата, кога опозицијата е против предвремени парламентарни избори. Да не е трагично, апсолутно ке беше смешно. Трикот е "Аман оставете не во опозиција. Убаво ни е тука, терајте си вие, ние таман си го стопливме местото и не се тргаме од тука." Како да не им се доаѓа на власт.

Е сеа тука има и математика. Ако и покрај "поразот" на оваа влада во Букурешт, опозицијата има црни проценки за исходот на изборите, тогаш веднаш нека седнат и нека помислат каде се. што прават, до кога планираат да го прават тоа, дали народот го прочитал нивниот план и дали во скоро време планираат да сменат нешто.Промена на врвот, на средината, на дното, на програмата, на сопствениот народ можеби.

Да се разбереме. Имам спомнато во една моја сторија дека не сум член на ниту една партија. Меѓутоа, овие апсурди и глупости на СДСМ, кои произлегуваат од нивниот низок рејтинг кај народот, само оставаат простор владата да се опушти и да навлезе во други нус-појави на моќта. Еве го градоначелникот на Аеродром. Ке почнат и други. Ништо без јака опозиција. Значи сум симпатизер на повекето потези на актуелната влада, но темпото на дејствување ке се забрза само со јака опозиција.

Следниве избори, на Македонската политичка сцена ке ги остави само "Големите Четворица". Во историјата ке отидат ЛДП, ВМРО-НП, ДОМ, НСДП, ЛП и сите други сателити на црвените или на плавите. Ке изумрат алтернативите на "неодлучените". Нивните гласови ке се поделат на големите партии, а овие ке си ги кренат акциите на загрозувачко ниво.

Како и да е, да не се одалечувам од темата. Поентата беше, СДСМ да ги ревидира ставовите околу главните прашања во Македонија. Ако остане вака, во иднината гледам "Голема Тројка" (колку Нострадамовски звучеше ова [се смее]).

Опции за гледање на коментари


Будалите нека одат во политика! - од Fluke (непроверено) на 11 април, 2008 - 19:00

Мене баш ми е гајле, не ме интересира ни кој е во која партија, апсолутно сум аполитичен. Ниту ми се гласа за некого баш ми е гајле кој ќе победи. Тоа Што ме интересира е убав живот со животната избраничка покрај мене, веселбите, шетанциите и работата што ми е ќеф да ја правам.
[намигнува]

сликата на Lans
еден збор... - од Lans на 11 април, 2008 - 19:14

порасни.
крајот е близу.

Па според она - од Сељачиште на 12 април, 2008 - 10:45

Па според она што го напишал дечково, ми делува како пораснат.

сликата на miopa
Мене ми делува - од miopa на 12 април, 2008 - 18:26

Мене ми делува дека живее во фантазија дека неговиот живот е изолиран од остатокот од случувањата.

--
Краткиот живот гори појасно

Штознам... - од Сељачиште на 12 април, 2008 - 18:53

Штознам... можеби стигнал до ултра-реалистичното сознание дека политиката е само театар за народот и дека нашите локални политичари се инсигнификантни бубачки.

сликата на miopa
Или станал - од miopa на 12 април, 2008 - 19:08

Или станал жртва на врвната пропаганда дека обичниот човек не може ништо да смени, треба само да гледа и да се помирува со ситуацијата.
--
Краткиот живот гори појасно

Епа треба Fluke да - од Сељачиште на 12 април, 2008 - 19:41

Епа треба Fluke да каже. [се смее]

Него, ме замисли:

miopa напиша:

Или станал жртва на врвната пропаганда дека обичниот човек не може ништо да смени

Кој ја пласира таа пропаганда? Во кој облик?

сликата на miopa
Одговорот на - од miopa на 12 април, 2008 - 20:23

Одговорот на ова прашање би зафаќал неколку тома, и не верувам дека имам доволно знаење да го напишам.

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на dimitar27
Штознам... - од dimitar27 на 14 април, 2008 - 08:01

Сељачиште напиша:

Штознам... можеби стигнал до ултра-реалистичното сознание дека политиката е само театар за народот и дека нашите локални политичари се инсигнификантни бубачки.

Хе хе хе, какви бубачки, преведи за нас неписмеите, глеаш го нема Тумач да истумачи [се смее]

Монти, кои се „сељачиштата од канада и Австалија“ ??!!??
Ти од каде си, па они се сељачишта? Или по мислиш дека по дифолт ќе гласаат за Грујовистите па ти како „неопределен“ се загрижи за судбината на државата ни?
Исто сте неопределени и ти, и тој шо ја отвори темета, ама ТОТАЛНО ИСТО ! ! !

Сељачишта... - од monthy на 14 април, 2008 - 13:53

Сељачиштата од Австралија и Канада се ниско обраэовани, националисти, неиэбричени и эадрти фраери кои секој пат ке гласаат эа најрадикалната десна опција во Македонија. Лесно ке им биде да се националисти кога ние во Македонија ке треба да ги сносиме последиците од тоа. Истото се случи со последните Хрватски иэбори каде Загреб и поголемите градови гласаа эа една партија, а селата и дијаспората эа друга. Онаа која во 90тите беше на "браникот на одбраната" во војната која донекаде и самата ја почна. Тешки патриоти. Истиот тип на фраери од дијаспората кои полудуваат на концертите на Томпсон, како и нашите на концертите на Соња Тарчуловска и Биоритам, ке ни одлучуваат кој ке ни биде главен овде и колку цркви на плоштад ке ни иэгради....

Темава е ептен широка, али власта не се купува со пари. Беэ раэлика колку солидарни пари они испракале во Македонија секоја година, не эначи дека треба да имаат право на глас.

сликата на Tapa user
Во Македонија - од Tapa user на 14 април, 2008 - 16:26

Во Македонија не постои такво нешто како национализам.
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на гоце
Се согласувам, - од гоце на 14 април, 2008 - 17:07

Се согласувам, во Македонија постои само патриотизам. Не за друго, пошто сме најбољи народ у цел свет со најбољи пички и историја постара од праисторијата. Да живее Македонија. Да живее БЦ. Да живее Грујо!

сликата на Tapa user
Ей защо се - од Tapa user на 14 април, 2008 - 19:08

Ей защо се умълча така, какво ти е?

Защото никак не ми харесва тона ти. Нека те попитам нещо, ти обичаш ли си майната ти? Какво ти става? Наричай си се Джон, и навъти си шапката и енджой.

И остави не нас национал-шовинистите, и понатака да се служиме со напалм бомби према нашите соседи, и асимилаторски политики.
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на aceva
Јас би сакала - од aceva на 14 април, 2008 - 19:21

да знам, кога може да се очекува да ми се тргнат десетте специјалци сироти кои ми дремат под прозор у спална.
Сакам да знам до кога ќе се решава политикава на улица и по улица и од кога ќе почне да се работи како што треба и каде што треба.
Одговорот - од 1 јуни, не го прифаќам како точен.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на гоце
Јас да сум на - од гоце на 14 април, 2008 - 19:26

Јас да сум на твое место би размишљал да си ја префрлам спалната и осигурам станот...

сликата на Tapa user
Од 2ри Јуни? - од Tapa user на 14 април, 2008 - 19:31

Од 2ри Јуни? [се смее]
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на aceva
Ајмеееее!!!! - од aceva на 14 април, 2008 - 20:00

Цитат:

Организаторите најавија мирни протести. Но и покрај најавите и дождот, сепак Грчката амбасада беше силно обезбедена од специјалните единици и полицијата.
И.Коровешовска

Ако фалеше мудрост на денот....

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на гоце
Нема да ве - од гоце на 14 април, 2008 - 19:21

Нема да ве оставам, дур не ви ја снема семката неонацистичка.

Многу мрзам нацисти и црнци [се смее]

сликата на Tapa user
Гоце наш, голем - од Tapa user на 14 април, 2008 - 19:28

Гоце наш, голем маШ.
_________________________________
Polygonum aviculare

Во Македонија - од Сељачиште на 14 април, 2008 - 17:31

Tapa user напиша:

Во Македонија не постои такво нешто како национализам.

Ова што го велиш претставува логички парадокс. Имено, самиот чин на лупање на ваква тешка глупост е во целосна согласност со повеќето дефиниции на национализам. Или, со други зборови, ова е типична национал-шовинистичка (националистичка) изјава.

Апсолутно! - од monthy на 14 април, 2008 - 18:02

хахаха ептен, ептен на место!

Sieg heil, од Tapa user
Кај виде - од scaptomant на 15 април, 2008 - 23:57

Кај виде определеност во мојата тема? Убаво си кажав дека сум симпатизер на тоа што конечно во Македонија се случува нешто. Посакав јака влада со јака програма и исто така јака опозиција која ке ја држи на штрек владата, за оваа да продолжи со реформите и напредокот и да не го изгуби чекорот. Секоја диктатуре забегува во декадентност, баш поради отсуството на избор. Во економијата познато како МОНОПОЛ. На следниве парламентарни избори, разликата во бројот на собраниски мандати ке се измени во полза на ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно ке му се одврзат рацете на Никола Груевски, но падот на опозицијата ке биде огромен минус за блиската иднина. Земете за пример било која од "Големите" земји. Во сите постојат две големи партии, кои цело време се менуваат на "престолот". Тоа е спрегот кој ги води напред. Секоја партија се плаши од другата и прави СЕ за да остане на власт. А, тоа СЕ е одлично за народот.
Ако во оваа тема гледаш обоеност, а не гледаш искрено надевање дека во Македонијава нешто ке тргне и ке продолжи на подобро, не знам што друго да ти кажам. Само изразив надеж во подобри времиња и шанса да останам да творам во мојата татковина, наместо да барам начин да избегам од неа.

сликата на гоце
Кај виде - од гоце на 16 април, 2008 - 01:14

scaptomant напиша:

Кај виде определеност во мојата тема? Убаво си кажав дека сум симпатизер на тоа што конечно во Македонија се случува нешто. Посакав јака влада со јака програма и исто така јака опозиција која ке ја држи на штрек владата, за оваа да продолжи со реформите и напредокот и да не го изгуби чекорот.

Определеноста се наоѓа во тоа што си симпатизер на ДМПНЕ. Тврдиш дека сигурно ќе победат, ама дека ние у ствари треба за СДСМ да гласаме пошто ни треба јака опозиција. Ова некако не ми иде у глава.

Тоа што ко пичици свикаа избори баш како што сакаше непријателот, што немаат храброст да пресечат за името, што ги утињаат возовите за ЕУ, што играат на карта национализам, што градат цркви со државни пари, што ставаат дилетанти и сељачишта во втор, трет и што ти ја знам кој ешалон нема везе. Инфлација од 10%, штампање пари, а и покрај тоа не менување на официјалниот курс на денарот, „купиштата“ инвестиции се големи дострели на владата. Стварањето на полициска држава, прислушкување и правење профит од истото, стварање на нација на кодоши со правење закони кои ги прават младите криминалци ако пушат џоинт... Јебем ти ВМРО и глуп народ кој наседна на скапа пропаганда финансирана од парите на граѓаните.

сликата на miopa
Кај виде - од miopa на 16 април, 2008 - 07:50

гоце напиша:

Тоа што ко пичици свикаа избори баш како што сакаше непријателот, што немаат храброст да пресечат за името, што ги утињаат возовите за ЕУ, што играат на карта национализам, што градат цркви со државни пари, што ставаат дилетанти и сељачишта во втор, трет и што ти ја знам кој ешалон нема везе. Инфлација од 10%, штампање пари, а и покрај тоа не менување на официјалниот курс на денарот, „купиштата“ инвестиции се големи дострели на владата. Стварањето на полициска држава, прислушкување и правење профит од истото, стварање на нација на кодоши со правење закони кои ги прават младите криминалци ако пушат џоинт... Јебем ти ВМРО и глуп народ кој наседна на скапа пропаганда финансирана од парите на граѓаните.

Мамата вмровска да им ја ебам, никогаш веќе нема да гласам за нив. Ама и за СДСМ го реков истото. Да си идеме од тука, а? Нема надеж.

--
Краткиот живот гори појасно

Среќен пат од Tapa user
1. Како требаше - од scaptomant на 16 април, 2008 - 21:41

1. Како требаше да пресечат за името? Да речат "Кој ви ебе матер Европска! Ке ви ебам Франција, ке ви ебам Англија, ние сме Македонија и не ни требате?" Или требаше да пресечат за името 'ко Киро и Бранко што пресекоа 93-та година. ФИРОМ и готово. Знамето си го сменивме, од златно сонце добивме златен вентилатор, името го релативизиравме и го ставивме под толку голем прашалник, што денес тоа за Грција е најјакиот аргумент. Еднаш сме се согласиле да си го смениме името, па ке се согласиме уште денаш.
2. Инфлацијата и поскапувањето на цените е светски тренд под кој паѓаат и бескрајно појаки економии во светот. Ѕирни по сајтовиве колкава инфлација ги јаде Европскиве земји, а за такви економии и 3% инфлација е недозволива. Не го користете нетот само за неинформирано бладање по "Семакедонски Форуми".
3. Младите треба да се остават да пушат трава? Цела Македонија се крена против државната матура на средношколците. Зошто? Зошто појма немаат младиве од наука. Најважно им е да се начукаат навечер, во некоја од Скопските биртии и сабајлето да снимат некој порнич во школо, за поручекта да го постават на tracker-mk.tk.

И про твоето тврдење:
1. Со државни пари, пари за кои и јас делам од уста, прават црква на сред плоштад. Секаде во светот се прават плоштади околу црквите, ние правиме црква на плоштадот. Собранието ке го надоградуваме со 5 куполи. Куполите, како архитект ве информирам дека, се елемент на средновековната архитектура. Значи дека во светот, последните куполи се направени во почетокот на XIX век. Од тогаш па навака куполите се сметаат за анахроми и декадентни елементи и никаде во светот не се користат, а особено НЕ во XXI век. Ама што можеш да очекуваш од селаните кои со поддршка на недоволно едуцираните (барем во областа на уметноста и архитектурата) кадри на владата, кои и за себе ствараат куќи со Грчки и Римски столбови, цели зен градини во дворовите и мебел од средновековна Франција, познат како мебелот на Луј 14 до 16-ти. Да не ги спомнувам Спомениците на Делчев, Груев, Сандански и Карев, кои се предвидени да се качени на коњи, па и лавовите кои треба да бидат поставени пред мостот Гоце Делчев во центар. Ваквите скулптури пак, потекнуваат и припаѓаат на уште подалечни времиња, ама ај да не се нервирам, само ке потсетам дека новопритворениот градонечелник на општина Аеродром најави изградба на 35 цркви на територија на општината ТРИЕСЕТ И ПЕТ, ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ!
2. Ке се воведува Веронаука во основното образование. Наместо да се работи на зближување на младите од различни средини, само ке ги потсетуваме на нивните разлики. А да не спомнуваме дека може збунувачки да делува кога после Дарвин, младите ке учат дека Господ не направил од Кал и ни вдахнал душа со неговиот здив, а жените ги створил од ребро.
3. Под полициска држава, веројатно мислиш на единицата Алфи. Тоа е скупина која ја нема во ниту еден закон, ниту став, ниту евиденција ниту ништо. Не постои правилник, нити список на овластувања на таа единица. Да не зборам за членовите на единицата кои немаат ниту еден час обазование, ниту некаква посебна обука за "специјални" единици. Според слушањето за овие единици, од луѓе кои имале неоправдани средби со овие "кричри", немаат почитување за никого и се однесуваат крајно некоректно. Ете кај отидоа "лавовите" на Брат Љубе.

Има и други елементи ама "ај"...

одговори... - од monthy на 17 април, 2008 - 00:17

1. Не сум сигурен што можеше да се направи эа да се спречи фијаското во Букурешт, но энам дека кога се дефинираа копенхашките критериуми эа членство во ЕУ, Грците притискаа и билатералните прашања да влеэат во листата. Не влегоа. Кога се формираше јадранската група, Грците не се ни осудија да спомнат решение эа името како услов эа членство во НАТО. Кога ни се додели кандидатски статус, не не блокираа. Ама дали можеби тоа што го направивме со името на Аеродромот, античките скулптури пред влада, мапите со етничка Македонија во воена академија, влијаеше на однесувањето на Грција? Не можеме да энаеме. Но, може да се каже дека на нас никако не ни помогнаа. а.) аеродромот не прави поише пари. б.) ЦК иэгледа смешно. в.) офицерите еднакво добро ја поэнаваат географијата. Али дека им ги подобри преговарачките поэиции на Грците со давањето нови аргументи, им ги подобрија.

2. Не се раэбирам многу во економија и нема многу да спорам эа ова. Само энам дека од ММФ кажаа дека најдобар начин да се справиме со инфлацијата е помалку да троши државата. А сега со иэборите ке се троши дупло повеке од што би требало...

3. Младите треба да се остават да пушат трева. Не энам дали си пробал, али ок е. Баш е добро. Ако ништо друго, помалку проблеми предиэвикува од алкохолот. И не е лошо да си снимаат порничи самите. Остајте ги децата да си се эабављаат! Сексот не е илегален и не е неморален. Снимањето исто така. Зашто нивното комбинирање би било проблем???

За другово, драго ми е што сме на иста страна [намигнува]

сликата на miopa
Тоа со - од miopa на 17 април, 2008 - 02:15

Тоа со обезглавените статуи пред зградата на ЦК е заебана симболика. Језа ме фаќа на секое проаѓање.

--
Краткиот живот гори појасно

Кич невиден. - од Сељачиште на 17 април, 2008 - 08:11

Кич невиден. Како граѓанин на Скопје и Македонија, срам ми е од нив.

Да бе... - од scaptomant на 18 април, 2008 - 19:04

А, бе и јас сум про тревата, ама јас имам 25 години и тешко дека можам на оваа возраст да се заебем и да идам даље, ама кога прв пат пробував, на 15-16 години негде, знаев за неколку другари кои отидоа даље и ептен се сјебаа. Едниот заврши во некој приватен санаториум во Охрид, а другиот си го исуши мозокот до степен да не може два збора да сврзе. Знам да дувнам од време-на време, ама знам дека не сум во опасност сега. Сексот Е ИЛЕГАЛЕН, а СНИМАЊЕТО ИСТО ТАКА ако се снимаат МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА. А тие лица на кои им е тоа поважно од она што го добиваат како знаење во школото, се истите што немаат шанси да положат матура и кои секој месец го јајчарат министерството за образование. Имам задоволство да "се шпацирам" по феноменот наречен "ХајФајв" (Hi5)или "MySpace", или "FaceBook". Тоа е место каде најчисто се гледа степенот на интелектуален развој до каде се стигнати младите. Шетањето по нивните профили е слично на шетање по Улицата на Брестовите. Језа ме фаќа на кичерајот ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД кој преовладува на профилите. Се што сме гледале по евтини Американски комедии од деведесеттите сега ни е реалност. Сите се популарни, полу-голи, секси, сите имаат френдови на кои им кажуваат дека се "Топ", сите си делат "киссчиња", сите се договараат за вечер за во кафана, ХАОС.
А не се запенувам само за еден елемент од вкупната слика. Сите наброени елементи се толку врзани да не може никако еден да се издвои. Јас сето тоа на куп си го викам Турбо Фолк и во право сум.

сликата на lujka
И јас - од lujka на 18 април, 2008 - 19:39

scaptomant напиша:

и во право сум.

И јас сум во право. [се смее] Си кажав, да се знае. [се смее]

U školi sam im´o ja petice sve, samo iz vladanja bogami ne...

сликата на miopa
Да бе... - од miopa на 19 април, 2008 - 01:17

scaptomant напиша:

и јас сум про тревата, ама јас имам 25 години и тешко дека можам на оваа возраст да се заебем и да идам даље

Можноста за „идење даље“ е директна последица од нелегалноста на тревата, бидејќи мораш да ја купуваш од дилери-криминалци со јака мотивација да те навлечат и на други работи.

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на Шлајка-спие
Turbo folk participants - од Шлајка-спие на 19 април, 2008 - 12:39

scaptomant напиша:

Језа ме фаќа на кичерајот ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД кој преовладува на профилите...не може никако еден да се издвои....

Кој е твојот профил? [се смее]

сликата на гоце
Прв пат се - од гоце на 19 април, 2008 - 13:11

Прв пат се пробуе алкохол, кој е сериозно потешка дрога од тревата. Тоа и цигарите се привте чекори кон заебувањето.

Деца ко деца сакаат да се ебат. Тоа што снимањето е сега лесно не значи дека баш овие генерации се распуштените. За тоа што не им се нуди квалитетно образование најмалку се самите криви.

Турбо фолк како врв на кичот за мене се и тоа новите цркви, крстови, обезлавени статуи, лавови, веронауки. Каков пример е тоа за децата, заедно со лоповите на власт, непотизмот на секој чекор, немањето на политчари во затвор, национализам на секој чекор. И после не ни чинела младината. Нормално, види какви примери има насекаде.

Трикот со - од scaptomant на 19 април, 2008 - 20:42

Трикот со цигарите и алокохолот е што тие не се сметаат за дроги затоа што државата може да зема данок од нив. Иначе апсолутно никотинот и алкохолот се десет пати понавлекувачки од ТХЦ-то (тетрахидроканабинол, носечката супстанца на мерихуаната). Секаде во свет, според закон, забрането е рекламирање на цигарите, а во исто време насекаде се гледаат огромни билборди со реклами за нив. Целиот циркус на Формула 1 е спонзориран од фабрики за цигари. Од травата не може државата данок да ти земе. Ке си ја садиш на тераса, сам ке си ја пушиш и што ќар ке има државата од тоа? Ништо! Затоа ти ги пласира цигарите и алкохолот. Имало вечери кога ептен сум дувал. Најголемата штета што ја имам претрпено од "предувување", било тоа што го празнев цел фрижидер кога ке се вратев дома, пошто општо познато е дека тревата отвара апетит. Пред некое време ептен се напив, вечерта повраќав, утреденте бев за никаде, желудникот ме мачеше цела недела, 35 пати се покајав што сум пиел. Плус тоа ако си со кола, а пијан, можеш гадна беља да напраиш. Ако си надуван и со кола нема шанса да удриш нешто, пошто што и да ти стои на патот, ке се тргне кога ке види дека нешто му се доближува со брзина од 3 километри на саат.

сликата на гоце
1. Како требаше - од гоце на 17 април, 2008 - 10:45

1. Не им требаа аеродроми, статуи, 7000 години писменост, знамиња на обединета македонија и еден куп провокации кои нас ни донесоа зијан, а на нив евтини националистички поени.
2. Со самото тоа што има двоцифрена инфлација, некорегиран курс на денар итн јас на пример сум у зијан пошто за плата се имам договарано у евра, а ја добијам у денари. Сметките ми се поголеми за 50 € од ко дојдоа овие на власт.
3. Младите треба да прават што сакаат. А да се донесе закон у 21 век кој што за еден џоинт може да те стави 30 дена у затвор и да ти го сјебе животот, тоа е газење на човечки права. На каков идиот може да му текне дека уживателите се исто со дилерите? У време кога низ цела европа у велико се декриминализира марихуана овде сакаат да носат закони со кои на полицијата ќе и дава на право да ти бара да кодошиш у замена да не те осудат за еден џоинт. Али затоа Тромадол, Лексилиум, Дијазепам можеш да си купиш у аптека исто како витамини да земаш.

За образованието на маладите најмалку се криви они самите, заедно со желбата да се начукаат. Државата има систем на образование кој е нефункционален. Кадри од средно кои во време на google earth немаат појма како да се снајдат на карта, исфрустирани професори, компјутери и интернет со професори по ОТП пребацени за информатика кои би добиле 1 ако се ученици. Факултетски кадри кои имаат набубано теорија а од праска ни П немаат. Али важно тендери фрчат.

Него нешто слабо македонски порничи на торент тракерот гледам...

А тој градоначалникот од Аеродром супер шема имал. План за црква, до нејзе зграда. 35 згради по 100 000 €...

Дури пред некој - од Сељачиште на 17 април, 2008 - 12:11

Дури пред некој ден разбрав за најновиот бисер: имено, ќе се трошат 150 бона за изградба на стариот театар. Браво, генијално, исклучително интелигентен и обмислен потег, нема што! Конечно се сетија! Долги години нашите постоечки театри се хронично пребукирани, гледачите мораат со месеци да чекаат за слободно место на некоја од многуте театарски претстави. Тапкарошите се напунија пари, турканиците пред билетарите се неподносливи. Огромниот интерес од една и недоволноста на постоечките капацитети од друга страна просто го наметнаа овој логичен чекор: да се спичкаат 150 МИЉОНА на ново театарско здание.

Абе кретенчиња патриотско-десноориентирани! Нео-конзервативни-традиционални мајмуни едни. Знаете ли колку улици се крпат со тие пари бе?!!

Чиви џебови ќе се напунат со колку пари од „провизии“? Чии братучеди и баџанаци ќе се офајдат со учество во изведбата на овој тотално непотребен објект?

Слушав една глупа гуска на телевизија како ја правда изградбата. Демек ќе се привлечеле туристи! Синкер туристите само тоа бараат - глупи новоградби во смрден град до кој што доаѓаш по скапани патишта притоа немајќи каде да се измочаш ако ти се примоча!

сликата на гоце
Грујо ко бил - од гоце на 17 април, 2008 - 13:35

Грујо ко бил млад имал слика од старо Скопје у соба. Ја гледал и многу му се свиѓала. Скопје од пред земјотресот бил неговиот град, неговите соништа се случувале пред офицерскиот дом и старииот театар. Одел у црквата на плоштадот и се поклонувал на семоќниот Бог. Немало многу автомобили, патиштата биле од калдрма. Го замислувал мостот со лавови, зградата на владата била опкружена со статуи од времето на великаните на античка Македонија. Многу бил погоден од тажната судбина на неговото Скопје која го затекнала во далечната 1963. Комуњарите безобразни наместо да го вратат сјајот на старото Скопје ангажирале некој си архитект од Јапонија. Што знаат тоа жутите за архитектура се запрашал. Ден денешен се прашува. Изградиле грд мост без лавови и му го дале името на нашиот најголем револуционер. Не може така. Изградиле комуњарска зграда ЦК. Коцки некакви грди без обезглавени споменици. Кога поминувал покрај студентскиот дом „Гоце Делчев“ и зградата на Телеком му се повраќало. Да бог да се срушат, си велел. Господ не го слушал. Никола бил тажен. Фрустрациите секојденвно се зголемувале, модерни градби насекаде никнувале. Како вака светот отиде во курац си мислел. Јад и чемер му го обвиле срцето. Кога ќе помислел на сликата од собата малку се развеселувал.

Си дал Грујо завет, ќе станам јас еден ден главен и сите ќе видите. Скопје ќе биде старото. Нема да има кафичи, диска и дрога. Младите на корзо ќе одат. Гулабарниците ќе бидат субвенционирани од државата. Сите патриоти ќе бидат во власт. Ќе му покажеме на светот дека сме библиски нарорд. Ќе ја вратие славата на античка Македонија. Ќе го славиме христијанството со црква и крст на секој километар квадратен. Ќе ги злоупотребиме ВМРО и ТМРО, Карев и Сандански за да ги оствариме целите на нашите предци.

Затоа браќа Македонци помогнете му на Грујо да го врати стариот сјај на нашата метропола.

Многу ти се - од Сељачиште на 17 април, 2008 - 16:37

Многу ти се содржајни коментариве. You really know how to make a point. Кога човек ќе прочита вакво нешто - се му се разјаснува. И шо си сакал да кажеш, и зашто и како... све!

сликата на Tapa user
А што да ти - од Tapa user на 17 април, 2008 - 16:52

А што да ти кажам бе?!

Еј да, браво човече во право си. Како сите не мислат како тебе, државава ќе ни цути! Абе на сред испоганет плоштад, и црква ќе згазам и розов цвет, џоинт да си запалам да ме види цел свет! И сите алфи после ќе ги гушкам низ градов во знак на љубов.

Неможе бре ако некој не се согласува со твоите убедувања, ти да си во право а тој да не е - го разбираш ли ти ова?? Или аутоматски кога некој има спротивни убедувања, за тебе е шупак, глуп? Терај си работа како на тебе ти годи и ајт!

Шо се натегаш непотребно со работи кои абе, ни малце не те засегаат, тоа да си го подразмислиш.

Ако бевте вие за во политика, сега по телевизии ќе ве гледавме. Туку мрчењето одсекогаш била најлесната работа во светот. Некои се борат за гол живот, некои само се шират во газовите и им пречи секаков чекор на урбана или рурална еволуција, па константно наоѓаат препирки...мизерии.
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на Zelka
малите работи - од Zelka на 17 април, 2008 - 18:36

малите работи ја прават големата слика.
тоа се стрикно аспекти на гоце кои не му се допаѓаат.
за разлика од СДСМ овие имаат добра маркетинг машинерија која ја направи да изгледа Македонија малку по-розева.

Сакам бе да си го исплатам мозокот за 3 месеци, сакам да си живеам со девојка ми песот заедно и да не мислам дали месецов можам да го издржам.
не ни помислувам на брак и фамилија кога јас сам со солидна плата да се издржам самиот себе камо ли дете да ранам.

а до тогаш - сакам да си пафнам џ без капка пот за уште порозова да ми изгледа МКД, а за тие што водам борба за гол живот - пријателе секој со својата среќа.
не се тие што успеале глупи нели? или сите имале врски?
и никој не ти забранува да завземеш страна, но не толку слепо да ја следиш.

сликата на Tapa user
Страна сум - од Tapa user на 18 април, 2008 - 08:44

Страна сум зазел, се декларирам како десно ориентиран, и не се срамам да го кажам тоа, ама ништо не следам слепо! Нема потреба од инсинуации.

Маркетингшка машинерија? Ха. Па американските граѓани сеуште се убедени дека живеат во најдемократското општество во светот, нели? Иако дома, се наексплоатираните, со наметнати традиционални политички идеи, кои ако се покосат од нив, сеуште ги фаќа страв од времето кога ги требеа како „поддржувачи на комунизмот“ па да подлегнат на јавен срам. Онаа неарнана Бритни Спирс беше на раб да ја изгуби својата кариера затоа што кажа дека се срами од претседателот Џорџ Буш(во времето на инвазија на Ирак), и тоа го кажа во Лондон, а не САД, па дома беше и скоро бојкотирана - дури и од пацифистите!

Туку, никој не те тера да не си пафкаш џ. А ако си дошол до тој степен, да можеш да си приуштуваш „џ“, значи дека си прилично добро ситуиран, инаку од каде парите?! Скрати си го тоа задоволство, и ќе имаш за издржување на плус уште еден член во семејството...Во случај да ги сакаш и двете работи, гагај се за едната [се смее]

Туку, зборот ми беше, на кој му сметаат цркви? Црква е објект. Убав за гледање, а и дава некоја состојба на духовна смиреност. Црква таму имало, и требало да се изгради пак уште во 1963та, ама пусти комунисти, не дале. Исти комунисти, и денеска се против тоа, незнаејќи дека црквата покрај тоа што е верски објект, како институција има улога на обединување на луѓето, што дополнително може да води кон едноумие, она на кое се „крстеа“ истите тие атеисти, комунисти, пролетерци и титови љубичици. Дополнително за наметнување на јавно мислење, пропаганда.

А, што ќе биде ако денеска владава реши, конечно да го примени урбанистичкиот план на Кензо Танге за Скопје??

Од толку луѓе, се најдоа и некои на кои им смета реставрацијата и реконструкцијата на Скопје, онакво какво што навистина треба да изгледа, а не како сега. Со која причина? Толку ли нема за што да се јаде гомна за оваа влада?

Пафтате со „двоцифрена“ инфлација а заборавате да спомнете дека таа е минимумот на двоцифреноста т.е. 10% и дека инфлацијата се однесува на Фебруари, значи еден месец! Кој ја направи инфлацијата? Ќут. Грчиња, ги купија банките, па да се најдат на помош на своите потрошувачи, удрија на намалување на каматите и зголемување на кредитната граница. Шо се вика, наједноставниот начин до покачување на инфлација, за краток временски период. Што се разбира човек од каде доаѓа таа инфлација...

Јас се кладам, дека инфлацијата да рипне и 30% на годишно ниво, па Грујо да излезе на прес и со насмевка и задоволство да изјави „Драги граѓани, ја покачивме инфлацијата на 30%“

Јас гарантирам дека
70% од народот ќе биде пресреќен.
24% ќе рече „абе тоа е лошо, ама ќути чим не е над 50, на коњ сме“
6% ќе знае што значи тоа - затоа што толкав е процентот на високо образовани личности!

А после ви смета и кампањата за образование...

Why do I even bother...

_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на dimitar27
Сељак, стварно - од dimitar27 на 19 април, 2008 - 20:19

Сељак, стварно пред некој ден слушна за театарот?!?
Па пола град ископаа тамо, плус со заедно со еврејскион „музеј“ се у градба, па се прави фрка кога се иде кај стара аутобуска.
За стариот театар и јас сум против, ние не можеме постоечките да ги сочуваме, капе вода од секаде, да не беше некоја полу-олигархиска фирмица пред некоја година да дониураше за кров на балетот, малдите ем лични балетанки (колешки им јеем)уште ќе вежбаа на мокро, прокишњаваше кровот ама саглам.

Гоце, за тебе прашање:
Се согласувам дека оние смешкине пред влада се за срамота, и дека треба да се тргнат.Исто така не гледав прека потреба (па и никаква) да се преименува ПЕТРОВЕЦ во Алеско, ама дали ти навистина мислиш дека ако не се направеа тие катасрофални грешки (глеаш, пак напоменувам дека се ГРЕШКИ) другачии ќе беше ставот на јужниот ни сосед за нашиот идентитет (не се залетујте дека е проблем името), и влезот на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НАТО Алијансата?!?

грешки... - од monthy на 19 април, 2008 - 21:26

Како што веке напишав, никогаш немаше да энаеме што ке се случеше ако не ги направевме тие потеэи. Ама едно е сигурно - не помогнаа во никој случај! Грците и онака немаат многу аргументи во спорот, и ова им даде прилика (беэ право, нормално) да кажат дека им ја крадеме историјата античка...

сликата на Tapa user
грешки... - од Tapa user на 20 април, 2008 - 12:55

monthy напиша:

Грците и онака немаат многу аргументи во спорот, и ова им даде прилика (беэ право, нормално) да кажат дека им ја крадеме историјата античка...

Ако немаат аргументи, како тогаш би тврделе дека античката историја е нивна?!

Потези како кои на пример? Фигурите пред влада датираат од РИМСКИОТ ПЕРИОД а не од Македонистичкиот...

Се буни некој што америве прочитале во библијата "Macedonia" па решиле да го искористат зборот за нов правец во искривеното христијанство? Јас контактирав со нив, тие ПОИМ немат дека постои денеска земја МАКЕДОНИЈА, баш онаа која е спомната во библијата...мислеа дека е некоја „митолошка“ библиска земја некаде во ИЗРАЕЛ!

Аеродромот е преименуван во Александар Велики, а не во Александар Македонски, што не е знак на „иредентизам“ како што ахајците милуваат да кажат...

Што им даде на нив за право солунскиот аеродром да го преименуваат во „Македонија“???

Се запрашал некој, каква е таа "greek macedonia" ???

Tragedy Stalks Through the Near East as Greece and Turkey Exchange Two Million of their People, in The National Geographic Magazine. Volume XLVIII, No. 7-12, July- December, 1925.


И сега овие ТУРЦИ се маваат во гради дека имаат 'greek-macedonian' потекло?

Од книгата: "Minorities in Greece" by Richard Clogg, 2002, page 129.

Не за џабе има една северна: нема вечег турка, од потурка...

Ама некој упорно сака либерализација на дрогирање и живеење на живот со корен на плочка без да размисли да дојде до заклучок дека БЕЗ РАСЧИСТЕНИ СМЕТКИ ОД МИНАТОТО - НЕМА ДОБРА ИДНИНА!

http://www.youtube.com/watch?v=JBLSRBD6aLo

http://www.youtube.com/watch?v=o6_ZULK2nH4

http://www.youtube.com/watch?v=cvEcbqop3as

http://www.youtube.com/watch?v=7VOA5qKhlOo

_________________________________
Polygonum aviculare

Нема потреба на - од monthy на 20 април, 2008 - 14:32

Нема потреба на никого овде да делиш лекции эа историски настани и эбиднувања. Сите си ги энаеме, помалку или повеке. Но ако веке сакаш лекции, еве ти една:

Нацијата е вештачка творба, а не природна. Нацијата денес, не е исто што и нацијата пред 2000 години. Прочитај било кој автор, ке видиш дека меѓу еден од последните ликови што сметале дека нацијата е прашање на крвно сродство е Хитлер. Затоа, само што го носиме нивното име или можеби ниэ нашите вени тече нивната крв (нешто што ни ЦСИ Мајами не може да го докаже), ние немаме право да се нарекуваме наследници на Античките Македонци. Нацијата ја сочинуваат јаэикот, културата, эаедничкиот морал и вредности, историските митови, ритуали... и според ова ние сме поблиску до Американците денес отколку до Александар и Филип.

Не, ова не е предавство, и не, ова не эначи дека Грците имаат право на името и на наследството на Античка Македонија. Тоа што они го преименувале Солунскиот Аеродром во Македонија, tough luck! Им се може. Кога ке престанете на меѓународните односи да гледате како битка на аргументи, и ке ја сфатите улогата на мокта, тогаш ке эбориме какви потеэи сме требале да влечеме. Па која од последниве војни во светот (ако веке эбориме эа масовни меѓународни потеэи/акции) е аргументирана?? А која не е водена чисто од интереси и „ми се може" демагогија??

А тоа со библиската эемја Македонија е најсмешното нешто што може да се каже во претставувањето на эемјава. Хахаха, па што ако е спомната?? Мислам дека само кај Џорџ Буш и слични џисус фрикови тоа може да пали!

Нема потреба на - од Сељачиште на 20 април, 2008 - 14:42

monthy напиша:

Нацијата ја сочинуваат јаэикот, културата, эаедничкиот морал и вредности, историските митови, ритуали... и според ова ние сме поблиску до Американците денес отколку до Александар и Филип.

Апсолутно си во право! Само уште ова би додал - доколку се водиме по сите можни замисливи концепти за нација, тогаш сите народи кои живеат на Балканот ги соединуваат неспоредливо повеќе сличности отколку што ги делат разлики. Сличностите се природни, разликите се вештачки, измислени.

сликата на Tapa user
Нема потреба на - од Tapa user на 20 април, 2008 - 15:09

monthy напиша:

Нацијата ја сочинуваат јаэикот, културата, эаедничкиот морал и вредности, историските митови, ритуали... и според ова ние сме поблиску до Американците денес отколку до Александар и Филип.

Сељачиште напиша:

Колку наназад во минатото треба да се вратиме за да ги расчистиме сметките? Од која точка на оската t да почнеме?

Од 1762 па навака.

--------

Поентата не е некаков денешен национализам кој фршти од сите страни на балканот - овде се работи за геноцид.

Овде се работи за истребување на ЛУЃЕ пред се, а потоа нација и следователно сите епитети кои ги носат тие луѓе...
Оние кои останале, им е забрането својата култура да ја негуваат како своја.
Луѓе на кои им е забрането својот јазик да го негуваат како свој.

Не се работи за тоа дали нацијата е вештачки создадена или не! Се што е од човекот е вештачки создадено...и? Компјутерот е вештачки создаден, па дремете на него, го апгрејдувате, го негувате, го оджувате...

_________________________________
Polygonum aviculare

Нема потреба на - од Сељачиште на 20 април, 2008 - 16:32

Tapa user напиша:
Сељачиште напиша:

Колку наназад во минатото треба да се вратиме за да ги расчистиме сметките? Од која точка на оската t да почнеме?

Од 1762 па навака.

Ај сеа не глуми факман, туку објасни што ја прави оваа година референтна. Со други зборови, која е таа differentia specifica која ја прави таа точка поважна од која било точка пред и после неа? На кој начин настаните пред и после оваа година се помалку значајни за она што ни се случува денес?

Значи, не знам дали се разбираме: не барам да ми кажеш кој конкретен настан се случил оваа година (кој го нема на вики, btw) туку зошто тој настан - без оглед каков е - е твојот избор за реферирање, камен-темелникот на твојата 1762-центрична историја.