Не сакам политика.
Не сакам вести, излитени новинари и презентери кои не разбираат што читаат.
Не сакам редици по шалтери и дишачи во врат во истите тие редици.
Не сакам турбо фолк.
Не сакам агресивни возачи.
Не сакам авиони.
Не сакам невоспитани деца, односно не ги сакам нивните невоспитани родители.
Не сакам газди на кучиња кои не го дигаат изметот на својот миленик од сред улица.
Не сакам семејни собири на кои мора да се смешкам.
Не сакам валкани улици и полни контејнери.
Не сакам акциони филмови.
Не сакам книги со блуткава содржина и пискарала кои мислат дека “пишуваат“.
Не сакам гужви од секаков тип, иако некогаш се чувствувам безбедно во нив.
Не сакам ефтини финти и вицови.
Не сакам глупи муабети.
Не сакам типови со добра фасада за сметка на испукана и огрдена душа.
Не сакам жени кои шетаат со напрчени усни од кои ништо паметно не излегува.
Не сакам луѓе што не си дозволуваат да бидат среќни.
Не сакам луѓе што се пасивно агресивни и кои што се само пасивни или само агресивни.
Не сакам кога се чувствувам осамено меѓу луѓе.
Не сакам кога се обидувам да бидам среќна, наместо само да сум среќна.
Единствено што сакам...сакам само да можам повторно да љубам.
Последни коментари