7 јануари, 2009 - 18:56
[веб кирилица]

Јанко, другар му на Латас

од Незнаен јунак на 19 јун 2008 - 20:15

Преземено од Вечер [vecer.com.mk]
__________________

Новиот Латас е на повидок! Му посакуваме успешна кариера во Вечер и Скајнет, со искрени желби за емисја на МРТВ. Господ да му е на помош.

Јака им душа, у Орвеловото Министерство за Омраза имаа помалку работа во сецкањето исечоци од весници од архивите како никогаш и да не постоеле. Арно ама, човек сум, ме фрли секирација, Бранко анте портас - агејн, повторно? Ма не е страшно за нас, народот, нека му ја мислат повеќе од партијата му, туку, грст морбидни асоцијации ми полазаа низ грбот кога се сетив на повторното враќање на повеќе политичари во историјата. Никсон се врати и тресна вотергејтовски така силно да мораше да умре пред да го спомне некој во медиумите, Беназир Буто се обиде да се врати и заврши со успешен атентат врз неа, иако го преживеа првиот и имаше стотици жртви, не и дојде памет и продолжи до трагичниот исход, Љубчо Георгиевски денес, потполно исчезна како фактор од политичкиот живот после обидот со неговата партија да се врати назад, Тупурковски "прохујало са вихором", дури и еден Анте Марковиќ, кого сите го имаме во колективна свест како човекот кој ни ги наполни џебовите, не можеше да помисли дека би доживеал таков фијаско. Многу политичари во светот се обиделе истото - да се вратат и повторно да владеат како пред да го постигнат политичкиот зенит и завршиле со неуспех, но многу често и завршувале трагично.

Опции за гледање на коментари


сликата на Зелен
Шо се фати за - од Зелен на 19 јуни, 2008 - 20:50

Шо се фати за Јанкота ?
Прочитај го Фрлета да вииш што е пропаганда.

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на гоце
Што се фатил - од гоце на 20 јуни, 2008 - 12:49

Што се фатил Јанко со политика јас не разбирам. Па уште на БЦ пуца.

Кој дел од на Фрчко колумните е пропаганда? Дај пример те молам.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Како не - од Сељачиште на 20 јуни, 2008 - 13:20

Како не разбираш? Се што не е про-вмро е пропаганда by default. Не очекуваш ваљда сериозна критичка анализа во време кога наголемо и отворено се промовира едноумие како единствен прифатлив патриотско-неиздајнички и хетеросексуален концепт.

сликата на Lans
`наголемо и - од Lans на 20 јуни, 2008 - 15:44

`наголемо и отворено се промовира едноумие како единствен прифатлив патриотско-неиздајнички и хетеросексуален концепт.`
некои тоа го викаат маркетинг,некои го викаат односи со јавноста,има бајаги дефиниции некои поточни некои помалку точни.твоево ќе биде дополнување на фондот на дефиниции.

ако веќе сакаш да збориме за едноумие...можеш да кажеш збор два за фијаското на едноумието пред нато како тоа ние ќе пропаднеме ако не го смениме името,како нема иднина за нас.тогаш кога секспертите ширеа едноумие,немавте ништо против (најверојатно бидејќи се согласувавте со истото).
и претходно кажав и сега ке кажам.како е нелегитимен трудот и напорот тие приближно 20% неопределени да се приклонат кон едната опција?само затоа што другата опција ја мрзи да се ангажира да ја објасни својата страна?
поголемо едноумие од идејата дека сите што се од другата страна се клошари/необразовани/патриоти/дополни нема.ако веќе толку мислите дека вашата идеја е повистинита/поефикасна/најдобра/дополни бујрум обидете се да ги привлечете неопределените.фрлање камења и дрвја по `едноумието` нема да го заташка вашиот недостаток на идеи и решенија.
и мислам дека друга изјава е поблиску до реалноста.
`се што не е про-вмро е прогресивно by default`
крајот е близу.

`наголемо и - од Сељачиште на 20 јуни, 2008 - 16:16

Lans напиша:

вашата идеја

„Вашата“? Кои тоа „ние“?

Lans напиша:

и мислам дека друга изјава е поблиску до реалноста.
`се што не е про-вмро е прогресивно by default`

Јас ова никако не го мислам. За другите не знам.

сликата на Зелен
Цитат: Јас ова - од Зелен на 20 јуни, 2008 - 16:30

Цитат:

Јас ова никако не го мислам. За другите не знам.

Ти можда се убедуваш дека не го мислиш тоа пошто се гледаш себеси као опенмајндед хипи либерал душ (hippie liberal douche). коментарите по сајтов ствараат различна слика за твојот лик.

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на Новица
`наголемо и - од Новица на 20 јуни, 2008 - 19:23

Lans напиша:

крајот е близу.

крајот на што?

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на Lans
генерално,на - од Lans на 20 јуни, 2008 - 20:53

генерално,на све.незнам кој започнува било што за да не би го завршил.а конкретно е мото на маратонците заедно со `болката е минлива,гордоста е вечна`.
самата помисла на вечност е смешна,а животот е однапред изгубена борба со смртта.од некои аспекти самиот живот-човечкиот,е неприроден бидејќи ако едноставно легнеш по некое време и не правиш ништо природата ќе те земе кај неа т.е. ке си починеш.ние секојдневно вложуваме труд и енергија да ја зачуваме таа хармонија во спротивност на природната ентропија и затоа на крајот ја губиме битката со природата.умираме.
сега си одам,почна 2ро полувреме на хрватска-турција
крајот е близу.

убо ти пиша од Зелен
сликата на Зелен
ок. ако така - од Зелен на 20 јуни, 2008 - 16:26

ок. ако така сакаш.. онда ни латас не е пропаганда. уште помалку јанко да е пропаганда.. има право човекот да се изјасни оти мисли дека БЦ смрди (и не е сам у тоа).
иначе екслузивното занимавање со и ругање на само вмровцине од страна на фрлета без било каква критика за друга политичка опција, е дефинитивно пропаганда.

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на гоце
Јас иниситирам - од гоце на 20 јуни, 2008 - 20:11

Јас иниситирам да ми дадеш пример, само еден. А да го ставаш Фрчко у ист кош со Латас, тогаш ти ништо не си разбрал или пак не сакаш да разбереш. http://en.wikipedia.org/wiki/Propaganda

А Фрчко, он е бог на цинизмот, ителект кој е стално негиран од сељачаната кои не можат да се издигнат на неговото интелектуално ниво и пробуваат да го нападнат со ниски удари на неговата личност [се смее] http://bagra.org/node/1343

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Јас иниситирам - од Tapa user на 21 јуни, 2008 - 12:42

гоце напиша:

А Фрчко, он е бог на цинизмот, ителект кој е стално негиран од сељачаната кои не можат да се издигнат на неговото интелектуално ниво и пробуваат да го нападнат со ниски удари на неговата личност

Љ.Г. за Љ.Ф. :

Цитат:

Во мојата политичка кариера секогаш се трудев да не се занимавам со маргинални политички појави. За жал, во последно време во континуитет забележувам едно такво типче што како млад мајмун скока околу мене, па еве, си допуштив да опфатам некои пикантни моменти. Со феноменот г. Љубомир Д. Фрчкоски, покрај секојдневното дружење во време на охридскиот договор, кога изигруваше нешто како "олеснувач на олеснувачите", се имам сретнато уште трипати. Првиот пат, негде во првата година на мојот премиерски мандат, кога ми се јави Ламбе Арнаудов, замолувајќи ме да го примам Фрчкоски зашто брат му настојчиво веќе петпати доаѓал кај него. И пак дошол растреперен затоа што добиле сигурна информација дека министерот Димовска следниот ден ќе го апси брат му Љубомир. Истиот ден ненадејно ми се јави и советничката на претседателот Глигоров, Елеонора аранфиловска, која исто така ме замоли да го примам горенаведениот господин, патем објаснувајќи ми дека ќе биде голема штета за државата еден бивш министер да оди во затвор. И така, тоа попладне г. Фрчкоски дојде во мојот кабинет. Го слушав околу половина час и философски го набљудував човекот, анализирајќи ја неговата истакната желба за соработка. Од неговото однесување дознав до каде може да падне човечкото достоинство. Имајќи претходно изградени критериуми, во животот да не трошам време на полжави, истото попладне и го препратив на министерката Димовска. Не знаев за што требаше да биде затворен Фрчкоски. Дали за шверцот со нафта, дали за бизнисот со фришоповите, дали за цигарите, дали за проневерените пари од МВР или пак за аферата со пашапортите. Но знам дека другиот ден Фрчкоски не беше уапсен, а очигледно таа ноќ се роди едно ново пријателство. Вториот пат за феноменот Фрчкоски чув кога по охридскиот договор ми се јави потпретседателката Димовска со објаснување дека за советите во Охрид претседателот Трајковски му ветил на Фрчкоски некоја сума пари и тој сега нема начин како да му ги исплати. Поради тоа тој неподносливо ја тормозел. Тогаш тој замоли тие пари да му ги платиме од партиската каса. Подоцна, не се изненадив што Фрчкоски си зел од валканите пари на ВМРО-ДПМНЕ, туку ме зачуди фактот што станувало збор само за 12000 ГМ. Се запрашав, можно ли е човек со интелектуален кредибилитет доброволно да влезе во таква валкана работа само за толкава сума пари. И третиот пат го сретнав пред изборите, кога ми се јави претседателот на државата во функција на својата политичка институција, за министерот Бошковски да не бара притвор со кривичната пријава што тие денови се подготвуваше за господинот Фрчкоски за неговото учество во атентатот на Глигоров. Во последната негова колумна забележувам дека нешто многу ни е нервозен околу признанијата на Земунскиот клан за "соработката" во Македонија. Сите чекаме да видиме со што се занимавале во нашата земја. Се надевам дека ќе се дознаат нови моменти за атентатот, а дотогаш да не заборавиме дека господинот Фрчкоски останува првоосомничен како можен инспиратор и нарачател!

Клошари гоцкааа...клошарчиња...
_________________________________
Polygonum aviculare

јанко, не јади - од Pijandura на 20 јуни, 2008 - 10:41

јанко, не јади бурек!!!!

сликата на ZisDead
Можете - од ZisDead на 20 јуни, 2008 - 15:06

Зборел против папата, и против фрле,... па уште правел и емисии со патриотски теми. Колку е само некул, и анти-социјал-геј-демократски.

Можете да му се фатите на Јанко.

Communism is monopoly capitalism

Глеј, еве, дпмне - од Сељачиште на 20 јуни, 2008 - 16:39

Глеј, еве, дпмне имаат одврзани раце. Ајде да видиме што ќе направат. Искрено се надевам дека јас врска неам и дека конзервативната десна религиозна опција е таа правата за Македонија во моментов - сакам на моето дете ем да му биде убаво, ем да не морам да се иселувам со него во странство за да му биде убаво.

Ама ако не ја биде работава? Кој ќе биде крив? Властата со апсолутно мнозинство или одново албанците, грците, французите, србите, бугарите, Киро, Бранко и Том Круз? Еве, одговори ми: дали апсолутното мнозинство подразбира и апсолутна одговорност?

сликата на GoodBytes
Апсолутна одговорност - од GoodBytes на 20 јуни, 2008 - 18:41

Сељачиште напиша:

Еве, одговори ми: дали апсолутното мнозинство подразбира и апсолутна одговорност?

Јас ќе се замешам и ќе ти одговорам: НЕ!

Дури ни комунистичката партија, која имаше 100% од парламентот на Македонија (или Југославија, сеедно) не е „апсолутно одговорна“ за шитовите кои се случуваа, почнувајќи од укинувањето на слободниот говор, преку големиот брат, па се' до економскиот колапс на државата за сметка на едно криминално малцинство. Не е само партијата одговорна, одговорни се сите кои се околу неа, сите кои работеле во државни и општински служби, сите кои пред очи го гледале (гледаат) криминалот, а ништо не прават да го спречат, туку напротив, и самите влегуваат во него.

Криминалците имаат име и презиме, матичен број, еднозначен идентитет... наместо генералните одговорности, насочени кон некаква аморфна маса, одговорноста треба да се бара во секој криминалец поединечно. А првиот чекор треба да го направи секој сам за себе, трудејќи се да го живее животот според тие критериуми кои ги бара од другите, ако не и повеќе.

Треба да се помириме дека можеби ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе останат на политичката сцена во Македонија уште долго време. Па затоа, наместо генерализирано да демонизираме една од нив, најдобро да се насочиме да ги затвораме нивните криминални членови.
--

сликата на гоце
Апсолутна одговорност - од гоце на 20 јуни, 2008 - 22:50

GoodBytes напиша:

Треба да се помириме дека можеби ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе останат на политичката сцена во Македонија уште долго време. Па затоа, наместо генерализирано да демонизираме една од нив, најдобро да се насочиме да ги затвораме нивните криминални членови.

Како да се насочиме? Да идеме граѓански да го уапсиме Рафет Елмази. Или можда Љубчо?

Револуција му е мајката, не мора да се помируваме.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на PLAYLIFE
Накратко, Фрчко - од PLAYLIFE на 20 јуни, 2008 - 23:10

Накратко, Фрчко денес е еден од ретките, ако не и единствените критичарина владата. Тоа значи што? Дека пасивно влегуваме во комунизам или фашизам? Нормално наједноставниот начин да се справите е со дискредитација, т.е тепач на жени. Вие кажете ми дека од толку интелектуалци ниту еден не е критичар на ВМРО? Не е можно, а ако е, тогаш утре треба да слушнеме дека Грујо ја открил Атлантида. Во време на СДСМ, колкумните беа полни со критики за СДСМ, не како денес кога никој не ги критикува. А политикава и ситуацијава во МК, сјае, па сите од убавини не седнале да напишат 5 реда да поплукаат. Како на пример местенки, малоумни предвремени кога можеше да се направи нешто за влез во НАТО, и сл... Како и да е, Фрчко е критичар, и тоа не е пропаганда како пунење весници и лепење билборди со што се владата направила додека е на власт.... те молам...

сликата на гоце
Јанко беше кул - од гоце на 20 јуни, 2008 - 19:54

Јанко беше кул кога правеше емисии на 103 и кога политика не го интересираше. Јанко колумнистот на Вечер со нарачани теми од Латас и компанија - некул.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на toomuchisnotenough
Јанко беше кул - од toomuchisnotenough на 6 јули, 2008 - 19:53

гоце напиша:

Јанко беше кул кога правеше емисии на 103.

исто толку кул колку и цеца пред да се омужи за аркан.

мимо политика и - од Pijandura на 24 јуни, 2008 - 12:12

мимо политика и партии (сите да ги стаам...), треба да си морон да не сватиш дека дебелиот со баретката е на нечиј payroll... најверојатно одма после срамотата на новинарството, т.е. латас..

сликата на dimitar27
Можете - од dimitar27 на 24 јуни, 2008 - 14:57

ZisDead напиша:

Зборел против папата, и против фрле,... па уште правел и емисии со патриотски теми. Колку е само некул, и анти-социјал-геј-демократски.

Можете да му се фатите на Јанко.

Communism is monopoly capitalism

Ќути бе и ти, бетер си од Јанкота, сељак по дифолт, штом не ти е срам да се кажуеш Македонец, од одма те знам дека си копук неинтелигентен [се смее]

Не сум сигурен - од PetarK на 20 јуни, 2008 - 17:30

Не сум сигурен дека споредбата е фер - Јанко од секогаш го критикувал Бранко Црвенковски на ист начин како и во текстот. Не знам колку има смисла да бараш од некого да го смени мислењето само поради тоа неговото стално мислење станало профитабилно [се смее]

Пред многу - од kingpin на 21 јуни, 2008 - 07:26

Пред многу години на 103, Јанко викаше:
“Јас коштам милион евра(можда и марки беше). Нека проба некој да ме купи.“
... И едно време престана да вика [се смее]

Јас само го - од fLeX на 21 јуни, 2008 - 09:22

Јас само го сањам времето кога ќе се појават добри колумнисти кои НЕМА да пишуваат за политика. И само за неа. Зар неам ние други социјални појави за кои може да се дискутира, сем за врмо-сдсм...пичке матерне? Знаеш колку и да е Јанко пис на јазик, кога млатиш празна слама со години, и се едно те исто, више не е кул. Реинвешн дечко, или затворим канцеларија ебате! Ружица не пишуе више, Трендо не пишува више, не за друго, него колку пати можеш повторно и повторно да разработуваш иста проблематика, а самата да не ти скрчи више.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на Зелен
а јас се чудам - од Зелен на 21 јуни, 2008 - 11:20

а јас се чудам зашто не можам да спијам навечер... тоа да ти било дека ружица не пишуе веќе [се смее] [луд] [се смее]

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на Chombe
Пред многу - од Chombe на 22 јуни, 2008 - 01:09

kingpin напиша:

Пред многу години на 103, Јанко викаше:
“Јас коштам милион евра(можда и марки беше). Нека проба некој да ме купи.“
... И едно време престана да вика [се смее]

Еве една анегдота од Бернард Шо у слободен превод.

Иде Бернард Шо на некоја вечера и глеа некое добро парче до него и вика:

- Госпожа, да ти даам иљадарче (фунти), ја и ти, ова-она, да се треснеме. Оваа не го рецка.
- А да ти даам десет иљадарки?
- Ма јок.
- А да ти даам пеес иљадарки?
- Можда.
- А да ти дадам 5 фунти?
- Де бе! За што ме мислиш ти?
- Ја веќе дознав што си ти, него дај да се испазариме сеа.