1 декември, 2008 - 20:03
[веб кирилица]

Мал речник на поими

од Сељачиште на 21 јул 2008 - 12:12

A, АТП - аденозин трифосфат: единственото „гориво“ во живиот свет, единствената вистинска храна на сите живи клетки. Сите други „храни“ се претвораат во АТП (со трошење на АТП во процесот) пред клетките да ги „изедат“.
Б, Бактерии - живи суштества кои de facto господарат со планетата Земја. Го окупираат врвот на секој ланец на исхрана. Луѓето и сите други видови се нивни потчинети робови.
В, Влада - роднинско-пријателска група на вешти криминалци со извршна моќ, доволно самозаљубени да ги избере народот на гласање.
Г, Град - место кон кое што тежнеат луѓето од селата.
Д, Држава - една од повеќето меѓуфази на политичката еволуција во преодот од робовладетелско во неробовладетелско општество.
Ѓ, Ѓон - дел од чевлите кој е во директен контакт со подлогата
Е, Енергија - способност за вршење работа
Ж, Железница - најефикасен метод на транспорт на куси, средни и долги земјени релации. Еден од важните индикатори за развиеноста на општеството.
З, Златко Цеков - еден од основоположниците на електронската музика во Македонија, човекот од „сенка“ под чие влијание се оформиле повеќе млади музички таленти.
Ѕ, Ѕид - препрека меѓу две простории низ која по дефиниција не би требало да поминуваш.
И, Индија - земја со голем процент неуко население во која неукото население од другите земји бара душевен мир.
Ј, Јогурт - пијалок произведен од млеко со многу својства корисни за човекот.
К, Кал - интегрален дел од скопската инфраструктура за време на и по врнежи.
Л, Лага - неточен исказ кој е намерно неточен.
Љ, Љубов - компулзивна, безусловна атракција насочена кон некој/нешто.
М, Македонија - географски регион во јужен Балкан кон кој територијално аспирираат повеќе држави, меѓу кои и онаа со исто име.
Н, Неоконзервативец - политички илуминиран типично млад тиквар кој, бивајќи неспособен да мисли со својата глава, некритички прифаќа се што ќе му кажат постари тиквари слични на него самиот: своевиден circulus virtiosus, хипнотичен танц на глупоста низ генерациите.
Њ, Њуфтрс - лфдкепоаф јењљшт диуеп аерфјдкасѓ
О, Опстанок - успешна генерација на потомство.
П, Политика - менаџмент на глупоста: вештина на манипулирање со населението по пат на свесно, намерно искористување на неговото незнаење и/или глупост, а за лични, семејни или пријателски цели и потреби.
Р, Работа - негација на ентропијата: фаза на премин од неред во ред при која се троши некој вид гориво.
С, Сонце - единствениот извор на енергија кој може подоцна да се троши. Нема друг, само сонцето е.
Т, Трескавец - манастир во близината на Прилеп со спектакуларна глетка на цела Пелагонија.
Ќ, Ќотек - древен метод на морална превенција и санкционирање. Метод кој е во бавно изумирање, но сеуште е раширен.
У, Уста - она што ти е често пати премногу отворено.
Ф, Формална логика - врвна, нулта научна дисциплина врз која што се базираат сите други научни дисциплини. Нешто како Layer 1 во мрежите. Ништо никогаш не смее да и противречи на формалната логика: во спротивно се отфрла без дискусија.
Х, Хлорофил - необично значајно хемиско соединение кое се наоѓа во зелените делови од растенијата. Камен-темелник на светот каков што го познаваме.
Ц, Центар - најпреценетата населба за живеење во градот на чии што жители им се скатува векот поради константната инфразвучна загаденост.
Ч, Човек - еден од повеќето видови живи стуштества на Земјата со типично многу развиен ЦНС што му носи високо место во ланецонт на исхрана.
Џ, Џоинт - она што го немаш.
Ш, Шампон - карактеристична состојка во водите на Охридското езеро со концентрација обратнопропорционална на оддалеченоста од плажите.

Опции за гледање на коментари


сликата на aceva
Уау! - од aceva на 21 јули, 2008 - 12:53

Цекле основоположник на електронската музика?!? Па макар и од „сенка“? Све што положил Цекле е возачки за А категорија, а можда ни тоа. Не дека не ми е драг и мил.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Уау! - од Сељачиште на 21 јули, 2008 - 13:15

aceva напиша:

Цекле основоположник на електронската музика?!?

Во Македонија, да, еден од неколкуте.

Мене не ми е толку мил и драг: се десило да ме изнервира ептен. [се смее]

Еј, деценија го - од PetarK на 24 јули, 2008 - 00:31

Еј, деценија го немам видено човекот. [се смее]

Екстратоподлич - од Robomarket на 22 јули, 2008 - 03:28

Екстратоподлично

сликата на toomuchisnotenough
Мал речник на поими - од toomuchisnotenough на 22 јули, 2008 - 04:11

Сељачиште напиша:

Ф, Формална логика - врвна, нулта научна дисциплина врз која што се базираат сите други научни дисциплини. Нешто како Layer 1 во мрежите. Ништо никогаш не смее да и противречи на формалната логика: во спротивно се отфрла без дискусија.

со исклучок на

п, парадокс - исказ што се коси со формалната логика, но има прагматична вредност. нпр. „сите генерализации се погрешни“.