7 јануари, 2009 - 19:20
[веб кирилица]

Банка за Сперма

од Букаро на 19 јан 2003 - 22:32

Како млад човек, со непрецизна и нејасна иднина пред себе често пати доаѓам во позиција да си го поставувам следното прашање – Доколку заработам некоја одредена сума на пари во животот, во кој бизнис би ги вложил парите за да повеќекратно би ги умножил?

Доаѓам до сознание дека ми останува многу тесен избор да одберам во кој занает би го барал својот егзистенцијален опстанок. За криминал никако не може да се дојде до збор бидејќи јас сум од таа демодираната генерација воспитана со висок морал која не смее да си дозволи да врши било какви криминални дела, иако основен темел врз која се темели оваа државичка е криминалот и сите негови синови.



Бидејќи е очигледно дека не сум способен да ја работам најплатената работа во нашата земја и не умеам да крадам и добро да лажам, ќе побарам нешто за што навистина имам знаење и способност. Многумина велат дека љубовта на едно дете кон некоја работа, потребно е да ја всади некој од возрасните некој што правилно ќе го насочи своето дете во случајов најчесто родителите т.е. таткото врз кој синот ќе може од својата блиска средина да го види најсветлиот пример, човекот што го створил. Некој мудар човек рекол дека единствениот човек врз кого еден татко не може да биде љубоморен тоа е сопствениот син, од тоа следува дека таткото секогаш му го мисли најдоброто на своето чедо. Исто така сосема е нормално секојдневно да слушаме изјави на голем број лузери дека причина за нивната неспособност е нивниот татко кој или не им обрнувал доволно внимание или пак не ги форсирал доволно во текот на нивниот живот и како последица на тоа е настанатиот неуспех.

Искрено јас не го делам мислењето со таквите плачипички , за својот успех во животот да се фалиме само себеси додека за својот неуспех да ги обвинуваме другите во случајов родениот татко, иако има многу вистина и во онаа .... не си ти глуп , татко ти е глуп ..... Како и сите други така и јас го слушам мојот татко секогаш кога сакам да донесам некоја важна одлука. Така еден ден додека лежев на моето двоспратно креветче и слушав гласна музика размислувајќи за мојата иднина и за прашањето поставено погоре влезе ненадејно мојот татко, ја намали музиката и ми ги упати следните зборови – Ех .. бе синко .... дркач еден .... потоа ја лупна вратата и си замина. Некое време останав замислен и не реагирав бурно бидејќи ова го имав слушнато многупати досега, но во еден момент наеднаш во мене се роди една неверојатна идеја и мисла како да му помогнам на мојата земја и како да си помогнам себеси од ваквата безнадежна положба. Таа идеја е идејата за отворање на првата банка за сперма во РМ. И тоа не било каква банка туку општонародна банка за сперма во која ќе бидат вклучени илјадници испуштени работници, социјални случаjи, технолошки вишоци и други невработени.

Ако на пример Французите се големи љубовџии, Италијанците се познати по своите тестенини, а Англичаните се скроз леви културни и воздржани, ние Македонците би биле најдарежливи хумани луѓе кои без многу размислување ја даваат својата сперма. Ако крвта спасува живот, спермата создава живот, а тоа ќе биде шанса веројатно да создадеме и нова и чиста генерација која ќе ги излечи сите мани, недостатоци и аномалии на сегашнава исфрустрирана...

Насекаде би се отвориле банките за сперма би се вработиле голем број на луѓе кои би работеле на шалтери, би ја складирале спермата и би ја чувале на суво и темно место. Со тоа ќе се намали и проституцијата во земјата затоа што проститутките би можеле да изведуваат некои забавни точки во кој дарувателите би се инспирирале да донираат поголеми количества сперма. Нашите импотентни политичари би ја загубиле моќта да го лажат народот бидејќи тие не ќе можат да донираат сперма во доволно количини. Потоа наеднаш би се зголемил и бруто националниот доход по глава на жител бидејќи спермата ќе ја извозуваме и во другите земји околу нас особено во стерилната Западна Европа. Со ангажирање на проститутките во бизнисот со банките НАТО војниците би останале без работа и би морале да се вратат назад од таму каде што дошле. Исто така за инает на нашите соседи (Грците) би можеле да организираме олимпијада во која би учествувале најдобрите маструбатори од цел свет кои би се натпреварувале во тоа кој ќе наточи најголемо количество сперма. Од донирата сперма на работниците, учениците и неработниците секој би добил одредена сума на пари со кој би можел да си ги купи сите оние работи за кои порано сонувал. Најдобрите дркачи би ги возеле најбрзите автомобили и би ги имале најубавите женски во градот и способноста на еден човек би се мерела по тоа колку сперма донира секојдневно.

Би требало да ја погледнеме и хуманата страна на целава идеја, имено многу татковци кои неможат да направат деца би можеле од донираната сперма да создадат свое потомство и се разбира во зависност од способностите на дарителот би се одредувало и атрактивност на донираната сперма. Веројатно најмалку атрактивни би биле спермите на Драган Вучиќ и претседателот Борис Трајковски додека најмногу барани би биле спермите на доктор Жан Митрев и Тоше Проевски (посебно за машките хомосексуални двојки). Нешто што сите би не радувало е тоа што никој не би ја посакувал спермата на Али Ахмети бидејќи тој има лекарска дијагноза дека боледува од параноидна шизофренија, така да никој не би сакал да има дете која би наследило таква душевна болест. Банките за сперма би биле добри и за Албанците во Македонија. Донирањето сперма би значело мирољубив чин и намалување на етничките разликите помеѓу двата народи. Со банките за сперма би добиле и жените Албанки кои живеат во патријархална затвореност, би добивале здрави и прави деца и со тоа би се намалиле инцестните појави кај нив. Албанците повеќе не би се чувстувале дека се дискриминирани и со правото на донирање сперма би ги добиле сите права што ги заслужуваат. Со еден збор банките за сперма се она што ни треба и она што би можело ова земја конечно да просперира и да доживее напредок во сите сегменти и области во животот.

И во случај да не се оствари замислата и идеја за Банка за сперма во Македонија, водете љубов, спакувајте ја добиената сперма и ставете ја некаде длабоко во фрижидерот (кој и така е празен) и чекајте го денот кога ќе се отвори првата банка за сперма во Македонија...


Првенствено објавено во училишниот илегален весник "Отпишани" под друг мој псевдоним познат како Zhos Bomon - Francuzo...

Опции за гледање на коментари


сликата на fio
Банка за Сперма - од fio на 20 јануари, 2003 - 12:27

добар текст, ме изнасмеа

јас се извинувам унапред, но морам да го спомнам драган733 во оваа прилика, бидејќи сметам дека тој би ја возел најдобрата кола у македонија и би ја имал најјаката женска затоа шо дефинитивно би бил најголем донатор (читај дркаџија) на сперма благодарение на неговиот целоживотен тренинг

Банка за Сперма - од jonycus на 20 јануари, 2003 - 12:44

јеаааа... Македонија, оаза на спермата... хихиихиихи

Банка за Сперма - од Mucko на 21 јануари, 2003 - 02:00

Идејата е одлична; пошто Македонскиот народ е во хроничен процес на ИЗУМИРАЊЕ, крајно време е да се направат бази од машки и женски полови клетки, за да може во подалечна иднина да се реконструира нашиот народ од малцемината преживеани од идната војна со Шиптарите.

Банка за Сперма - од egeec на 22 јануари, 2003 - 14:37

Добра идеја за започнување на бизнис а богами и за започнување на крајот на пропаѓањето на мекедонштината. Се на се верувам дека нема да има баграш кој нема да се сложи со тоа дека во Македонија фали Спермовна Банка [се смее])))))

Банка за Сперма - од charas на 29 јануари, 2003 - 15:13

I sega sme najdrkackata nacija na svetot?
Barem sme prvi vo nesto a?