7 јануари, 2009 - 20:16
[веб кирилица]

Бушава азбука

од гоце на 26 сеп 2008 - 09:02

Би сакал да ги имам сите епизоди. Да не знае некој како?

Опции за гледање на коментари


сликата на Шлајка-спие
Инфо - од Шлајка-спие на 26 септември, 2008 - 11:11

Сите епизоди може да се добијат од МРТ. Ќе се обидам преку човекот кој го знам да ги земам, па ќе ти куцнам.
А за ова, претпоставувам дека веќе си го нашол, ама чисто информативно, нема - damaged file.

сликата на гоце
Читав негде - од гоце на 26 септември, 2008 - 12:27

Читав негде дека имало иницијатива да се дигитализира. Ајде локал патриоти, ангажирајте се да стане ова уште еден преродбенички чекор, да не им биде на децата латиница прво што ќе научат [се смее]

Фала за линкот.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на GoodBytes
Sharing - од GoodBytes на 26 септември, 2008 - 14:21

Ако дојдете до епизодите, молам споделете ги. Ќе ги испоставиме по сервери, мирори, за новите генерации Македонци, за век и веков, амин. О - огледало.
--

сликата на Julls
Ј-јама. Стварно - од Julls на 26 септември, 2008 - 19:29

Ј-јама.
Стварно би и јас да ги имам, цицибан да гледа и да учи ко ќе треба.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Chombe
Ј-јама. Стварно - од Chombe на 26 септември, 2008 - 23:12

Julls напиша:

Ј-јама.
Стварно би и јас да ги имам, цицибан да гледа и да учи ко ќе треба.

Има на youtube неколку епизоди (половични додуше) на Бушава Азбука. Башка го има и диџеј Бушава Азбука.
Ред букви, ред транс.

Ч - Чомбе

Читав негде - од Сељачиште на 27 септември, 2008 - 13:02

гоце напиша:

Ајде локал патриоти, ангажирајте се да стане ова уште еден преродбенички чекор,

Нема шанси, во Бушава Азбука некои од глумците и екипата беа видни сдсмовци.

[намигнува]

сликата на гоце
Остај друго, - од гоце на 27 септември, 2008 - 16:17

Остај друго, азбуката ја правеле комуњари, и Блаже Конески бил комуњар. Ќе си направи Лидерот негова Буг, овај Бушава азбука.

Почна со мењање на зборот казна во глоба на пример.

сликата на dimitar27
Остај друго, - од dimitar27 на 29 септември, 2008 - 09:18

гоце напиша:

Остај друго, азбуката ја правеле комуњари, и Блаже Конески бил комуњар. Ќе си направи Лидерот негова Буг, овај Бушава азбука.

Почна со мењање на зборот казна во глоба на пример.

Гоцко, до сега мислев се зезаш. ама сега навистина те жалам.
Скини бе тоа книшката, алооо, беше ок момак, зошто побогу??
Грев еј, у Бушава Азбука најде место да плука по омилеиот му лидер? Бетер си од Макрадули да те ебам, само шо си (ваљда) поубав, пошо од тоа створење посмешно нема [се смее]
Терај ај, може ке ти успее ко на ФОКУС ако плукаш по секоја влада, да бидеш почитан, само шо ти не плукаш по секоја, нали? [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

гоце - од TheWonderer на 30 септември, 2008 - 02:23

гоце напиша:

Остај друго, азбуката ја правеле комуњари, ...

Така е!!! [се гази од смеење]

Опасно комуњариште бил тој Климент (да не речам Свети Климент, скраја било) Охридски. А и другар му Номче не бил ништо поарен. Кај и да е, Макрадули и Жерновски ќе одржат прес за подетално да не информираат за случајот... Прееска така брифираше кабинето на прецеднико.

Life is a sexually transmitted disease

сликата на гоце
Сакав да кажам - од гоце на 30 септември, 2008 - 04:28

Сакав да кажам дека треба да се искорени историската неправда со која се вметнати српски букви во азбуката. Да се возобнови Мисирковата азбука, т.е. Македонската преродбеничка азбука.

И тогаш Лазо му рече на Киро, мора да да позајмиме букви по Вуку, презимињата да смениме и да додадеме ски, за да не можат бугарите да си играат со идентитетот.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Сакав да кажам - од Tapa user на 30 септември, 2008 - 13:38

гоце напиша:

Сакав да кажам дека треба да се искорени историската неправда со која се вметнати српски букви во азбуката.

Српски?!? А на србите тие српски букви од каде им се?!

_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на гоце
Од Вук Караџиќ. - од гоце на 30 септември, 2008 - 14:46

Од Вук Караџиќ. Осеќам следи прашањето од каде му се па на Вук.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Лошо осеќаш. Не - од Tapa user на 30 септември, 2008 - 15:50

Лошо осеќаш. Не се затера Србин да проширува слово, или бугре, скраја да е.
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на гоце
Сакаш да кажеш - од гоце на 30 септември, 2008 - 15:56

Сакаш да кажеш дека симболите на македонската кирилична азбука не сее направени по пример на кириличните азбуки на Мисирков и Караџиќ?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Српски букви?!? - од TheWonderer на 30 септември, 2008 - 16:42

Српски букви?!? Која друга буква, освен Џ (најубавата)?

За таквата историска неправда се виновни, кој друг ако не - Бугарите. Односно членот на Правописната комисија, Венко Марковски, кој после само 20 години си го покажа вистинското лице и избега во Софија кај Тодор Живков, за на стари години Бугар да се стори. Нормално, за таквата негова одлука голем „допринос“ дадоа и неколкукратните (но затоа долготрајни, од по неколку години) здравствени третмани на Голи Оток и другите елитни центри за здравствен туризам, развивани од југословенскиот комунизам со човечки лик.

Се на се, од денешна перспектива јасно ко ден се гледа дека Бугарите благовремено ни го уфрлиле Венко, кој своевремено ни уфрли една српска буква во азбуката, се со цел да можат потоа да не заебаваат дека сме биле србомани со српски букви, а оригиналната кирилица била само нивна. За тоа е виновен Венко, т.е. Бугарите, т.е. Грујо!*

______
* Силогизам по Незнајном јунаку

Life is a sexually transmitted disease

сликата на гоце
Српски букви?!? - од гоце на 30 септември, 2008 - 20:05

TheWonderer напиша:

Српски букви?!? Која друга буква, освен Џ (најубавата)?

Љ и Њ од каде се?

TheWonderer напиша:

Се на се, од денешна перспектива јасно ко ден се гледа дека Бугарите благовремено ни го уфрлиле Венко, кој своевремено ни уфрли една српска буква во азбуката, се со цел да можат потоа да не заебаваат дека сме биле србомани со српски букви, а оригиналната кирилица била само нивна. За тоа е виновен Венко, т.е. Бугарите, т.е. Грујо!*

И се ашто да правиме да ја исправиме оваа историска неправда?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

гоце напиша: Љ - од TheWonderer на 11 октомври, 2008 - 22:10

гоце напиша:

Љ и Њ од каде се?

Зависи од начинот на кој гледаме на работите. Јас би рекол дека доаѓаат од старата кирилица, преку модификација (слевање) на групите ЛЬ и НЬ. Од друга страна, секој просечен Бугарин би ти рекол дека тоа се српски букви кои воопшто не се кирилица. Јеби га, ваљда у школо така ги учат. Истото се однесува и на Ј (кои исто така би можеле да го додадеме во групата на „спорни“ букви) која е благо изменета варијанта на старокирилските І или Ї.

Џ си е, од друга страна, сосема различна приказна. Скроз нова буква, со револуционерен и иновативен дизајн. Абе просто - Тојота Приус на кирилицата, мерак да ти е да ја гледаш...

гоце напиша:

И се ашто да правиме да ја исправиме оваа историска неправда?

Ја би ништо... Евентуално би можеле да најдеме некој Незнаен јунак кој би и објаснил на Баграва дека и за оваа историска неправда е крив Грујо. За што би му бил многу благодарен.

Life is a sexually transmitted disease

сликата на dimitar27
гоце напиша:Љ - од dimitar27 на 13 октомври, 2008 - 14:23

TheWonderer
[quote=гоце напиша:

И се ашто да правиме да ја исправиме оваа историска неправда?

Ја би ништо... Евентуално би можеле да најдеме некој Незнаен јунак кој би и објаснил на Баграва дека и за оваа историска неправда е крив Грујо. За што би му бил многу благодарен.

Life is a sexually transmitted disease

Па да не не е? [се смее]
Крив е Гвујо, од одма „незнајнион јунак“ си кажа, а неговото второ ЈАС потврди, сменил зборот „казна“ во „глоба“ - И КРАЈ ! ! !
И тоа пази, клети ВМРОвци, баш ГЛОБА-да тегне на Блгарски (најверојатно така му изгледа на Јунакот наш никогаш недознаен) [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

Можеш да - од PetarK на 8 октомври, 2008 - 21:37

Можеш да објасниш што е проблемот со зборот „глоба“? Има милион работи што се опфатени со зборот казна, а глоба има некакво конкретно значење на државна парична казна.

Цитат:

Остај друго, азбуката ја правеле комуњари, и Блаже Конески бил комуњар. Ќе си направи Лидерот негова Буг, овај Бушава азбука.

Почна со мењање на зборот казна во глоба на пример.

сликата на гоце
Не ми се свиѓа, - од гоце на 9 октомври, 2008 - 08:37

Не ми се свиѓа, бугарски ко да е. Зборот парична казна е заменет со глоба, денари се заеменети со евра.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на SuperGirl
Уште повеќе - од SuperGirl на 9 октомври, 2008 - 15:52

Уште повеќе парадоксално е ова

сликата на Julls
Мене не ми е. - од Julls на 10 октомври, 2008 - 08:12

Мене не ми е. Навикнав овде да е така, па ништо не ме изненади ова и кај нас.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на SuperGirl
Не ти е - од SuperGirl на 10 октомври, 2008 - 22:58

Не ти е парадоксално што казните се декларираат во евра, во закон кој го пропагира денарот како единствена платежна валута? Стварно сте отрпнале на све таму.

сликата на dimitar27
Не ти е - од dimitar27 на 10 октомври, 2008 - 23:39

SuperGirl напиша:

Не ти е парадоксално што казните се декларираат во евра, во закон кој го пропагира денарот како единствена платежна валута? Стварно сте отрпнале на све таму.

Јас ова од одма го споерев, или поискрено-се смеев.
Знам дека ако се изразат кансите во МКД постои можност да при прва инфлација казните постанат смешно (ко порано) но затоа секогаш постои решението казните да се кажуваат во вредност на просечна плата во МК.
Вака е прилично тупо и смешно.

De gustibus non est disputandum ! ! !

глоба. мн. глоби - од TheWonderer на 11 октомври, 2008 - 22:22

глоба. мн. глоби ж. Парична казна. За секој прекршок се плаќаше глоба.*

____________
*Конески К.(ур), Толковен речник на македонскиот јазик - Том I (А-Ж), Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2003, стр. 348

Life is a sexually transmitted disease

ПС Да си прашам јас на време: и овој Кирил Конески да не е Бугар?!?

сликата на Tapa user
Читав негде - од Tapa user на 29 септември, 2008 - 17:16

гоце напиша:

Читав негде дека имало иницијатива да се дигитализира.

„Бушава азбука“ пред две години се дигитализираше, и бесплатно се делеше на Македонците иселеници во Австралија.

Работеше во ГТЦ продавницата „при продукцијата на македонската радио и телевизија“, каде што се продаваа ВХС касети од скоро сите серии што ги даваа на МТВ...

_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на GoodBytes
Читав негде - од GoodBytes на 29 септември, 2008 - 18:30

Tapa user напиша:

„Бушава азбука“ пред две години се дигитализираше, и бесплатно се делеше на Македонците иселеници во Австралија.

И зарем во никого не остана никаква трага од оваа дигитална делба? Ај бе јавете се.

В - вода.
--

сликата на гоце
Вајда уште не е - од гоце на 30 септември, 2008 - 01:57

Вајда уште не е дигитализирана
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1144&ArticleID=73436

Ја влечам 2 dvd со бушава азбука, ќе информирам.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на toomuchisnotenough
до каде со - од toomuchisnotenough на 8 октомври, 2008 - 17:58

до каде со азбуката?

сликата на гоце
Симнав тие - од гоце на 8 октомври, 2008 - 20:29

Симнав тие двете DVD кои уствари се домашна изработка. Колку што видов набрзинка една епизода трае 12 минути. Оригиналот е 30 мин. У моментов се прават divx-и, утре планирав да ги качам на google video, без да ги сечам епизода по епизода.

Ако некој ги сака у xvid или x264 нека каже, може и тука линк да ставам.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Ич не прашувај - од Tapa user на 8 октомври, 2008 - 20:40

Ич не прашувај [се смее] Ставај.
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на GoodBytes
Супер. Мене ми - од GoodBytes на 9 октомври, 2008 - 01:26

Супер. Мене ми одговара DivX или XviD пошто ми поддржува DVD плеерот, но не е страшно и ако се во x264, ќе ги конвертирам. Како што те разбрав, овие 2 ДВД кои ти ги имаш не се комплет сите епизоди, или епизодите не се целосни, така?

Можеби некој ќе е заинтересиран за Dossier Skopje, ги има првите 3 епизоди на on.net.mk, а другите ќе бидат објавени наскоро.
--

сликата на гоце
http://bagra.org/files/bushav - од гоце на 9 октомври, 2008 - 08:35

http://bagra.org/files/bushava.azbuka/azbuka.avi
http://bagra.org/files/bushava.azbuka/azbuka2.avi

Не се целосни. Уште не сум ги гледал цели, ама на прв поглед така личеше.

update:
http://video.google.com/videoplay?docid=-1372873204412599777
http://video.google.com/videoplay?docid=-2533839748201020288

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на GoodBytes
Ги пуштив да се - од GoodBytes на 9 октомври, 2008 - 14:21

Ги пуштив да се собираат. Фала ти.

К - Кавга
--

сликата на toomuchisnotenough
одлично. ги - од toomuchisnotenough на 9 октомври, 2008 - 15:47

одлично. ги симнав епизодиве, али се гледа дека се во домашно производство, веројатно дигитализирани од вхс, па квалитетот не е баш нај.

што бидна со тој муабетот за верзијата што се подготвува за иселениците? веројатно тоа ќе иде директно од мастер.

сликата на гоце
Епизодиве - од гоце на 9 октомври, 2008 - 15:58

Епизодиве личат ко некое дете да си снимало што му се свиѓа на VHS од 180 мин. Што е боље од ништо.

МТВ вајда сеуште го има мастерот, а надежта последна умира.

Цитат:

За операционализирање на идејата за да се дигитализира емисијата за продажба, се вели во МТВ, дека сепак ќе мора да се почека додека не се реши целосно прашањето околу тоа чии се авторските права за емисијата.

Кога запрашан за неговото мислење, од страна на Агенцијата за иселеништво на РМ[1] која има намера со "Бушавата азбука" да им помага на децата на македонските иселеници да ја учат азбуката на јазикот на нивните родители, сценаристот Горан Стефановски одговорил: „Јас сум многу горд на таа серија и искрено сакам да успее идејата и 'Бушавата азбука' да се префрли на це-де и да биде достапна за нашите во светот“.

Од агенцијата се вели оти се знае дека Горан и Слободан се автори, и дека МРТВ се води како продуцент, но сето тоа треба да се види на хартија. А досега од МТВ нема таков документ.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%83%D1%88%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на zveroid
Досие Скопје - од zveroid на 9 октомври, 2008 - 09:35

Досие Скопје може ли да се најде некаде во некој по-ДВД-френдли формат?

-------------------------
http://tb.polygonized.com

сликата на GoodBytes
Бар се во дигитална форма - од GoodBytes на 9 октомври, 2008 - 14:22

Не би знаел. Ова е прв пат да видам некој да ги објавува воопшто. Ама можеш да си ги конвертираш, нели?

А - Авијатичар
--

сликата на гоце
Може со Video - од гоце на 9 октомври, 2008 - 14:30

Може со Video DownloadHelper https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/3006 да се снимат локално. Првата епизода е flv, другите се mp4.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Шлајка-спие
сега за сега - од Шлајка-спие на 9 октомври, 2008 - 15:44

Busavka_Azbuka.rar
сега за сега - интро за буквите и евентуално боенка за дечињата, поздрав од мене:)

Се надевам наскоро ќе можам да го исполнам и погоре ветеното.

сликата на toomuchisnotenough
браос! не сум - од toomuchisnotenough на 9 октомври, 2008 - 16:21

браос! не сум знаел дека и вакви работи имало.

сликата на Шлајка-спие
толку од мене - од Шлајка-спие на 9 октомври, 2008 - 18:26

Боенката ќе ја направам и боља, тоа набрзина го скоцкав.. и ќе пратам нов линк (можеби некој и ќе ме предухитри).

Што се однесува до горниот муабет - тешко. На VHS-ите им нема излегување на бел ден - авторски права муабет. Единствено што се може е да се репризираат, а тоа веќе го побарав и пријателот рече дека е одлична идеја. Онда, кој е дома нека снима. We are all waiting.

сликата на гоце
Авторски права - од гоце на 9 октомври, 2008 - 23:57

Авторски права што? Од нив може да се направи профит, концепт на МРТВ што е непознат од почетокот на нејзиното посоење. Впрочем Бушава Азбука од 1985 е подобра продукција од се што е направено од тогаш до сега [тажен]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем