Драги читатели. Од денеска ќе почнеме да исправаме една неправда. Ќе пренесеме извадоци од генијалната книга „Дрога - Болест на денешнината“ од Д-р по медицина Бошко Томовски, издадена во Скопје, 1998 год.
Цитат:
Староста на наркоманот се движи меѓу 13 и 15 години иако зависниците од дрогата можат да бидат и на 12-годишна возраст. За првпат, од љубопитност земаат дрога но сепак тоа не значи дека таа личност е наркоман, или пак по 25-тата година кога наркоманот не употребува само еден вид дрога, туку како искусна личност во светот на дрогата употребува повеќе видови дрога за да ја пронајде вистинската.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА НАРКОМАНОТ
НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД
Препознавањето на наркоманот според надворешниот изглед, според надворешното однесување како на улица така и на некое друго место каде што наркоманите се состануваат претставува голем проблем, голема непозната, особено кога наркоманот во себе има големо количество дрога, кога дрогата редовно ја внесува и не страхува од појавата на апстиненцијална криза.
Поради тоа може слободно да се каже дека наркоманите се вистински мајстори да бидат невидливи во друштвото и средината каде што се движат, особено не на почетокот кога нивниот интегритет на личноста целосно е зачуван.
Староста на наркоманот се движи меѓу 13 и 15 години иако зависниците од дрогата можат да бидат и на 12-годишна возраст. За првпат, од љубопитност земаат дрога но сепак тоа не значи дека таа личност е наркоман, или пак по 25-тата година кога наркоманот не употребува само еден вид дрога, туку како искусна личност во светот на дрогата употребува повеќе видови дрога за да ја пронајде вистинската. Сите наркомани меѓусебе контактираат преку своите прекари, овие прекари за норкоманите имаат двојно значење. Како прво прекарот зад кој се крие вистинскиот индентитет, вистинското име на наркоманот, го штити од јавноста за да не биде лесно препознатлив, а истовремено ја покажува и соли-дарноста со другите наркомани дека се согласува со нив-ниот бунт и напуштањето на општеството во кое тие живеат и битисуваат.
Од друга страна, пак, наркоманот го задржува вистинското име и го користи кога еднаш засекогаш ќе реши да му се врати на реалниот свет како нова личност и со својот вистински идентитет.
СЛЕНГОТ НА НАРКОМАНОТ
Говорот на наркоманот има специфичен сленг и претставува нивно специфично препознавање што истовремено значи и заштита, меѓусебна конспиративност, меѓусебно чување на интегритетот и комуникација.
Јазикот на сленгот е доста богат со странски изрази кои честопати не можат да се преведат во нашето говорно подрачје или пак тоа се нови кованици кои за неупатениот претставуваат проблем што тешко може да се сфати и разбере.
Користев одличен стереосистем со добар сиринџ за да ѓо добијам флешот - се боцкав во двете раце одеднаш со добар шприц и голема доза за да предизвикам состојба на фасцинирање.
Ваквиот чуден говор за родителите, за пријателите или за средината во која живеат и битисуваат нивните деца треба да претставува сигурен знак за нивно вклучување во тој непознат свет и задолжително разјаснување на таа енигма наречена - дрога.
СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ
Облекувањето во подоцнежниот период на хипи Ренесансата, предводена од бесмртниот Тимоти Лири, во времето на хипи движењето што се памети по масовноста на дрогата во 20-от век, кај младите се манифестираше преку стилот на облекувањето кој во себе носеше пренагласени асоцијаџии на далечните егзотични земји, особено од Индија. Шаренилото на невкусен текстил, униформираност, џинс, светли и психилдични бои без никаква коректност и квалитет украсени и обоени со безвреден стаклен накит во вид на перли, обетки, разновидни алки на рацете, синцири и украси на чевлите и уште многубројни безвредни прстења на прстите ја идеитификуваа нивната наркоманска култура и припадност.
Нивниот надворешен ентериер беше надополнет со нечиста и долга коса, распуштена или врзана во вид на коњска опашка, со запуштено или ненегувано лице кај девојките, додека мажите беа обраснати со маслосана и нечиста брада, со валкана облека, што беше имиџ за припадност на наркоманската каста во која живееја тие.
Но, исто така, денешните модерни наркомани на тинејџерска возраст во своето облекување користат еден голем дел од моделите на таа некогашна хипи гардероба.
Сето тоа треба дискретно да им сигнализира на родителите дека нешто невообичаено се случува со нивното дете, особено ако гардеробата според својот стил и според цената значително се издвојува од нормалниот начин на облекување.
Меѓутоа, таквото облекување и таквиот дизајн повозрасните наркомани го заменуваат со најобична конвенционална гардероба што ги прави неупадливи, непрепознатливи како за родителите така и за нивната поблиска околина, а особено за своите другари со кои тие секојдневно контактираат.
Нешто подоцна кога наркоманот ќе ги добие сите телесни карактеристики на личност зависна од дрогата и кога неговата облека ќе го добие општиот изглед на зависни од дрога, паѓа маската од лицето на наркоманот, тој се открива и станува она што е навистина - зависник.
МУЗИКАТА И ДРОГАТА
Наркоманскиот стил на облекување, наркоманскиот специфичен и за многумина нејасен говор, заедно со бучната рок музика снимена на светските или домашните поп сцени, го комплетираат имиџот на наркоманот.
Наркоманите се добри познавачи на рок и поп музиката особено ако таа музика ја изведуваат музичари наркомани како што беа Џими Хендрикс, прочуената Џенис Џоплин, гитаристот на Ролингс Стоун - Брајан Џинс.
Нивните средби задолжително се проследени со разговори за актуелните музичари - наркомани, се дискутира на нивниот живот и за нивните најнови активности во светот на музиката.
Не ретко младите наркомани преку своето облекување и однесување вешто ги имитираат своите идоли, што претставува голем финансиски издаток за родителите. Но, ова би требало да претставува алармантен знак за родителите дека нешто чудно се случува со нивните деца.
Особено ако синот или ќерката подолго време минуваат лежејќи во кревет покрај музичките системи со бучна музика на само еден вид рок пејачи и доколку нивната музика ја повторуваат повеќе пати трудејќи се да ја запаметат, притоа останувајќи отсутни за средината во која живеат.
Денес јавните концепти и кафулиња со музика од типот рок претставуваат места каде што дрогата заедно со алкохолот и цигарите вешто им се доставува на младите лица. Тоа за родителите, чии деца таквата средина активно ја посетуваат, треба да претставува сериозен знак.
Последни коментари