Уште една преродбеничка мерка која ќе им го подобри животот на богатите, а сиромашните ќе ги ги лиши од дел од мизерните примања. Имено:
Утрински напиша:
Исплатата на храната и превозот од 1 јануари идната година, со воведувањето на концептот бруто-плата, ќе зависи од добрата волја на работодавците. Овие две ставки, кои изнесуваат околу 3.000 - 4000 денари веќе нема да бидат обврска за работодавците.
Се воведува и горен праг, односно максимален износ до кој ќе се плаќаат придонеси, кој се позиционира на износ од четири просечни плати. Тоа значи дека за платите повисоки од 1.000 евра, над тој износ нема да се плаќаат придонеси.
Целиот текст од утрински подоле или тука.
Газдите ќе одлучуваат за храната и превозот
Износот од 3.000 до 4.000 денари веќе нема да биде обврска за работодавците
Соња Маџовска
Исплатата на храната и превозот од 1 јануари идната година, со воведувањето на концептот бруто-плата, ќе зависи од добрата волја на работодавците. Овие две ставки, кои изнесуваат околу 3.000 - 4000 денари, и воопшто не се сума за потценување, веќе нема да бидат обврска за работодавците. Тие ќе можат, но и нема да мора да ги вградат во единствената бруто-сума, на која ќе се плаќаат придонеси во висина од 28,4 отсто. Значи, на работодавците, доколку сакаат да си ги намалат придонесите, со оглед на тоа што и храната и превозот ќе влезат во пресметките за бруто-плата, им одат на рака измените што ги предлага Владата, бидејќи на своите вработени нема да мора да им го вградат тој износ во бруто-платата.
Министерот за финансии Трајко Славески признава дека тоа е избор на работодавецот. Најновите измени министерот ги оправдува со ставот дека доколку сакаат, и сега работодавците можат да предложат промени и да им ги намалат платите на своите работници, а не да чекаат да профункционира бруто-платата. „Зар мислите дека денес работодавец што исплаќа најниски 7.200 денари, само во различни категории - плата, храна и превоз, од 1 јануари ќе може да обезбеди некој што ќе му работи за 4.000 денари. Некои односи се регулираат на самиот пазар на труд“, истакна Славески на вчерашната прес-конференција, на која го презентираше Предлог-законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Министерот Славески може да гарантира дека укинувањето на храната и превозот нема да се случи кај државната администрација, но тој е уверен дека и приватниците нема да преземат таков чекор. На прашањето дали неговата убеденост се должи на разговорите со работодавците при подготовката на законот, сепак, тој одговори дека не се разговарало за тоа. „Никој не спомнал такво нешто. Тука нема некаква задна намера, затоа што и сега работодавците можат да ги преполоват платите доколку сакаат. Целта не е тоа, целта на секој работодавец е во рамките на она што е рентабилност и профитабилност да обезбеди и плата за работникот“, изјави Славески. Според него, на работодавците им се важни две работи. „Тие прво го гледаат работникот како трошок што влегува во калкулацијата за пресметката на трошоците. Но, од друга страна, работодавците се заинтересирани и колку пари работниците ќе однесат дома. Секој сака лојален работник и намалување на отсуствата од работа“, одговори Славески.
Се воведува и горен праг, односно максимален износ до кој ќе се плаќаат придонеси, кој се позиционира на износ од четири просечни плати. Тоа значи дека за платите повисоки од 1.000 евра, над тој износ нема да се плаќаат придонеси.
Преку симулации, министерот објасни дека ако вкупната сума на една бруто-плата со храна и превоз изнесува 30 илјади денари, работникот ќе однесе дома 20.012 денари, или ако таа е 13 илјади денари, 8.728 денари е сумата што како плата ќе ја добие работникот. Во Предлог-законот остануваат и казните што се движат од 2 до 3 илјади евра за работодавецот и од 500 до 1.000 евра за работникот доколку не е исплатена плата или нема доказ за плаќање придонеси.
Последни коментари