7 јануари, 2009 - 18:51
[веб кирилица]

Прајте деца, аман!

од Tapa user на 3 ное 2008 - 21:26

Преземено од glasnik.blog.com.mk [glasnik.blog.com.mk]
__________________

Македонецот мора да почне да зборува и за трето дете

Еве зошто мораме малку повеќе да поработиме во креветот

Македонскиот народ исчезнува од Македонија!
Сите демографски индикатори ни се под критичните граници и ако нешто не се преземе опстанокот на македонскиот народ ќе биде доведен во прашање
За десетина години ќе почне процесот на апсолутно намалување на популацијата во Македонија, предупредува демографот Славе Ристески, професор на Економскиот факултет во Скопје. Речиси половина општини имаат негативен природен прираст, а се намалува и вкупниот прираст на населението, покажуваат статистичките податоци.

Само еден поглед врз статистиката е доволен за да се уочи лошата „крвна слика“ на нашата нација. Паѓаат наталитетот и бројот на склучени бракови, се зголемува просечната старост на жените што првпат раѓаат, се зголемува просечната старост на населението, како и процентот на стари лица во вкупната популација.

ОПАСНА ЗОНА

- Состојбата не ни е добра. Македонија се наоѓа во опасна зона. Сите индикатори ги надминуваат критичните граници. До 2020-50 ќе почне процес со кој ќе имаме апсолутно намалување на популацијата - смета Ристески, автор на повеќе истражувачки дела од областа на демографијата.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на населението во Македонија во периодот од април до јуни се зголемил за само 774 лица, а во таа бројка македонската заедница учествува најмалку. Во 36 од вкупно 84 општини, бројот на починати лица е поголем од бројот на новороденчиња, односно прирастот бил негативен, а во 4 општини тој број бил ист. Тоа не се случува само во напуштените села, туку и во метрополата. Во Скопје, бројот на жителите се намалил во општините Карпош, Кисела Вода и во Центар.

Лани бројот на жителите во земјава се зголемил за само 3.094, а 36 општини со доминантно македонско население имале негативен прираст. Три од осумте статистички региони имаа намален број население - вардарскиот, источниот и пелагонискиот. Просечната стапка на прираст беше 1,5. Најкритично е во општините Дебарца - со намалување од 16,6 промили, Старо Нагоричане (-15,1), Вранешница (-12,9), Новаци (-11,4) и Другово (-10 промили). Највисок прираст имале Студеничани (16,5), Арачиново (16) и Желино (9,9).

Ристески предупредува дека клучните демографски индикатори во Македонија се над критичните граници. Македонците се на прагот на процесот на исчезнување.

- Во 1948 година наталитетот бил 48 промили, а сега е околу 11. Стапката од 14 се смета за критична граница. Во 1953 година просекот на фертилитетот (стапка на прираст) бил 6 деца за време на плоден период од 15 до 49 години, фертили контингенти), тоталната стапка на фертилитет е највисока од 20 до 29 година. Денес просекот е 1,5 дете. Истовремено, имаме зголемување на старото население, кое е околу 15 отсто, а критично ниво се смета дека е 12 отсто од популацијата - вели Ристески.

СТАРА НАЦИЈА

Тој појаснува дека Македонија се наоѓа во посттранзициски период, во кој почнува стареење на населението и намалување на наталитетот. Демографски, Македонија не се разликува од европските земји, иако скандинавските земји имаат поголем наталитет. Стануваме стара нација. Од 80-тите години го минавме процесот на демографска транзиција. На развиените земји им требаа 80-100 години, ние го минавме за 30 години. Во 1953 година просечната старост на населението била околу 25 години, сега е 35,4 години. Критична граница е 30 години, по што почнува стареење. Ова се потврдува со подоцното склучување бракови и раѓање прво дете. Со тоа се намалува и периодот на репродукција и природниот прираст - вели демографот.

Тој објаснува дека еден од клучните фактори за сегашната состојба се и неконтролираните миграции. Според истражувањата, од 1948 година до денес околу 700.000 луѓе мигрирале од село во град. Половина од новороденчињата лани биле родени во градовите, а една третина во Скопје. Бројот на иселеници што ја напуштиле Македонија демографите го проценуваат на 350.000-500.000 лица.

- По правило, тоа се трајни емиграции. Се иселуваат млади луѓе кои таму засноваат семејство, со што понатаму се намалува наталитетот во земјава - објаснува Ристески.Друг фактор, според професорот, се културата и религијата.

- За споредба, Саудиска Арабија е развиена и богата земја, со бруто-домашен производ десетпати поголем од Македонија. Во такви услови би требало да се очекува низок природен прираст. Но земјата има 30 промили наталитет - вели Ристески.
ИНФО-Алармантни бројки

Во 1948 година наталитетот бил 48 промили, а сега е околу 11. Стапката од 14 се смета за критична граница. Во 1953 година просекот на фертилитетот (стапка на прираст) бил 6 деца за време на плоден период од 15 до 49 години, фертили контингенти), тоталната стапка на фертилитет е највисока од 20 до 29 година. Денес просекот е 1,5 дете. Истовремено, имаме зголемување на старото население, кое е околу 15 отсто, а критично ниво се смета дека е 12 отсто од популацијата.

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Правете повише - од гоце на 4 ноември, 2008 - 01:24

Правете повише деца - да има повеќе мозоци за одлив. Едно детенце за мама, едно за тато, едно за Македонија, војник да го правиме.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Новица
треба на дело - од Новица на 4 ноември, 2008 - 07:20

треба на дело да се видат предлагачите на овие идеи. како што имаше кампања за домашни производи па министрите и сл. пунат корпа во супер маркет со такви производи, истите треба да излезат на тв со дечиња куп.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на гоце
До крај на - од гоце на 4 ноември, 2008 - 08:22

До крај на мадант сите можат по 3 да склепаат, пример да бидат.

Подржувачите може да пробаат едно да направат, да видат колку време е потребно да се посвети на дете, колку пари требаат за памперс и кашички, да не правиме муабет за градинки, бебиситерки, соба (т.е. соби пута 3), намештај, компјутер...

На лидерот му се сонило сите да имаме по 3 деца. Он оком, ми скоком, за мајка Македонија, која се понаша ко маќеа.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Би било - од Глиша на 4 ноември, 2008 - 18:01

Би било интересно и во живо да се пренесува на МТВ3 додека ги прават.

сликата на Zelka
Бидејќи има - од Zelka на 4 ноември, 2008 - 08:52

Бидејќи има стимулации за ојарено женско јаре, зошто да нема стимулација за родено дете?
јас со мојата плата САМ не можам да се издржам камо ли за памперс.
остај ти демографија... ќе останема земја популирана екслузивно со кози!

ваљда дека - од дамјан на 4 ноември, 2008 - 15:24

ваљда дека јарето се раѓа да го јадат и да раѓа други јадења... а детето се прави (или не) од љубов а-у.

Па ваљда кој не - од fLeX на 4 ноември, 2008 - 20:48

Па ваљда кој не ги има, и кој не ги гледа своите , е запнат да се праат поише:) Ништо против идејата, само нема стимулација, ама баш никаква за правење нов живот во Македонија.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на dimitar27
Да да, со - од dimitar27 на 4 ноември, 2008 - 22:32

Да да, со реклами ќе правиме деца, сигурно.
А тоа што на оние кои и сакаат да имаат дете, не им се дава помош никаква, напротив, им се одмага.
КОлку и да е платата на жената пред да оди на трудничко, НЕМА ДА ДОБИЕ повеќе од максималните 24.000 денара ?!?
И сега? Џабе реклами Грујославе, направи нешто конкретно.
Иначе да, идејата е сосема ОК, ама . . .

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на bugzi
...е како сите - од bugzi на 5 ноември, 2008 - 00:03

...е како сите викате "пари немааа, пари за цигари.. " за деца да се прават,,па моиве да не имале пари кога не направиле 4ца..или па ромите повеќе пари да не имаат од другиве па раѓаат по 5 минимуН деца,или шиптариве по селата,,е немаат ама знаат дека детето колку што троши толку и повеќе ќе придонесува за семејството понатака-веројатно,,ако не се метне на мене па да си ибе векот [намигнува]

затоа мажишта правете деца и безтоа не ги раѓате,не за наталитетот да се зголеми или па за парите за 3то дете, па повеќе радост во семејство ке имате ,галама малце и мн. љубов
позз

mene zovu Dzon, bodem se u Vejn...

сликата на Zelka
ромите живеат - од Zelka на 5 ноември, 2008 - 08:35

ромите живеат од денес за утре. албанците имаат повеќе деца бидејчи имаат имот и го работат и им треба некој да помогне при работата.
Јас сакам да имам дете кое ќе го школувам и за кое ќе се стремам да го воспитам да стане човек. не мрслувало прљаво дете со кеса лепак низ плоштад!

сликата на dimitar27
Па . . .до негде и - од dimitar27 на 5 ноември, 2008 - 15:30

Па . . .до негде и си у право Багзи.
Ако бидеме целосно искрени, ќе си признаеме дека не се парите ГЛАВНИОТ и ЕДИНСТВЕН проблем, иако се голем .
Во скандинавските земји има најмал прираст на население, а највисок стандард?!? Ај сега?!?
Се сменија времињата Багзи, на нашите стари можеби не им било тешко, ама нам сигуро ни е, нејкеме да живееме со старците, се мужиме-жениме на над 30 год, па и да сакаме не можеме повеќе деца да имаме, едноставно потешко се раѓа на 25 одошто на 35.
Многумина пишуваат на темава, и обично се две струи: Едната која вика дека нема пари-нема деца, другата пак дека не е до парите-до нашата себичност е.
Јас мислам дека вистината е некаде по средината.

De gustibus non est disputandum ! ! !

Се слагам со - од fLeX на 5 ноември, 2008 - 17:47

Се слагам со баткава над мене, пошто едноставен изговор НЕМА на оваа тема, Кај секого е комплекс на проблеми, ако така може да се нарешат, кои придонесуваат да се донесе одлука за или против имање потомство во едно одредено време. Ако ги погледнеме другите3 две националности кои ги спомиња Зељо, морам да приметам дека нивниот начин на живот не е многу променет од пред 100 години. Додека ние се еманциповавме и види што бидна;)
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Нема да има - од Robomarket на 5 ноември, 2008 - 01:08

Нема да има пораст на населението, мислам, збориме таму каде што е тоа потребно, се додека владата не спроведе некаква програма преку која ќе се спасат иљадници фамилии низ Македонија. Фамилии што се накрцани во еден стан...во моја фамилија има случаеви, маж жена свекор свекрва брат сестра...се на едно место и нема тука страм. Ако е проблем мора да му се пристапи на тоа, да и се каже на владата дека мора да посвети внимание на психо-социолошката слика на нацијата. Не можеш да имаш нормален живот кога немаш слобода. Мора под итно да се спроведе програма за евтини станови, ама да ги има во изобилство па нека се раштрка малце населението.

Да знаете дека Букаро убаво го напипува овој проблем, му произлегува во расказите...ама вие педерите го избришавте човекот :/