7 јануари, 2009 - 19:02
[веб кирилица]

Концерт у комшилук

од DJRadovan на 6 ное 2008 - 22:24

Љубителите на сите видови финансиски катастрофи и сите добри познавачи на економската пропаст ги израдува веста дека, после повеќемесечната глобална турнеја по западот, истокот, северот и југот, Светската Економска Криза конечно дојде да го одржи својот ултра гига мега популарен настап и во нашата земја. Публиката во Србија, која уште од 90-тите години е навикната на перформанси од ваков вид, ќе може во живо да ги слушне хитовите кои за оваа светска ѕвезда ги напишаа врвните автори Дау Џонс, Лиман Брадерс, Вол Стрит, Форт Нокс и многу други креатори на најновите глобални трендови. Многубројните домашни фанови на Светската Економска Криза (скратено и нагалено СЕК) ќе се наслушаат нумери кои со месеци ги заземаат првите места на сите релевантни шит листи во многу земји во светот: „Берзица си била“, „И тебе сам сит, банко“, „Само једном се губи“, „Потсети ме шта то беше новац“ и „Пропадам ја, гладујеш ти“.

Добро информираните извори тврдат дека по доаѓањето во нашата земја, на СЕК ќе и биде приреден пречек каков што заслужува една ваква светска ѕвезда. На пример, во чест на оваа модерна икона на глобалните текови на парите, еден од главните домаќини ќе биде Претседателот на својот кабинет, а со самото тоа и државата. Домаќинот ќе се заблагодари на тоа што ваквата голема светска ѕвезда со своето доаѓање ќе докаже дека европските интеграции продолжуваат не само во добро туку и во зло, така да нема да има враќање во 90-тите, во кои само на нас ни беше лошо, бидејќи сега на сите им е лошо!

Од домаќините СЕК ќе добие подарок ремек дело на научната фантастика: подебел „Зборник за предизборните ветувања“, книга која благодарение на глобалните економски трендови дополнително доби на својата почетна надреалност. Претседателот, многубројните потпредседатели, неброените министри на Владата во Србија и една жирафа, а во знак на добредојде, на убавицата на глобалната рецесија наместо цвеќе ќе и се подари гранка од шипинки, дрво кое најмногу го симболизира растот на стопанството, брз влез на странски инвестиции, зголемување на пензиите и целокупен подобар живот на граѓаните. Уплакани од радост што ја гледаат, а и поради многу други нешта, Светската Економска Криза, ќе ја запознаат и малубројните претставници на домашното стопанство, нудејќи и ја безуспешно, со хорски вовед, песната „Лав ми, Тендер“, се она што во изминатите години е купено на јавни аукции и за кое сега многу тешко може да се најдат купувачи. Претставниците на опозицијата нема да се појават на овој прием, во знак на протест што СЕК со своето доаѓање во Србија на власта и овозможи секаков изговор за неуспесите, а се до одржување на следните редовни парламентарни избори.

Својот прв настап во Србија СЕК ќе го одржи пред Народната Банка на Србија, во чест и цел на паѓањето на динарот. Настапот веќе сега е спектакуларен, уште додека финансиските фанови се собираат пред бината и додека настапува предгрупата ММФ, бидејќи од правецот на НБС на бината интервентно паѓа голема количина на девизи, а со цел да се намали нервозата на хистеричните љубители на силната валута.

Просторот во кој ќе настапува СЕК полека се пополнува и многубројните членови на Управните Одбори на јавните претпријатија, советници на се што има тапацирана фотелја и секретарка, корисници на превозни средства со затемнети стакла, прекупци на градежно земјиште, посредници (од втора, трета, четврта и ен-та рака) во воз, трговци на стратешки суровини, експерти, аналитичари и многу други поклоненици на овој вид на претстави. Многубројната домашна публика со време видливо ќе се зголеми во вид на пензионери и невработени, како и вработените на многу претпријатија кои наскоро својата работа ќе ја прекинат, додека настапот на Светската Економска Криза не заврши и додека не се нормализира сообраќајот, ако за ништо друго, тогаше барем за парите.

На крајот на настапот чија должина се уште не се знае, а оптимистите предвидуваат дека претставата ќе трае миниму една година, големата светска ѕвезда на нашата публика ќе се заблагодари на френетичните немири и штрајкови, па ќе изведе уште неколку точки на бис, а во чест на зделката на столетието со „Фиат“. А потоа ќе си замине, преполна со убави впечатоци кои ги понесува од Србија, земја која очигледно и дефинитивно излезе од изолација.

п.с. текстов го добив на емајл,решив да го споделам со вас, ама ако знае некој кој е авторот,пишете одма да правам едит.

п.п.с. викаат ќе има концерт и кај нас, само некако ич не ми се оди...

Опции за гледање на коментари


сликата на PLAYLIFE
Кај нас нема да - од PLAYLIFE на 7 ноември, 2008 - 00:06

Кај нас нема да има, или ако има ќе биде незначително. Сите среќни кај Симе, и се сложувам дека ќе биде минимум 1 година. Моја прогноза е макс 2 години. Ќе видиме. Ама добар текс, нема што.

сликата на dimitar27
Кај нас нема да - од dimitar27 на 7 ноември, 2008 - 09:40

PLAYLIFE напиша:

Кај нас нема да има, или ако има ќе биде незначително. Сите среќни кај Симе, и се сложувам дека ќе биде минимум 1 година. Моја прогноза е макс 2 години. Ќе видиме. Ама добар текс, нема што.

Хмммм, убозбориш дете, дај Боже да е така, само се нешто не ми се верува дека ќе не рипне/ Нас не рипаат убавите работи, лошите НИКАД не поминале покрај анс. Мислевме ќе спасиме гз без војна, ама и тоа ни дојде [се смее]
Глеј, ја неам шо да му мислам, јас со пари немам проблем од едноставна причина што НЕМАМ ПАРИ.
Не знам, министерот за финаЦии на Гвујо вика да не се секираме, Пере Гошев, такуѓере, а каков граќанин би бил јас кога би се сомневал во избраниците на Лидерот ? [се смее]
Ај, и да идеме на концерт, не може они да „свират“ колку што ние моежеме да „играме“

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Julls
Таман текст. - од Julls на 7 ноември, 2008 - 08:25

Таман текст. Журката е почната со динар/евро...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

само банку не - од Pijandura на 7 ноември, 2008 - 10:11

само банку не куни мајкооооо... она ништа није крива.... нисам кредит отплаќао... зато ми је куќу узела......

.......

според мене, кризата ќе ја осетиме најарно наредната година.. последниов месец банките намалија кредитирање (некои и го ставија на стенд бај до даљњег)... тоа ќе ја нагризува ликвидноста на фирмите, кои ќе си ја нарушат ликвидноста меѓусебно... во крајна инстанца економијата ќе падне...
друга работа е големата дупка во платниот биланс со странство, која више не се крпи... т.е. постои опасност да се штепуе со девалвација... при што, оној кој зема 5.000 денари плата ќе го попуши уште еднаш....
трета работа, а која се однесува на берзата е НЕКА СЛУЖИ ЗА ПАМЕТ ВО ИДНИНА...

.........

sex, само sex, само бараш sex..... (за ситниот инвеститор...)

сликата на Julls
Нешо те разбрав - од Julls на 7 ноември, 2008 - 10:23

Нешо те разбрав нешо не...јас економски речник не баш контам, бруто и нето ми е вечита енигма.
Нејсе, од луѓе што се бават со економија, на повисоки инстанци од службеници у банка, знам дека денарот вештачки се одржува на 61-2 со години, и дека кога ќе пукне тоа, ќе биде страшно. Од друга страна, многу ми се откачени оние као Плејлајф со коментарот дека нас ќе не прескокне. „Чул те Господ“ бе Плејлајф, дека ќе не прескака, ама Д27 ти рече дека нас може да не прескокне само нешто арно. Побашка, козата да му умре на комшијата ич не е убаво. Мене лично ме задесува ова на двете нивоа, и во Србија и во Македонија. Живеам во Србија, работам во Македонија. Сега слушам вести, и вика: динар данас ужас! (карикирам де). Значи, на пример пред само месец и пол да решев да си го платам овде школото што го учам, ќе ме чинеше отприлика 122.250,00 динари, а сега (во овој момент значи) ме чини 140.180,00 дин.
Вие што ќе се ситите на комшискава коза, малку искалкулирајте што ги прошло комшииве, а нас не прескокнало (од оној гнаснион аспект).

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Во врска со - од PetarK на 22 ноември, 2008 - 14:58

Во врска со одминувањето или не на кризата на Македонија, прво треба да се прави разлика помеѓу финансиската и економската криза.

Финансиската криза е она галамата околу пропоѓања на банки, неможност да се добие кредит за добри проекти, итн... Тоа е акутна болка и брзо ќе пројде, а во Македонија мининално ќе се забележи, тоа е точно. (no brains, no tumors, така?)

Арно ама, проблемот е многу подолгата економска криза, кога целата економија оди удолу (значи не се откажуваат проекти бидејќи не можело да се најде кредит, туку бидејќи нема потреба од истите)... Е, тоа и тоа како ќе ја погоди Македонија. На страна што ќе се случи со македонското стопанство, замислите ги последиците на намалени дознаки од гастрбајтерите...