7 јануари, 2009 - 19:31
[веб кирилица]

Дали го подржувате законот за забрана на пушење на јавни места ?

  • Да, целосно го подржувам.
  • Не, воопшто не ми се допаѓа.
  • Јас сум пушач но го одобрувам законот.
  • Јас сум пушач но не го одбрувам законот, каде се моите права?
  • Море све у пм, до цигарите ли дојде?

Гласови: 73

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Само не ми е - од гоце на 29 ноември, 2008 - 17:27

Само не ми е јасно што ќе правиме кога ќе идеме у диско и наместо на цигари ќе смрди на пот.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на m3chan1k
Sheep by P.F. (Animals - 1977) - од m3chan1k на 30 ноември, 2008 - 13:24

Ова ме потсети на Ирска : кога таму го забранија пушењето во пабови во 2004 година, во прво време алтернативната смрдеа беше комбинација на пот и комина [се смее] , се додека менаџерите не почнаа да употребуваат озонери во системот за вентилација...

Btw, гласав со не затоа што последните измени на законот за заштита од пушењето се тоталитаристичко претерување, посебно во делот кај што се предвидуваат казни за пушење по улици, паркови, и др. јавни места од отворен тип. Само заборавиле да предвидат моментална егзекуција за сторителите на овие прекршоци... Со ова Владата само покажува колку е надмоќна во своите самоволија и репресии над истите оние кои ја изгласале...

А бре Македонче, пак чорба, а?

mINd tHe GaP...

сликата на JohnFoe
ниеден reductio ad - од JohnFoe на 30 ноември, 2008 - 20:05

ниеден reductio ad absurdum нема да ги исчисти моите невини бели дробови од сите срања кои ми се наталожени унатре, од страна на моите зависни сожители на оваа планета.

полнокрвно да .

сликата на aceva
Зависник - од aceva на 30 ноември, 2008 - 22:29

...ич не е заебанција. Ама ич.
Ако постојат институции за третирање на останатите типови на зависности (не сум сигурна што правиме со алкохоличарите), тогаш од паричките што ни ги земаат со секоја купена кутија цигари, наместо да се користат за стимулирање на производството на тутун, нека се направи едно лечилиште за пушачи. И да го забраниме производството и прометот на цигари.
Се’ додека најлегално се продаваат цигари и се смета на данокот од нив, со овој Закон ќе може само качак да се витка. Може и за лична хигиена да се искористи, во недостаток на тоалетна хартија.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на dimitar27
Хм . . .од пусто - од dimitar27 на 1 декември, 2008 - 13:45

Хм . . .од пусто слепо трчање кон најмилата ни ЕУ, ќе се сопнеме по пат, глава ќе искршиме. Така било у ЕУ?!? Па? Ене Грција не е у ЕУ?
Неоспорно е правото на непушачите да не бидат труени од нашите димови, но неоспорно е и нашето право да си се труеме колку сакаме. И како што ние, користејки го тоа право не треба да им ги нарушуваме правата на непушачите, така треба и тие (законодавецот во случајот се грижи за непушачите) да го користат своето право, без притоа да го нарушуваат нашето. Само вака станува збор за ПРАВО на избор, поинаку е се репресија на мнозинството.
Лидерот најмил, ќе мора да биде спремен дека овој закон може лесно да падне пред уставен,. иако не верувам дека овде нма кој да потегне таква иницијатива, а „невладините“ не се палат на вакви теми-нема паричка у ова.
А и зошто би, кога самите прозиводители на цигари, кои највеќе би изгубиле ако се намали пушењето, не се заинтересирани? Зошто не би финасирале они (цигарџиите) некоја акција-кампања за заштита на правата на пушачите?
Во германија мисламд ека им паднал законот пред уставен, аи и се нашле фраери кои регистрирале здруженија на пушачи, и кафаните ги направиле клубови за пушачи, каде секако се пие и алкохол [се смее]
Ќе мора и кај анс така да се снаогаат кафанџиите. Тие исто така многу губат, еве слушам дека делот за непушачи во сите скопски кафиќи е скоро по правило празен. Не е ок знам, ама ете, непушачите прифаќаат да бидат со пушачите, бидејки ако е поинаку, би требало да седат сами.
Е сега, сака тоа да им се направи на пушачите. Да се избркаат скроз (за кафани под 40м2) или да се стават во кафези со стакло за поголемите кафанчуги. ПОголема дискриминација од ова . .нема. И само затоа што правиш нешто кое со никаков закон не е забрането?!?
Малку за парите: Пушачите плаќаат најголеми давачки за секоја кутија која ќе ја испушат. Со тие пари може да се покријат трошоците за лекување и на непушачите. Да не зборам што пушачите живеат во просек 15 год мање од непушачите, па и тука им шпараме пари на здравството [се смее]
Ова знаевме сите дека ќе дојде кад-тад, ама секогаш чекаме да дојуе нож до коска, епа сега е дојден. Или ќе чекаме до догодина кога ќе биде целосно забрането пушење на јавнно место? Како трганел ГВУЈО наш силен маж (мојот лидер), до тогаш ќе забрани и по дома да пушиме, а може да забрани и да ни пушат. Е тогаш сигурно ќе се „дигнеме“ пошо ќе ни биде ДИГНАТ [се смее]
Не знам, ај ќе видиме дали за ова некој ќе изреагира, глеам ЕДНООКИ нешто пробуваат, ама немаат сајт (или имаат?) и некако слабо се промовираат, само 2-3 секудни во нивното ионака кратко филмче.
Да се договриоиме како луге, мегусебе, дали има потреба од вака рестриктивни закони, или тоа се прави од пуста немоќ да се донесат други закони , па ај ке тренираме строгост на пушачите и тетките со ајвар??
ДА прекинам да пушам, сега за сега не арзмилувам, ама ако продужат вака да не тертираат . . .ќе мора и з атоа да се размилува. Мразам бе кога некој сака на сила да ми помогне, мислам дека така повеќе ми одмага, ма колку му била намерата благородна.

ГРУЈО ЦАРЕ, остај не да пушиме-та уште тоа му остана на народецов од ефтина занимација,

ОСТАЈ НЕ ДА ПУШИМЕ за да не го попушиш ! ! !

П.С.
За оние кои сепак ќе мора зимава да ја ПОПУШАТ надвор на ладно, еве практично помагало:
http://www.suck.uk.com/product.php?rangeID=69#

De gustibus non est disputandum ! ! !

кое решение го - од дамјан на 2 декември, 2008 - 17:37

кое решение го предлагаш ти да се заштитат другите луѓе од димот на оној што пуши?

сликата на гоце
Гас маски? -- - од гоце на 3 декември, 2008 - 00:21

Гас маски? [намигнува]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на m3chan1k
Јас ви - од m3chan1k на 3 декември, 2008 - 09:50

Јас ви предлагам масовна преселба во Шведска [се смее] Овде ви е дозволено да го пушите по улици колку што сакате, а за оние што се загрижени за своето здравје постои најдобрата никотинска опција во светот : http://en.wikipedia.org/wiki/Snus

mINd tHe GaP...

сликата на miopa
Сегашниот - од miopa на 11 декември, 2008 - 09:42

Сегашниот закон е добар, со мали модификации. Забраната за пушење на улица или во парк нема смисла. Ќе се тргнеш 2 чекори ако сакаш да се заштитиш од димот. Или просторија за пушачи во затворените установи, не влегуваш ако ти пречи димот.

--
Краткиот живот гори појасно

ОСТАЈ НЕ ДА - од Pijandura на 9 декември, 2008 - 11:04

ОСТАЈ НЕ ДА ПУШИМЕ за да не го попушиш ! ! !

ДОБАР ДОБАР....

сликата на excellent
Фали опција Ја - од excellent на 1 декември, 2008 - 13:41

Фали опција Ја сум непушач, ама ова не е закон туку смешка.

Значи НЕ за законот. И искрено се надевам дека некој ќе го донесе на Уставен. Каде што ќе тресне како ја од брдото покрај Пролом Бања кога бев трето одд.

--------
Danger could be my middle name. But it's John.

Фали опција Ја - од Сељачиште на 1 декември, 2008 - 14:03

excellent напиша:

некој ќе го донесе на Уставен. Каде што ќе тресне

Хммм.... зошто? На кој член од уставот му противречи?

сликата на dimitar27
Фали опција Ја - од dimitar27 на 1 декември, 2008 - 14:31

Сељачиште напиша:
excellent напиша:

некој ќе го донесе на Уставен. Каде што ќе тресне

Хммм.... зошто? На кој член од уставот му противречи?

Не ниеден, нема да падне кај нас, ама имаме право да сањаме [се смее]
На уставс е повикуваат по логика дека „сите сме еднакви пред уставот и законите“ па ако ен правиме ништо противзаконско, не треба да не двојат од другите. Секако, во праксата за мнооогууу нешта не е вака, и тоа е нормално. Нема шанса за уставен суд, ама има шанса за „изигрување“ на зконот, а МОРА да се дозволи регистрација за разно-разни здруженија на пушачи, клубови, или како веќе ќе се викаат, и на истите да им се дозволи здружување заради остварување на заеднички цели, па така, и отворање на клубови каде ќе може да се пуши. Ова можно е?

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Zelka
колега сеге - од Zelka на 1 декември, 2008 - 16:36

колега сеге беше у чикаго. и прво нешто што го прашав е дали успеа да запалиш цигара?
тој ми рече дека успеал но надвор на улица (у соба од хотел не се рачуна)каде што на кантите имало некој додаток да се изгази догорчето. на следното мое прашање како те гледаа луѓето кои проаѓаа, ми одговори као евреј у фашистичка германија.
Би сакал чомбе да се умеша да ни даде гледиште од негова перспектива.
Јас сум пушач но треба да прифатиме дека пушењето е одамна станато демоде и полека изумира. Па мајке му... во турција забранија пушење! у туркије! еј
Поентава на ова е да клечиш надвор на -20 и да се осетиш како црнец!
Јас дадов збор и реков дека на 2-ри јануари ги оставам. ви предлагам и вие тоа да го направите.

Ја кога - од Сељачиште на 1 декември, 2008 - 19:55

Ја кога оптегнав една цигара на сред бел ден на Курфурштенштрасе среде Берлин, жими све минувачите ме гледаа со сожалување слично на она со кое јас би гледал некој алкос како се тетерави пред пиљара. После, така, поскришно пушев пошто стварно непријатно ми беше.

сликата на dimitar27
Абе демоде е и - од dimitar27 на 1 декември, 2008 - 19:56

Абе демоде е и да си стрејт, па . .ја не пратам моде [се смее]
И кажи кај ќе ги оставиш цигарите, да ги земеме ние [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

Koj ve ebe be! - од scaptomant на 3 декември, 2008 - 19:28

Особено треба овој закон да се применува на отворено и во паркови. Само на најхардкор идиоти може да им биде прифатливо да се пуши во паркови. Прво, опасно е да се пуши во места со зеленило и дрва, а второ, кај кур тресете цигари? Случајно да не си носите пепељари со капаче од дома и да си ја носите пепелта да ја фрлите дома? Како не бе, тресете на земја и по тревата. Таму вашите и моите деца (кога-тогаш) си играат. Сегде треба да забранат да се пуши. Преку глава ми е да бидам жртва на пушачи. Иди у клуб некој навечер, кога ке се вратиш мораш одам да се тушираш. Иди у сендвичара или ресторан, ке седне некој морон позади (или уште полошо ДО) тебе, па ти уживај во вкусот и аромата на јадењето што си го платил исто колку што и моронот го платил своето. Сум се возел у такси, каде таксистот запалил цигара без да ме праша дали ми смета. Е време е вие да бидете жртви. А тоа дека се труете, ич к*р не ми чуе. Очи вадете, слепи идете. Важно ми е мене да не ме гушите. ВИ ДОЈДЕ КРАЈОТ! [се смее] :) [се смее] :) [се смее]

сликата на dimitar27
Koj ve ebe be! - од dimitar27 на 3 декември, 2008 - 22:32

scaptomant напиша:

Особено треба овој закон да се применува на отворено и во паркови. Само на најхардкор идиоти може да им биде прифатливо да се пуши во паркови. Прво, опасно е да се пуши во места со зеленило и дрва, а второ, кај кур тресете цигари? Случајно да не си носите пепељари со капаче од дома и да си ја носите пепелта да ја фрлите дома? Како не бе, тресете на земја и по тревата. Таму вашите и моите деца (кога-тогаш) си играат. Сегде треба да забранат да се пуши. Преку глава ми е да бидам жртва на пушачи. Иди у клуб некој навечер, кога ке се вратиш мораш одам да се тушираш. Иди у сендвичара или ресторан, ке седне некој морон позади (или уште полошо ДО) тебе, па ти уживај во вкусот и аромата на јадењето што си го платил исто колку што и моронот го платил своето. Сум се возел у такси, каде таксистот запалил цигара без да ме праша дали ми смета. Е време е вие да бидете жртви. А тоа дека се труете, ич к*р не ми чуе. Очи вадете, слепи идете. Важно ми е мене да не ме гушите. ВИ ДОЈДЕ КРАЈОТ! [се смее] :) [се смее] :) [се смее]

Отсекогаш ме воодушевувала широкоградоста на ваквите луѓе, едноставно ЛУЃЕ ! ! !

У парк па пепелта сметала? Да речеш пикавците-ќе бидеш целосно у право, ама пепелта бе тупославе?? Пепелта док падне на милата ти трева (btw зелена трева е многу тешко запалива) го снемува.
Се согласувам целосно за во такси, посебно кога таксистот пуши, ама кај нас таксистите не сваќаат дека додека се возиш и за тоа плаќаш возилото е изнајмено од тебе, и ти одбираш каде и како ќе се возиш, се додека е тоа во границите на законите.
Предлог имам, кажав, посебни клубови за пушачи, па непушачите нека не доагаат ако толку им пречи. Дека и ваа е лицемерна прикаска ко и многу кај нас, и дека и за оваа прикаска се докажуваме како врвни лицемери, ми потврди денес мојата посета на БРОЗ кафе. Таму одамна, уште пред закониве, има два дела: доле е непушачки, горе пушачки (поголемиот дел). И влегувам у кафич, доле нема никој, освен персонал, а горе пуно, нема празно столче?? И не, не пушат сите гости кои се горе, брат брату, некои 30-40% не пушат (пола ги познавам, другите видов дека не пушат). И сега? Кој кому и за кој мој глуми? Шо не си седнат доле непушачите? Или, еве, ако се со пушач во друштво, како не можат да го убедат да седне со нив кај непушашкиот дел?
Абе . . лигушка работа, ама пак е модерно . .и сега сите со сила ќе се праиме луди.
Скраптоман, ќе забораев, И „НИЕ“ тебе да ти ебеме све по дома (нема љутиш нели?) [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на aceva
И јас поздравувам по дома - од aceva на 4 декември, 2008 - 00:30

Башка, пепелот од цигари има азот кој им се допаѓа на биљкици. И да. Јас си ги носам дома пикавците, за разлика од масните најлони кои ги „заборава„ некој во големи количини и кои никогаш нема да се разградат.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Геолозите на - од Сељачиште на 4 декември, 2008 - 07:08

Геолозите на иднината староста на седиментите ќе ја одредуваат според најлоните во нив. [се смее]

сликата на цепе
Не знам дали е - од цепе на 4 декември, 2008 - 01:10

Не знам дали е ова правиот начин, ама стварно преку глава ми е од дишење на чад во кој било локал од Скопјево да влезам. Пушачи - пушете колку сакате - ама дома!

сликата на zlochko
Целата - од zlochko на 4 декември, 2008 - 16:01

Целата приказна на протуркување и имплементација на овој закон се само тест кој што на одредени фаци им покажува колку граѓаните во одредена држава се спремни да заборават на своите базични слободи и да го подвиткаат грбот, да го проголтаат тоа што им се сервира... па ако се, тогаш зошто да не ги пратиме во земја 1000 километри далеку да војуваат за нафта или пак 2000 километри далеку да бидат оружени заштитници на хектари и хектари афионови полиња, или пак дома да ја ослабиме до толку националната валута, па да можеме да ја замениме со нова - глобална... или пак да градиме цркви на плоштадите и да воведуваме веронауки по школите...

Нема врска овој закон ниту су пушење, ниту со здравје!

Целата - од дамјан на 4 декември, 2008 - 21:54

zlochko напиша:

...своите базични слободи и да го подвиткаат грбот, да го проголтаат тоа што им се сервира...

хмм, what? кои базични слободи да ги трујат другите луѓе??

сликата на zlochko
Целата - од zlochko на 5 декември, 2008 - 00:33

дамјан напиша:
zlochko напиша:

...своите базични слободи и да го подвиткаат грбот, да го проголтаат тоа што им се сервира...

хмм, what? кои базични слободи да ги трујат другите луѓе??

Имам впечаток дека не си разбрал кон што целам. Кога правиш таков тест мораш да дадеш и еден вид на позитивна стимулација за убедувањето кое што го пропагираш да биде, те. барем да има шанса да биде прифатено од пошироката популација.
Така што ултимативно, сите овие закони и целиот hype околу забраната за пушење немаат ама баш никаква врска со здравјето и со грижата на административците за добросостојбата на своите сограѓани.

А што се однесува до твоето прашање, да ти одговарам и на него - да, homo homini lopus est, така што и тоа е една таква базична слобода, ни се допаѓало тоа на нас или не.

сликата на JohnFoe
Целата - од JohnFoe на 5 декември, 2008 - 12:21

zlochko напиша:

Така што ултимативно, сите овие закони и целиот hype околу забраната за пушење немаат ама баш никаква врска со здравјето и со грижата на административците за добросостојбата на своите сограѓани.

туку?

сликата на zlochko
Туку 2 - од zlochko на 5 декември, 2008 - 12:53

Туку 2 коментара над овој на кој што ми реплицираш, има уште еден коментар од мене. Прочитај го.

сликата на JohnFoe
слична, а и иста - од JohnFoe на 7 декември, 2008 - 12:40

слична, а и иста дедукција може да се примени во анализата на сите закони донесени од влада кои се однесуваат на граѓани.
благата параноичност воопшто не ја поништува врската на законот за кој зборуваме со здравјето на луѓето, како и со претпоставената грижа на административците за добросостојбата на своите сограѓани.

Целата - од Сељачиште на 5 декември, 2008 - 13:23

zlochko напиша:

А што се однесува до твоето прашање, да ти одговарам и на него - да, homo homini lopus est, така што и тоа е една таква базична слобода, ни се допаѓало тоа на нас или не.

Па токму договорното откажување од одредени природни права и слободи е камен-темелникот на човековата цивилизација, на организираното живеење во општество. Ако не, тогаш се вика дивјаштво.

сликата на zlochko
да де - од zlochko на 5 декември, 2008 - 14:43

Значи, како што реков - ни се допаѓало тоа на нас или не.

Уште еднаш, јас алудирам на сосема друго... не велам дека непушачкото општество е лоша работа. Напротив! Но велам дека овој закон, како и самиот тренд што моментално владее на стигматизирање на пушењето ултимативно не му е целта подобрување на сеопштото здравје.

сликата на гоце
А вакцините на - од гоце на 5 декември, 2008 - 15:04

А вакцините на децата што ги даваат? Тоа што е, отров кој ги прави глупи и послушни?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на zlochko
А вакцините на - од zlochko на 5 декември, 2008 - 19:49

гоце напиша:

А вакцините на децата што ги даваат? Тоа што е, отров кој ги прави глупи и послушни?

Не би знаел. Ама за тоа ако го прашаш Јаре мислам дека ќе има што да ти каже на таа тема. Го познаваш, нели? [се смее]

сликата на Новица
ако успее.... - од Новица на 5 декември, 2008 - 16:09

ако успее не само што ќе се подобри сеопштото здравје, туку и ќе се намалат медицинските трошоци.

[се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на dimitar27
ако успее.... - од dimitar27 на 6 декември, 2008 - 09:33

Новица напиша:

ако успее не само што ќе се подобри сеопштото здравје, туку и ќе се намалат медицинските трошоци.

[се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Напротив Новица, напротив. Ако си остане по старо, тогаш трошоците се ниски. Пушачите умираат многу порано од пушачите, у просек 10-12 години порано, така што во старсоната доба кога највеќе трошат за лекови (стари луге-пензионери) најмалку има пушачи. ПЛус, нема да арчи државата пензии за нас [се смее]
ЗНачи поржете не нас сега, за да имате подобри пензионерски денови [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Zelka
е да бе не праиш - од Zelka на 6 декември, 2008 - 11:06

е да бе не праиш арч за пензија... па жена ти ќе ти ја троши

сликата на dimitar27
Зељадине сине . - од dimitar27 на 7 декември, 2008 - 11:25

Зељадине сине . . ти си младо па не си размишљал за пензија, ја од моја 3о-та година за тоа размилувам [се смее]
Не може бе телец жена ми да ја крка пензијата, или ако ја крка мојата, МОРА да се откаже од нејзината, зависи која е поголема. Значи, ќар е да останат пушачите активни, целосен ќар, и за нивните семејства (ќе умрат побрзо ќе остава наследсвтото за трошење), за нивните вдовици (да си се премужат со време) но и за општеството во целост (не правиме трошоци за пензии и здрсвтсво па останува повеќе за другите-као здравите) [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на miopa
Целата - од miopa на 11 декември, 2008 - 09:23

Сељачиште напиша:

Па токму договорното откажување од одредени природни права и слободи е камен-темелникот на човековата цивилизација, на организираното живеење во општество.

Јас не сум се договарал ништо со никој. Откажувањето е принудно и без алтернатива.

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на bojance
Дупли аршини по глава можат да ти скокаат! - од bojance на 7 декември, 2008 - 18:06

Вредностите според кои се водиме и не водат во животот се рамката од која сакале не сакале не се бега. Убаво е да се гледаат овие мерила качен на рид, уште поубаво кога си во хеликоптер да речеме. Чат пат некои вредности, мерила се подкрепени и со цврсти аргументи (статиситки кои посочуваат колку од луѓето со рак на бели дробови се пушачи) некогаш и со искуства (тетка, мајка, комшиа починал од рак на бели дробови). За волја на вистината ќе кажам дека баба Стара како што ја викавме Сандра, бабата од комшии си ги надживеа децата, а рацете и беа пожолтени од тутун. Ајде да пробаме да ги игнорираме овие надлуѓе и да зборуваме за мнозинството.
Факт е дека на големо се труби во цел свет ете пушење цигари е штетно по здравје (поточно група несогорени чиклични јаглехидрати кои можат директно да се поврзат со ДНК да предизвикаат мутации, па со тек на години кога би се акумулирале клучни мутации да предизвикаат промена на клеточно ниво кое го нарекуваме рак). Да речеме ете дека можните последици од пушењето се едно колективно всадено знаење.
Друга работа, пред сто години нашите прародители поим си немале кои се тоа циклични јаглехидрати кои ја мутираат ДНК. Па ним да им се речело ете заради тоа и тоа не е убаво да се пуши, ме облева некое чувство кое ми вели дека бледо би бил погледнат.
Кој знае што ќе се смета за јаготките после сто години. Можеби јаготките имаат такво влијание како глувчинњата во Автосоперот на Даглас Адамс
Да се вратиме овде, денес.

Скраја да е далеку, пу,пу но ете сте се одлучиле готово, крај е! И решени сте да се самоубите. Сметате дека најдобро е да се скокни од зграда. Дали сте спремни со вас да го земете најдрагиот пријател и го присилувате да скокнете заедно (на кој меѓудругото само што му се родило дете со љубовта од второ одделение) или би скокнале сами?

Јас гласав: Море све у пм, до цигарите ли дојде?

Порака за по дома: Луѓе не ни треба закон да ни каже дека пушење цигари убива. Ни треба морал кој ќе има сила стоички да праша, која е разликата меѓу мене пушач на јавни места и .....

Поздрав.

сликата на Муцко
Придружете се на кампањите на Facebook - од Муцко на 10 декември, 2008 - 12:57

Луѓето што се револтирани од овој закон (и сличните), на Facebook имаат организирано кампањи кои треба да ù укажат на власта дека нивниот број воопшто не е мал, т.е. треба да ги ревидира таквите закони (или народот ќе ја ревидира власта на следните парламентарни избори). Конкретно, можете да се придружите на:

   ► Групата БОРБА ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ
   ► Каузата Сакам да пушам и во трамвај!

или ако сте против повеќето вакви закони на:

   ► Групата СТОП за претераните законски КАЗНИ од 50€ (и нагоре)
   ► Каузата СТОП за претераните законски КАЗНИ од 50€ (и нагоре)
 

Цитат: Сакам - од дамјан на 10 декември, 2008 - 23:53

Цитат:

Сакам да пушам и во трамвај!

WTF какви дебили се ова

сликата на гоце
Љубеители на - од гоце на 11 декември, 2008 - 02:21

Љубители на патувања во земји каде што има трамваи со отворен кров [се смее]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Julls
Мене ме нервира - од Julls на 15 декември, 2008 - 08:52

Мене ме нервира фактот што на едно чудо несредени работи, се фаќаат за некоја ваква, како забрана за пушење на јавни места. А јавно место не е надвор? Мислам, супер, океј, нека не се пуши, ама прво сакам се друго да ми е средено во државата па да се среди и ова.
Инаку, јас сум досаден пушач...досаден зошто пушам една кутија цигари по неколку дена, па не се сметам за некој хардкор пушач.
И како таков никаков пушач, највише мразам кога идам од „град“ смрдам на цигари...комплет...од глава до пети. Му смрдам на детено што спие у иста соба со мене, а тоа ми е искрено најгадно! Тоа го ставам во ист ранг како да се наљокам алкохол и да му дишам у фаца.
Во суштина јас поддржувам непушење во близина на деца, ние големите можеме да одлучиме што е добро што не е за нас. Тука би ставила казни од многу големи суми! Поготово ако не мораш да пушиш, ако имаш избор да излезеш и запалиш. Имав прилика да седам кај пријатели со мало бебе, кои опуштено се страствени пушачи и тоа го прават во истата просторија каде е нивното бебе. А имаат тераса....тоа ми е грозно. Јас моите две до три цигари дневно не ги ни споредувам со тоа! И јас ги палам кога детето ми спие, навечер..или ако не е дома! Луфтирање обавезно!
Ова со законов? Ова ми е смешно...како што во 1999 година ми беше смешен законот за радиодифузија а и ден денес не функционира како што треба. Ништо не функционира па ни тоа. Така мислам дека ќе биде и со ова...

Само тотално ме пиздат оние непушачите кои тука нешто се курчат со „цркнете пушачи“ и „ако ви е“. Да пропушите дај боже, за вас кои сте со такви дебилни идеи. Па да видите како тоа изгледа.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на dimitar27
така е Јулке, - од dimitar27 на 15 декември, 2008 - 14:46

така е Јулке, најглупо е што ја градиме куќава од кров. ама, ете, демек нешто се гради.
Плус, за закон кој се донесува а не се спроведува, крив е оној кој треба да го спроведе.
Еве пример за најозлогласениот закон донесен у МК евер:
Законот за забрана на работа на кафулињата после 00 во работен, и после 01 во викенд.Таков закон се носеше 3 пати до 2003, и секогаш беше „секое чудо 3 дена“ и си теравме по старо.
2003 лицето Костов Хари, во фунцкија на тазе премиер а претходно прв џандар у МК, го доесе и сега актуелниот закон. Педерски е, многу ми смета мене лично, ама . .еве опстана веќе 5-6 години, значи ако се сака, можело?!?
Така да . . мисламдека некои закони се носат однапред со намера да не се спроведуваат или да се спроведуваат реда ради, или селективно. Искрено се надевам дека и законов против пушење че биде еден од таквите.

De gustibus non est disputandum ! ! !

така е Јулке, - од дамјан на 19 декември, 2008 - 15:14

dimitar27 напиша:

Искрено се надевам дека и законов против пушење че биде еден од таквите.

за да можеш да продолжиш да ги труеш сограѓаните?

сликата на KenobiBen
Не ми се верува, - од KenobiBen на 17 декември, 2008 - 01:33

Не ми се верува, 2 години пробувам да се закачам и конечно успеав.

А да, уа за законов, тапа се, и се трудам да ги оставам цигарите. Здравствени причини инаку со задоволство би ги пунел џеповите на тутунските босови [се гази од смеење]

па веќе стварно - од elle на 26 декември, 2008 - 21:23

па веќе стварно се досадни со тоа пушење на јавни места..епа ај кажете ми кога ке отидеш во кафич кај ке пушиш...значи забоди се во вецето и таму пуши...мн глупав закон е..а и тој законот за фрлање на отпушок е мн глуп...пред неколку дена видов цајкан како фрла отпушок на земја...епа извини ама како за сите така и за тебе [се гази од смеење]