7 јануари, 2009 - 18:53
[веб кирилица]

Зошто општествата пропаѓаат?

од Новица на 27 ное 2008 - 22:15

Само што го гледав Џеред Дајамонд на ТЕД. Во својот говор тој објаснува зошто општествата пропаѓаат и дали можат да сторат нешто за да се спасат.

Тој има пет критериуми според кои оценува кои се шансите едно општество да преживее, односно спаси од колапс. Решив да видам како се применуваат тие на Македонија. Еве ги:

1. Човечко влијание на околината, уништување на природните ресурси (ОКТА, загадени вода, истребена пастрмка, изгорени и исечени шуми (и донекаде пошумени со нови), Велешка топилница, ФЕНИ...)
2. Климатски промени: Да.
3. Односи со соседни пријателски општества, кои му помагаат на општеството (кога нема поддршка што се случува?): Македонија баш и нема некои традиционални пријатели. Сепак, ако е да се цени преку трговската размена (увоз/извоз), тогаш големиот дефицит е добар индикатор за лоша состојба, како и рецесија во економиите на најголемите партнери.
4. Односи со непријателски општества: традиционално непријателски односи со сите комшии, блокиран пристап до странство (шенген), учество во војни....
5. Политички, економски, социјални и културни фактори, кои овозможуваат полесно или потешко решавање на проблемите: национализам, шовинизам, кратковидост...?

Дајамонд објаснува и како може некое општество да се спаси, или пак, зошто општествата не се спасуваат. Препорачувам секој да си го погледа предавањето и да оцени какви се шансите на нашето општество.

Опции за гледање на коментари


сликата на PLAYLIFE
Односи со - од PLAYLIFE на 29 ноември, 2008 - 17:06

Односи со соседни пријателски општества, кои му помагаат на општеството (кога нема поддршка што се случува?): Македонија баш и нема некои традиционални пријатели. Сепак, ако е да се цени преку трговската размена (увоз/извоз), тогаш големиот дефицит е добар индикатор за лоша состојба, како и рецесија во економиите на најголемите партнери.

Ова ти е реченица на годината. Каква врска има пријателски општества и дефицит. Дефицит значи дека само повеќе увезуваме, а не кои ни се, и дали ни се другари;) Дефицитот се појавува и при странски инвестиции. Дали дефицитот сам по себе може да ни каже нешто? НЕ БАШ, или НЕ она што ти сакаш да го видиш;)

сликата на Новица
Не знам дали е - од Новица на 29 ноември, 2008 - 18:10

Не знам дали е реченица на година. Се обидуваав да правам паралели меѓу денес и примерите од предавањето. Таму мислам имаше трговијата со матичната земја (норвешка) опаднала и тоа била една од причините за колапс. Така паралелата ми е со денешната трговска размена, односно дефицитот што ние го имаме.

Веројатно е дека нема „пријателски општества“ сега како што тоа било пред 1000 години, но можеби и може да се резонира така, ако на пример се земат за „пријателски“ договорите за слободна трговска размена и сл.

Како и да е... можеби и не ми е на место паралелата што сум сакал да ја повлечам, но ако го погледнеш видеото, можеби тебе ќе ти текне нешто посоодветно што може да ја илустрира ситуацијата подобро.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на m3chan1k
инстант наука - од m3chan1k на 29 ноември, 2008 - 20:37

добро е што се' повеќе млади луѓе се интересираат за вакви исклучително комплексни работи, но лошата страна на медалот е што се' се прифаќа здраво за готово, со копи-пејст методологија, без критичка анализа и без понатамошно „копање“ во темата...

Прво : Џеред Дајмонд е експерт во биологија, биофизика, екологија и географија. Книгата што го направи славен (и по чиј повод, претпоставувам, е одржан разговорот за кој зборува Новица) Collapse: How Societies Choose to Fail or Succeed, е само сумирано и преработено прераскажување на 12-томното ремек дело на Arnold J. Toynbee - A Study of History...

Второ : општествата за кои зборува чичко Дајмонд во книгата се, т.е. биле повеќе или помалку изолирани (Маи, Гренландски Ескими, Велигденски Острови).. од друга страна, Македонија не е изолирана на остров (камо да беше) и не егзистира под стаклено ѕвоно(иако најчесто така изгледа). Дајмонд мисли на цивилизации (го користам речникот на Тојнби, како поадекватен, а делумно и поради повеќезначноста на терминот „општество“), и само во таа смисла може да се врши компаративна анализа на петте критериуми. Ако го прочиташ Тојнби ќе видиш дека во целокупната досегашна човечка историја се идентификувани само 30 цивилизации (en.wikipedia.org/wiki/A_Study_of_History) и некои други работи, како дека главен предуслов за преживување на една цивилизација е адаптивниот потенцијал, претставен преку авангардното креативно малцинство во истата...

И само уште една забелешка : Не можеш да зборуваш за соседни пријателски/непријателски општества и да гледаш дури до Албанија или Грција, и трговската размена да ти биде мерило за пријателски односи... Еве на пр. со Германија имаме многу позитивни односи, а со размената сме длабоко во дупка; дали тоа значи дека и тие само „декларативно“ ни се другарчиња..? И ако е така зошто го дозволуваме тоа? Одговорот на ова прашање ќе ти каже зошто имаме дефицит во надворешната трговија...

mINd tHe GaP...

сликата на Новица
факт е дека јас - од Новица на 29 ноември, 2008 - 23:58

факт е дека јас го излгедав видеото и си искоментирав така за него. може грешам. но типот во предавањето ги применуваше тие 5 критериуми и на денешна монтана. па, можеби има и нешто таму. [се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Екчли, славен - од PetarK на 5 декември, 2008 - 01:12

Екчли, славен го направи книгата пред тоа, Guns, germs and steel или како и да беше. Критиките за последнава книга беа конзистентни дека е понеуверлива од претходната.