3 септември, 2010 - 22:10
[веб кирилица]

Предизборна нуклеарка „Итар Пејо“

од Незнаен Јунак (непроверено) на 7 мар 2009 - 16:40

Преземено од А1 [a1.com.mk]
__________________

Македонија би требала наскоро да почне со изградба на нуклеарна централа, за таа да може да профункционира во 2025 година.

Ова се предвидува во Националната енергетска стратегија изработена од Македонската академија за науки и уметности, која во денешното интервју за „Дневник“, пошироко ја образложува академик Глигор Каневче.

„Изградбата на домашна нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа“, смета Каневче.

Според него, локацијата на нуклеарна централа, најверојатно би била во Мариово, затоа што тој терен е многу поволен и од сеизмички и од аспект на населеност.

„Во нашиот план предвидуваме нуклеарката да почне да работи по 2025 година. Таа би била на некој начин алтернатива на можните термоцентрали на јаглен со подземен коп“, вели Каневче.

Тој појаснува дека нуклеарката би била спас, со оглед на високата цена која што треба да се плати за испуштање на стакленичките гасови од централите на јаглен.

„Значи, овие планови многу ќе зависат од сценаријата во светот и Европа за намалување на стакленичките гасови според протоколот од Кјото. Ние сигурно до тогаш ќе бидеме во ЕУ и ќе мора да ги исполниме обврските. Со оглед на тоа дека периодот за изградба на нуклеарните централи е многу долг, преку 15 години од првичните акции. За да може македонската нуклеарка по 2025 година да работи ние мораме да започнеме со активностите сега“, потенцира академик Каневче.

Според Националната енергетска стратегија на МАНУ, на Македонија предвидува до 2020 година и се потребни речиси три милијарди евра инвестиции во енергетскиот систем.

Опции за гледање на коментари


Никогаш - од LudoMlado на 7 март, 2009 - 18:41

А како ќе ја ладиме? Црна нема доволно проток на вода. Отпад?
Абе ај...

сликата на toomuchisnotenough
ја сум прв за - од toomuchisnotenough на 7 март, 2009 - 20:48

ја сум прв за нуклеарки. али само у земји кај што има ред.
________________
миле воли диско.

Нуклеарки suck. - од Сељачиште (непроверено) на 7 март, 2009 - 22:41

Нуклеарки suck. Пак се троши гориво за произведување на енергија, наместо истата просто да се собере, набере.

На небото над нас: наааа оолкав извор, чиста енергија.

Во земјата под нас: наааа вжештена магма, фршти со енергија.

Но не. Ние упорно би да гориме нешто. Наместо над нас и под нас да ја собираме готовата, readily available енергија, ние и понатаму копкаме по ултра-тенката корка барајќи нешто за горење. Срамотилаци за цивилизацијата. Type 0!

За нуклеарка во мариово неќам да чујам се додека:

1. не се среди (оптимизира) дистрибутивната мрежа. Многу фура ни иде.

2. не никнат едно 50.000 ветерници и 500 мини акумулации.

Прво ова, па ако ни е малку, ќе видиме што понатаму. А вака одма трт ни-две-ни-три нуклеарка е нереално.

сликата на Новица
Нуклеарки suck. - од Новица на 7 март, 2009 - 23:07

Сељачиште напиша:

1. не се среди (оптимизира) дистрибутивната мрежа. Многу фура ни иде.

2. не никнат едно 50.000 ветерници и 500 мини акумулации.

Еднаш оној што сега е директор на МЕПСО мислам, држеше предавање на Економски факултет, дека според тогашните, на ЕСМ, анализи нема никакви шанси да се задоволи потрошувачка со вода и ветер во Македонија.

Како и да е, не верувам дека Македонија може да изгради и одржува нуклеарка. Мислам... колку години ене не можат езероно Треска во Сарај да го оправат... па нуклеарка. [се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Нуклеарки suck. - од Сељачиште (непроверено) на 7 март, 2009 - 23:12

Новица напиша:

Еднаш оној што сега е директор на МЕПСО мислам, држеше предавање на Економски факултет, дека според тогашните, на ЕСМ, анализи нема никакви шанси да се задоволи потрошувачка со вода и ветер во Македонија.

Би сакал независна студија да видам на таа тема. Но, дури и да е така, водата и ветарот не смеат да се занемаруваат бидејќи ќе носат нешто енергија.

сликата на Chombe
Нуклеарки suck. - од Chombe на 8 март, 2009 - 22:59

У задњиот Тајм има за Данска, каде што 19 посто од енергијата е од ветер.

http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,1881646,00.html

Ова би било супер, мада не знам колку ветер има кај нас. Освен Повардарец кој е константен ветер со брзина од 2 км/ч, не глеам некој друг.
А ветер со оваа брзина, не можеш ни светло на точак да напојуваш. Ја зборам лаички додуше, можда има услови кај нас, што ти ја знам.

МК е планинска земја, цела прошарана со брда, долини, котлини, така да тешко тука нешто ветер да „залауфа“. Еве на пример ја коа бев у Колорадо, пред едно година дена, фраериве имаат супер услови за wind energy. Цела држава е плочка ама на голема надморска висина, башка тука ги имаат Роки Маунтајнс и цело време ти дувка нешто.

Е ама затоа, соларни панели му е мајката. Цело Скопје, место билборди, тртни соларен панел. На секој кров, соларен панел. Ова нема да ти покрие целокупна потрошувачка, ама затоа цело лето, ќе ти покрива некој процент.

Нели едно време, уште пред 10-15 години, и студентскиот Гоце Делчев го направија со соларни панели. Што се деси со ова? Ги сокапаа со камења панеливе или уште си функционира?

сликата на dimitar27
Ја сум еден од - од dimitar27 на 9 март, 2009 - 08:30

Ја сум еден од тие необразуваните како ги рековте . .не сум умен на темава (па и не скеоја друга ако сме искрени) ама не би сакал у мојава држава нуклеарка. Не, не дека се плашам од чернобил 2, пошто и у Бугарија да рокне таа, го јадеме и ние гарант. Само, зш да се мачиме ние, кога бугарине секако ќе прават, ние само да влеземе ко ко-сопственици со нив, нели имаше таква идеа?
Иначе, не гледам зошто кај нас не би можело да име ветерници и соларни панели?? Не е Зетгејст прича, ама зошто е па невозможно? Плус, тоа од унутра од земјинава кора да вадиме енергија, и тоа е неможно? Ај море немаме да користиме плима-осека за струја, ама ветер и слнце бар има овде. Не гледам зошто тоа е неизводливо??
Како и да е, мисламд ека приказнава на МАНУ ќе си остане само пуста желба, како и претпоставката дека до 2025 ќе бидеме во ЕУ посекако. И да бдиеме, таа ЕУ нема да биде оваа ЕУ . .така да . .џабе веземе.
Зеитгејст шала заебанција, ама пола држи, ај ти [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на 3,14
Нуклеарки suck. - од 3,14 на 7 март, 2009 - 23:56

Ваков муабет сум слушнал само од недообразувани три-хагери.

Ако со денешното ниво на технолошки развој имаме метод да жнееме ветрови, термални енергии и хот ер, зошто ги правиме сите овие перипетии? Ако финтата била само да се направат вртелешки и цевки во земјата, зошто инвестиционите фондови не пројавуваат интерес за тоа (немој аман да ми кажеш Зајтгајст завери)?

Во тип 1 се преминува со знаење и технолошки напредок, не со фрлање пари на бара-акумулации и вртелешки на хот ер. Фрлањето пари на "зелени" алтернативи само временски не оддалечува од преминот во Тип 1, бидејќи технолошкиот напредок зависи од економијата, која нели зависи во прв ред од ефтина енергија. Јас не мислам дека ни нашите Тип 1 чукунвнуци ќе се замараат многу со оваа преоблематика, бидејќи за некоја декада ќе имаме технологија за контролирана фузија, а најверојатно и 99% ефикасни горивни ќелии или што и да е тоа на кое ќе се тркалаат колите тогаш.

Еден друг аспект на приговот за ветерници и мини акумулации е тоа што Македонија е утепана, сиромашна земја во развој, каде очекувањето на животниот век паѓа под 70 години, а децата заболуваат од болести, чисто поради недостиг на имунизација која чини цент/човек. Да бараш од таа популација да се грижи за емисија на ЦО2 и слични ствари е невозможно (според мене и неетички).

За дистрибутивната мрежа си потполно во право.
Баш ме интересира колку би била сумата побарана за осигурување на Нуклеарен Комбинат "Итар Пејо".

Нуклеарки suck. - од Сељачиште (непроверено) на 8 март, 2009 - 14:33

3,14 напиша:

Ваков муабет сум слушнал само од недообразувани три-хагери.

Што се три-хагери?

3,14 напиша:

Ако со денешното ниво на технолошки развој имаме метод да жнееме ветрови, термални енергии и хот ер, зошто ги правиме сите овие перипетии? Ако финтата била само да се направат вртелешки и цевки во земјата, зошто инвестиционите фондови не пројавуваат интерес за тоа (немој аман да ми кажеш Зајтгајст завери)?

Ја не реков дека финтата е само вртелешки и цевки. Но, како надополнување на „конвенционалните“ извори на енергија, секако инсистирам на нив. Не гледам зашто би морало енергија 10 да се прави со „конвенционални“ електрани, ако може 7 „конвенционални“ + 3 ветар и вода. Не мислам дека со мини-акумулации ќе ја храниме индустријата, но разни селца и продавнички - сигурно!

3,14 напиша:

Во тип 1 се преминува со знаење и технолошки напредок, не со фрлање пари на бара-акумулации и вртелешки на хот ер. Фрлањето пари на "зелени" алтернативи само временски не оддалечува од преминот во Тип 1, бидејќи технолошкиот напредок зависи од економијата, која нели зависи во прв ред од ефтина енергија. Јас не мислам дека ни нашите Тип 1 чукунвнуци ќе се замараат многу со оваа преоблематика, бидејќи за некоја декада ќе имаме технологија за контролирана фузија, а најверојатно и 99% ефикасни горивни ќелии или што и да е тоа на кое ќе се тркалаат колите тогаш.

Ех, а ако испадне дека не можеме да направиме фузиони електрани? Тогаш што? Башка, твојот аргумент со недостатокот на интерес од страна на инвестиционите фондови можеме да го примениме и тука. До каде сме со фузијата? Што ако е 100, 200, 300 години во иднината...? Цврц!

Затоа предлагам: да ги искористиме сонцето, ветрот, брановите и магмата (накратко: се што можеме!) максимално што можеме, да полниме со нив батерии за електричните доставни возила и малите двоседи за до работа и назад. И дури после да видиме дали и колку ни фали. Ова ти го зборувам во светски рамки. А што се однесува до локалните прилики...

3,14 напиша:

Еден друг аспект на приговот за ветерници и мини акумулации е тоа што Македонија е утепана, сиромашна земја во развој, каде очекувањето на животниот век паѓа под 70 години, а децата заболуваат од болести, чисто поради недостиг на имунизација која чини цент/човек. Да бараш од таа популација да се грижи за емисија на ЦО2 и слични ствари е невозможно (според мене и неетички).

...уште да објасниш како една единствена ветерница ќе го намали просечниот животен век макар и за секунда. Ја не барам од никого во мк да се грижи за ЦО2, туку барам да се грижи за оптимално искористување на природните ресурси. Нели сиромашни сме. Епа супер, дај да го набереме прво она што ни го нуди природата, така ќе станеме помалку сиромашни.

Цитат: Еден - од PetarK на 8 март, 2009 - 17:26

Цитат:

Еден друг аспект на приговот за ветерници и мини акумулации е тоа што Македонија е утепана, сиромашна земја во развој, каде очекувањето на животниот век паѓа под 70 години, а децата заболуваат од болести, чисто поради недостиг на имунизација која чини цент/човек. Да бараш од таа популација да се грижи за емисија на ЦО2 и слични ствари е невозможно (според мене и неетички).

Нуклеарките испуштаат нула ЦО2, а бељите со радијација и складирање на отпадот и тоа како прво ќе се одразат локално во „утепаната, сиромашна земја во развој“.

Има нови - од дамјан на 8 март, 2009 - 23:31

Има нови технологии на нуклеарки денес кои драстично го намалуваат проблемот со нуклеарен отпад, а и опасноста од Чернобил-like хаварија.

Овие технологии не се апликативни веднаш, но за 5 (оптимистички) до 15 (песимистички) години ќе бидат возможни.

сликата на judge
Вие бе луѓе се - од judge на 9 март, 2009 - 11:48

Вие бе луѓе се фативте за темава како да навистина решија да градат нуклеарка. Или ветерници. Или било што друго...
Македонија нема, н-е-м-а, пари за да изгради било што поголемо од статуата на Александар Велики на коњ (за на плоштад). А и тие пари ќе ги земат од купчето за набавка на лекови за деца болни од леукемија, или така нешто.
Владава не знае како ќе истурка до лето, а не до 2025.

Впрочем, целата „вежба“ очигледно е политички интонирана, бидејќи во неа повеќе се зборува за тоа колку луѓе ќе бидат вработени (до 2025!), отколку дали има реална техничка-финансиска-еколошка-што-знам-каква можност. Некои од пречките ги наброија и овде: ладење, складирање на отпад...

Јас, најлаички на свет (немам поим од нуклеарки), предлагам три мерки кои сигурно ќе ни помогнат, барем краткорочно:

1. Еве, за почеток, нека стават некој нормален и способен директор на РЕК Битола, за да работат без испад сите капацитети. Последниот неспособен, кој мамето му го расплака на комбинатот, го наградија со тоа што го поставија за министер (и тоа на одбрана, затоа што тоа има врска со енергетика, нели?)

2. Второ, нека си ги приберат малку сопствените желби за богатење со тоа што нема да ја дуплираат цената на увезената струја поради натрупаните провизии (иако зад ова стои и друга приказна, но сега не е место да ја раскажам).

3. Трето, нека ги надминат несогласувањата со оние другине лопови од Макпетрол, и нека воведат поголемо користење на природен гас. Досегашното стагнирање се должи исклучиво на политичко-криминални мотиви, а не на технички или финансиски.

На крај, да потсетам дека државава сеуште нема затворен енергетски биланс за 2009, т.е. немаат поим од каде ќе најдат пари да увезат доволно струја и нафта ни за следните три месеци, а не за следните девет.
Купете си свеќи! И дрва!

сликата на judge
А аматерите кои - од judge на 9 март, 2009 - 11:56

А аматерите кои мислат дека се новинари во А1, тврдат: „Македонија би требала наскоро да почне со изградба на нуклеарна централа, за таа да може да профункционира во 2025 година.“

Гомно да им дадеш спакувано во соопштение, ќе го изедат и ќе тврдат дека „Македонија до 2011 ќе воведе гомна за национално јадење“.
Кретени, морони, идиоти.

сликата на Tapa user
Ова е - од Tapa user на 9 март, 2009 - 12:16

Ова е нуклеарната централа што ќе се гради во Албанија.

Значи, балканов и де факто ќе врие од нуклеарки...

ајајајаја - од gzleus на 18 март, 2009 - 21:23

засто да не?[url=http://comunalec.com]

Nuclear power? Yes please! - од дамјан на 19 март, 2009 - 04:54

Еве што викаат попаметните [се смее]

http://arstechnica.com/science/news/2009/03/nuclear-power-yes-please.ars
Nuclear power is safe, affordable, and the waste problems are much more manageable than the public realizes. That was the take-home message from this year's American Association for the Advancement of Science meeting in Chicago, where a group of experts from the US and EU participated in a session called "Keeping the Lights On: The Revival of Nuclear Energy for Our Future."