7 јануари, 2009 - 19:09
[веб кирилица]

Дрога X-ти пат...

од Новица на 5 фев 2003 - 01:32

Љубовта и сексот не се веќе главна тема на Багра. Изгледа сите легнале по нешто за новогодишните празници. И така во овој љубовен вакуум дискусиите за дрога земаат замав. (Ова требаше у коментари да иде, ама ај...)

Од коментарите кои ги има многу на број, можам да ги извлечам следниве заклучоци:



1. Некои луѓе не ја читале архивата на Багра на тема дроги. Таму има прилично добри, информативни и поучни текстови. Значи читајте!

2. Некои луѓе сеуште мислат дека можат на различни начини да убедат други луѓе да прават, или да не прават нешто. Абе ај бидете сериозни...

3. Некои луѓе мислат дека се, хм, попаметни(?), по(...?), ако прават или не прават нешто. Абе ај бидете сериозни x2...

Така сега ми текнува на реченива, приближно вака: 'Можеби не се сложувам со твоето мислење, но ќе се борам со сите сили за твоето право да го искажеш твоето мислење'. (Некој слободно нека го подобри цитатов и нека го наведе неговиот автор, сега баш не ми текнува кој беше.[]-))

Обидете се да ја пренесете реченицава на тема дроги: 'Јас не сакам да користам дроги, но ќе се борам со сите сили за право да ги користиш ако сакаш.' или 'Јас мислам дека дрогите се срање, но ако сакаш ти да ги користиш ќе се борам со сите сили за ти да го имаш тоа право.'

Дискусиите на тема дрога (треба/мора да) почнуваат и завршуваат на точката легализација.

Да, да. Сите аргументи кои ви требаат ќе ги најдете во статистичките податоци од Холандија.

Сега можеме да блебетаме дека во Македонија, не знам, и дете од прво оделени може да купи алкохол во продавница и да се направи лом, или дека толку и толку луѓе умреле од не знам која супстанца, и... Ама не.

Ситуацијата со дрогите е иста ко со било што. Да вулгаризирам, иди купи скии и пушти се од прва по стаза во Маврово, и ќе загинеш. Научи како се скија, вежбај... и ќе бидеш Херман Маер.

Затоа пак: дискусиите на тема дрога (треба/мора да) почнуваат и завршуваат на точката легализација.

Декриминализирај, регулирај, оданочи. И секако, образувај се...

Опции за гледање на коментари


сликата на elia
Дрога X-ти пат... - од elia на 5 февруари, 2003 - 02:12

...Така сега ми текнува на реченива, приближно вака: 'Можеби не се сложувам со твоето мислење, но ќе се борам со сите сили за твоето право да го искажеш твоето мислење'. (Некој слободно нека го подобри цитатов и нека го наведе неговиот автор, сега баш не ми текнува кој беше.[]-))

Волтер, "I may not agree with what you say, but I will defend to the death your right to say it."

Дрога X-ти пат... - од monthy на 5 февруари, 2003 - 02:13

'Можеби не се сложувам со твоето мислење, но ќе се борам со сите сили за твоето право да го искажеш твоето мислење'. Ova go kazal Karl Popper. ete za informacija.
nego daj nesto da im napravime na kretenine od dnevnik dva broja po red serat za drogi, tinejdzeri, iskacanja do kasno itn. Sto e mnogu, mnogu e!
...a pa onie majkine od Demir Kapija! Koj kur sakaat pa tie! I koa kje vidam nekoja anketa so tinejdzer sto ne saka da iskaca do posle polnokj... abe aj se iznervirav!

сликата на гоце
Дрога X-ти пат... - од гоце на 5 февруари, 2003 - 11:46

Фраериве од дневник денеска ова го предлагаат:
Се разбира, немаме ништо против забавувањето на младината. Тие имаат право
да се "издуваат" од напорното учење и од другите секојдневни обврски,
да се дружат, да танцуваат колку што сакаат, но за разочарување на оние "најмодерните",
нивната забава мора да се реформира. Се разбира, не како што се реформира се
друго во земјава, туку веднаш и без попуштање.

Целиот текст тука
И после ги тепале новинарите, ма ќутек малку е, ебате неизживеаните!

Дрога X-ти пат... - од milkie на 5 февруари, 2003 - 12:16

Тоа се се' нарачани текстови по добро испробаниот рецепт: сакаш луѓето да гласаат за тебе? -> прво направи проблем (или привид за него) па потоа реши го (или направи привид дека си го решил).

Да се разбереме, ловењето дилерчиња до сега никогаш не го решило проблемот со дрога, па нема ни сега.

Сето тоа е само начин владата да го измести фокусот од вистинските проблеми кои треба да ги решава. Веќе видено. Ќе се дигне галама, ќе се збори на ТВ, ќе се уапсат пар луѓе, ќе се стиша, ќе си продолжи како што било. Ќе си добијат поени огромно гласачко тело (родители се многу и тие гласаат да се разбереме) и некое време нема да се труби за безнадежноста што владее наоколу. [намигнува] Многу едноставно.

беше еднаш....на - од bubuKojot на 3 септември, 2007 - 23:16

беше еднаш на дивиот запад....и така натаму и така натаму

Дрога X-ти пат... - од Сељачиште на 5 февруари, 2003 - 02:54

Така сега ми текнува на реченива, приближно вака: 'Можеби не се сложувам со твоето мислење, но ќе се борам со сите сили за твоето право да го искажеш твоето мислење'. (Некој слободно нека го подобри цитатов и нека го наведе неговиот автор, сега баш не ми текнува кој беше.[]-))

Обидете се да ја пренесете реченицава на тема дроги: 'Јас не сакам да користам дроги, но ќе се борам со сите сили за право да ги користиш ако сакаш.' или 'Јас мислам дека дрогите се срање, но ако сакаш ти да ги користиш ќе се борам со сите сили за ти да го имаш тоа право.'

Овие две тврдења се однесуваат на категории кои имаат потполно различна етичка поларизација (првото е неутрално, а другото не е), и како такви не можат да се изведат едно од друго.

Ме разбра? Ако не, ќе пишувам дополнително.

сликата на miopa
Дрога X-ти пат... - од miopa на 5 февруари, 2003 - 09:54

... категории кои имаат потполно различна етичка поларизација

Јас не разбрав, несоодветен факултет можеби [се смее]
Инаку, правото да го искажам своето мислење ми е многу слично со правото да користам дрога (или било што друго).

Дури искажувањето на мислењето е потенцијано поопасна работа бидејки има (некакво) влијание врз околината/општеството, а користењето на дрогата е чисто индивидуална работа.
Поопшто погледнато, има ли некој (било кој) право да ти каже (во смисла нареди) што да правиш со себе и својот живот?

Дрога X-ти пат... - од Robomarket на 5 февруари, 2003 - 22:52

Ја мразиме марихуаната!!!!
Ја пушиме за да ја уништиме!!!!

Фидел Кастро - од bubuKojot на 3 септември, 2007 - 23:23

Да зивее социјализмот!!!!!!садете Плантажи со мара,да живее валандовскиот канабис,Признајтеа македонија под уставно име......Кастро со ова сакаше да каже (убава комбинација на Проток на Дилери-)