3 септември, 2010 - 14:47
[веб кирилица]

МАКЕДОНСКИ ТРЕШ АРТ...

од Mentor на 16 јун 2009 - 18:25

Ова ќе беше соодветно име на тоа што се случува со Македонската Култура доколку Треш Артот се разбира веќе не беше означен и квалитетен правец во уметноста. Разно разни скулптури и споменици и паметници никнаа преку ноќ, разноразни изложби и инсталации, представи и други збиднувања во име на уметноста. Прашањето што еве јас ќе се обидам да го отворам, а не и да го одговорам е каде е тука критиката? Онаа паралелна дисциплина што ќе даде еден реалистичен и издржан осврт на се она што се случува околу нас во име на уметноста. Освен бледи знаци на одобрување, се разбира нарачано фингирани, ко што излегоа по некои медиуми, и неколку натписи што ги прочитав кои сепак со доза на страв колку толку опфатија некои теми, ништо. Штама.

Издржана критика во Македонија не потои. Тоа е комплетниот заклучок што може да се донесе. Па добро бре, ако до толку немаме образувани критичари дајте да пренасочиме едно десетина пропали студенти од правен или од економски, пошто и онака е малце веројатно дека како такви ќе најдат работа после завршување на нивната сегашна ориентација. Ојде општествово јабана, толку ли се плашат луѓето да зборуваат и да кажат што навистина мислат? Па побогу луѓе, деца од градинка ќе кажат дека работиве што се појавуваат во име на уметноста во последно време едноставно не ги бидува, или се бедни копии на нешто од минатото. Еве Плаошник на пример, жив фалсификат, тоа го нема во ниту една заедница во светов да прави копии на нешто што одамна е изгубено. Па треба да се знае што е копија а што е оригинал барем кога станува збор за Археолошки локалитети. Пред некоја година го беа запрашале еден американски посредник за изградба, колку ќе чинело да се изградела Кеопсована сега. Типон сериозен, седнал, удрил пресметка и излегло дека за 3,5 години ќе се изгради исто таква и ќе кошта 15 000 000 000 УСД. Ама која е поентата од такво нешто? И зошто до сега никој тоа не го направил? Затоа што тоа било ремек дело да се направи тогаш кога е направено, 2560год. пред наше. Ете во Лувр ја направија модерната пирамида, што исто така беше ставена под жестока критика, која сепак главниот архитект, Лио Минг Пеи, ја одби и си ја докажа замислата. Се разбира станува збор за стручњак од својата област кој доволно ја познава проблематиката за да неговото дело не отиде узводно заедно со другите гомна.

Кај нас тука начекаа недостаток на критика, исплашени уметнички полтрончиња кои незаморно ќе се потпикуваат и улизуваат до степен на „ми постана јазикот мазен ко лубеница“, за да се изгребат за некое проектче кое ќе го замачкаат со боите на политиката. Секоја чест на одредените исклучоци кои си држат до нивното, тоа ќе вреди и после долги години многу повеќе од срањата што преку ноќ никнуваат насекаде.

Опции за гледање на коментари


Современите - од Robomarket на 17 јуни, 2009 - 01:19

Современите уметници од запад секогаш биле поврзувани со антиконформистички идеали и биле многу гласни во она што го правеле. Не се согласувале со начините на кои западот го диктира економското темпо за целиот свет или како Америка бомбардира земји кога ќе и прдне. Ова се озбилни прашања кои предизвикале и сеуште предизвикуваат жестоки несогласувања од кои никнуваат протести во облик на уметнички дела.
Уметниците во Македонија го делат истото својство со остатокот од народот овде: имаат фобија од говорење гласно. И не можеш да очекуваш дека некој ќе проба да им сугерира на оние што се на власт дека поголемиот дел од уметничките зафати во земјава се неусогласливи со културата, просторот, атмосферата на едно место...
Уметниците никогаш нема да проговорат против наметнатиот кич затоа што во Македонија никогаш немало традиција на слободно негодување против властите оделотворено во вид на предмет.

Луѓето кои ја сносат одговорноста да го пренесат негодувањето на дел од народот се оние кои движат низ андерграундот. Ако го занемариме бранот од налепници и шаблони од пред 5-6 години, во Скопје нема ништо ново, т.е нема непослушно креативно изразување на револт. Ми се чини дека во секој главен град има по некој Banksy а кај нас тој бенкси мисли дали ќе ја изгуби работата ако го дознаат дека шара по ѕидови или црта мустаќи на портрет од лидерот.

Е сега не е се изгубено, односно ништо не е постојано. Сите споменици што беа поставени до сега и што допрва ќе бидат поставени (освен Аце, Гемиџиите и уште некои, нормално), еден ден некоја навистина современа влада може да ги извади и премести во друга скопска населба или во друг град да речеме. Дури и можат да циркулираат по неколку години во секој град за да се направи место за други, до тогаш се надевам поасални проекти.

Админи на Багр. Полево за пишување е тотално избагирано и стварно живцира. Немојте да бидете мрзи и средете го молам.

... - од Mentor на 17 јуни, 2009 - 12:46

Види...не ми ни беше целта да зборам за андерграунд движењето кое што кај нас го нема... ама да се нема легална критика... незнам со кој памет можеме тоа да си го дозволиме... во старт е јасно дека нешто смрди...

ако некој ме критикува дека лошо свирам... тоа само ќе ме мотивира да вежбам повеќе... и ќе размислам два три пати пред да излезам во јавност и да свирам пак... критичарите понекогаш ги спречуваат уметниците од јавна бламажа... само што кај нас ретко кој ја препознава и бламажата...

Па и - од Robomarket на 17 јуни, 2009 - 20:04

Па и андерграунд движењата претставуваат еден вид на нелегитимна критика ако збориме за архитектонски и урбани потези спроведувани од власта.

Баш денес дознав дека за еден уметник во Македонија да оствари изложба треба да поднесе еден пакет од барања, пријави и описи за изложбата и да чека година дена за некој “вештак“ да види дали ќе го одобрат или не. Изложби добиваат 3% од уметниците а останатите цицаат палец. Ни на крај памет дека сите галерии низ скопјево, како Точка, Мала Станица, МКЦ...се уствари објекти со кои управува министерство за култура. Значи заборави на непристрасна критика. Најлошото нешто што можеш да му го направиш на уметник е да го ограничиш во правото на изразување. Човек се затвара во себе и прави креативно самоубиство.

Со Точка - од PetarK на 18 јуни, 2009 - 23:27

Со Точка управува Коља, не МинКултРепМак.

сликата на Новица
Но, објектот е - од Новица на 22 јуни, 2009 - 19:06

Но, објектот е на Мин. за одбрана ми се чини.

Мислиш може некој од таму да се јави? [се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.


Warning: Unknown column 'uid' in 'field list' query: watchdog INSERT INTO watchdog (uid, type, message, severity, link, location, referer, hostname, timestamp) VALUES (0, 'php', 'Unknown column 'title' in 'field list'\nquery: statistics_exit\nINSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('МАКЕДОНСКИ ТРЕШ АРТ...', 'node/8945', '', '38.107.191.82', 0, '28a7828671aaa827a82797d84c5006bd', 6849, 1283521668) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120.', 2, '', 'http://bagra.org/node/8945', '', '38.107.191.82', 1283521668) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120