10 март, 2010 - 04:36
[веб кирилица]

Црна магија истерувал со евра оти ѓаволот се плашел од ЕУ

од BugS на 1 јул 2009 - 01:15

Преземено од Вест [www.vest.com.mk]
__________________

Сиромаштија... Да не може човек проблемите со снаата да си ги реши на раат.

Колку повеќе пари ќе стават толку побрзо ќе ги из­бр­кал злите духови. Уште ги убедил дека ако стават евра, лошите сили по­бр­зо ќе избегале оти тие многу се плашеле од Европската унија и од стран­ски­ пари

Ис­те­ру­ва­чот на ѓаволи и познат бајач од Штип Сабатин Ш. (42), кој низ гра­дот и пошироката околина е познат и по прекарот Штипјанецот, из­ма­мил двајца жители на велешкото село Омарани и им зел 14.000 ев­ра. Тој им баел и им дал гаранција дека сигурно ќе бидат спасени од цр­ни магии и болести членови на нивните семејства.
Во јануари годинава Штипјанецот престојувал во Велес, кога разбрал за маките на Петре Р. (37) и на Зоран Костовски (38) од Омарани. Тој пратил еден негов при­ја­тел да им порача дека тој е добар бајач од Штип, кој досега многу лу­ѓе спасил од разни проблеми.
Са­ба­тин се сретнал со нив. Едниот имал мака со болно дете, а вториот са­кал да ја смири снаата која правела проблеми дома. Ги убедил де­ка ќе им најде чаре и лек , но тие ќе мора да му дадат по една кошула. За да се фатела магијата, тие морале во внатрешниот дел на кошулите да сошијат пари. Колку повеќе пари ќе стават толку побрзо ќе ги из­бр­кал злите духови. Уште ги убедил дека ако стават евра, лошите сили по­бр­зо ќе избегале оти тие многу се плашеле од Европската унија и од стран­ски­ пари. Услов било кошулите да не ги отвораат до мај, и за тоа време не требало да ги вадат парите кои ги сошиле оти устите вед­наш ќе им се искривеле, а нозете ќе им се укочеле.
Ба­ја­чот Сабатин со кошулите полни со пари си заминал дома во Штип, а наредниот ден се врати во Велес им ги вратил кошулите на двајцата од Оморани, но пак ги предупредил до мај да не ги отвораат кошулите.
Ко­га поминал и мај, двајцата велешани кога не забележале никакво по­доб­ру­ва­ње, решиле да ги отворат кошулите. Едниот на местото каде што сошил 12.000 евра нашол куп обични хартии, а другиот нашол лив­чи­ња на местото каде што сошил 2.000 евра.
Слу­ча­јот веднаш бил пријавен во полиција и, по куса потрага, Штип­ја­не­цот бил откриен и приведен. За него е поднесена пријава за измама. Ј.Т.

Бајачот да ми ги врати парите оти сум сиромав

"Сабатин од Штип ме измами. После ми ветуваше дека ќе ми најде лек и ќе ни помогне во проблемите. Но тоа ништо не успеа. Ме измами, ми ги зема парите. Јас сум сиромашен човек преживувам од тутун, затоа ги молам надлежните, полицијата да ми помогне и да го реши мојот проблем и молам да ми се вратат парите.", вели измамениот Зоран Костовски од велешкото село Оморани.