Воопшто не можам да ги сфатам Македонскиве археолози. Толку се или исполнети со его или со политика, што кај нив воопшто повеќе нема објективност. На секое прашање или сугестија нивниот првичен одговор е „тоа е глупост...“ и одма потоа нивното его настапува на сцена за на крај да кажуваат дека ете они завршиле факултет за тоа и дека мора да се во право.
Текстов ќе оди во насока на реакции за написите што излегоа за Кокино деновиве по дневните гласила. Откако се утврди дека Кокино е опсерваторија, наеднаш се крена голема фама помеѓу самите археолози. Јас лично во последно време го сфаќам проблемот и еве овде ќе укажам на истиот. Тие очигледно не се навикнати на некои нови трендови што веќе десетици години постојат во светот, фузирање на две научни дисциплини што навидум немаат допирни точки. Еве на пример Архео-Астрономија, најчесто се подразбира тимска работа на луѓе што се разбираат од двете области и компарација на добиените резултати со цел одредување на профил на локалитет што во минатото бил користен за набљудување на небесните објекти. Од фундаментално прашање е како древните луѓе ги гледале и ги објаснувале појавите на небото, како ги одредувале годишните времиња, па ете во поголемите култури и како изработувале календари. За нашите археолози, очигледно дека развојот на Археологијата е запрен пред едно 40тина години. За нив Археологијата представува само копкање со лопатчиња и пронаоѓање на артефакти кои потоа ќе ги санираат и изложуваат.
Денес ја добив реакцијата дека тоа што еден локалитет е опсерваторија во никој случај не го прави поважно од фактот дека првенствено бил локалитет. Еве во таа насока ќе потенцирам, независно од тоа дали се води полемика околу тоа дали Кокино е мегалитска или не е мегалитска , опсерваторија сепак е, и тоа е засега неоспорен факт. Исто така е и археолошки локалитет. Фактот дека е опсерваторија, и тоа доста стара, го прави локалитетот уникатен, еден од десетината такви познати во целиот свет. Нашите Археолози наместо да се прилагодат и почнат да размислуваат во насока на соработка со астрономите по однос на ова прашање, тие го омаловажуваат астрономското одбележје на Кокино, најверојатно плашејки се од Астрономијата бидејки тоа за нив е сосема непозната наука и се чувствуваат загрозени од Астрономите и цело време потенцираат дека Астрономите им се мешале во работата. Па дајте веќе еднаш приберете се, погледнете малце и настрана од вашите четкички и шпакли и да соработуваме. Ако вие несакате да правите профили на локалитети со одредена намена (во конкретниов случај Астрономска), а некој тоа мора да го направи ова, тоа само им ја отежнува работата на астрономите. Наместо заеднички да ја водиме битката, ние секогаш сме сфатени и разбрани дека сме немале врска од археологија и ете не ни било местото таму па така како астрономи автоматски сме против вас.
Дајте веќе еднаш погледнете настрана од политиката и од копалчињата и сопственото его. Ако навечер погледнете нагоре во ведрото небо, таму ќе видите многу ѕвезди што и древните луѓе исто така ги гледале и тоа многу повеќе и подобро отколку вие денес. Одговорот на прашањето што тие луѓе гледале на небото, само ќе ја докомплетира нивната историја.
Последни коментари