6 септември, 2010 - 13:13
[веб кирилица]

Во судниот час, скопјани на турбо бајпас

од Незнаен_јунак на 2 ное 2009 - 19:29

Преземено од Вест [vest.com.mk]
__________________

Ечеше "Кога ќе чукне судниот час, ти ќе бидеш мојот бајпас"

Се фрлаат чевли, се кинат кошули, се кршат чаши и шишиња, млади, топ - дотерани девојки и момци, качени по маси, пеат, е само дел од ат­мос­фе­ра­та на концертот на српската турбофолк-звезда Аца Лукас, кој во пе­то­кот вечер се случуваше во дискотеката "Гранд" до Скопје. Но ваквата сли­ка е секојдневие за Скопје. Речиси во сите кафеани, кафулиња, клу­бо­ви, па и во дискотеки на гостите им нудат луди забави со турбофолк-хи­то­ви­те, кои станаа вистински хит во метрополата. Тогаш нема седење, цуп­ка­ње во место и правење муабети. Кога ќе заечат песните на Лукас, Цеца, Бре­на, Индира, Стоја, на Миле Китиќ, тогаш настанува вистински делириум. Бук­вал­но не се знае кој што прави. Сите се весели, качени на маси и сто­лови и, колку што ги држи гласот, ги пеат од почеток до крај турбо-фолк хи­то­ви­те. А се пие како да е последен ден.

Пос­лед­ни­ве неколку години нема млад човек во градот што не слуша тур­бофолк. Разликата е само во тоа што некои тоа гласно го кажуваат, а дру­ги глумат лудило дека не ја слушаат таа музика туку само признаваат поп, рок или хип-хоп, а откако ќе завршат со промовирањето и правењето ше­ма во Дебар маало, се упатуваат во клубовите и дискотеките каде што ечат турбофолк-хитовите.

Де­ка најдобрите турбофолк-журки ги прави Аца Лукас и оти тој со сво­и­те хитови може да ги комира и да им ги излечи сите болки на неговите фа­но­ви, се покажа и во петокот во дискотеката "Гранд". Иако таа е од­да­ле­че­на 20 километри од центарот на градот и буквално е сместена во ни­ва, тоа не им пречи на скопјани.

На­ша­та турбофолк-вечер почна со петнаесетина минутно барање на пар­кинг-место. Околу дискотеката нема изграден паркинг, па возилата се пар­ки­ра­ат по ниви со сено. Дел од мештаните што имаат ниви до дис­ко­те­ка­та, си поставиле рампи, па на импровизиран паркинг, со земја и кал, наплаќаат по 50 денари за паркирање. Нивите беа преполни со џи­по­ви и "мерцедеси", а слободно место немаше ниту на нивите на кои се нап­ла­ќа­ше. Оние што не си дошле порано, мораа возилата, како и нашата екипа, да ги оставаат на самиот пат и да одат десет минути пеш.

Ко­га стигнавме пред дискотека, по 1 часот по полноќ, нe пречека ко­ло­на од луѓе што чекаа ред за влез. А внатре вистинско лудило. Околу 3.000 мла­ди луѓе, веќе поднапиени, со нетрпение го чекаат настапот на Лукас. Ед­вај успеавме да се пробиеме низ мешаницата и да се качиме на вториот кат, мислејќи дека таму ќе има помалку луѓе. Но залудно. И горе беше пре­пол­но, а гостите, како во транс, скокаа , па за момент си помислуваш де­ка од олкава маса народ, диското може да попушти.

По­се­ти­те­ли­те веднаш се навртеа на шанковите и трчаа по келнерите, ба­рај­ќи дупли дози вотка, виски, шток, за да можат во добро расположение да го пречекаат нивниот миленик. Кога Лукас излезе на бината, веќе сите во дискотеката беа поднапиени, а откако го запеа неговиот последен хит "Бајпас", настана делириум. Потоа Аца продолжи да ги комира скопјани со песните "Кома", "Чивас", "Бели ружи" (Беле руже), "Лична карта", "Пос­лед­но пијанство" (Последње пијанство), "Не преживеав" (Нисам преживео), "Пи­јанс­тво­то е мое царство"(Пијанство је моје царство).....Скопјани во еден глас, заедно со Лукас, од прва до последна ги пееја сите песни. Ечеше "не­кој ми умре, а тој некој сум јас", "ноќва спијам сам како да сум за­ра­зен" и "кога ќе чукне судниот час, ти ќе бидеш мојот бајпас".

Де­вој­ки­те, не можејќи веќе да издржат на високите потпетици, ги собу­ваа чевлите и ги фрлаа низ дискотеката. Момците, пак, испотени, ги соб­ле­ку­ваа кошулите, а некои од нив, кога некој стих од песните ќе ги погодеше, ду­ри и ги кинеа на парчиња. Почнаа да се превртуваат и маси, полни со це­ли шишиња виски, но тоа не пречеше никому, само се нарачуваше но­ва тура и се продолжуваше со играњето и пеењето. Околу два часот ат­мос­фе­ра­та зовре. Немаше воздух, но и тоа никој не го забележуваше. До­те­ра­ни­те млади, со многу алкохол во себе, веќе не личеа на себе. Секоја песна на Лукас се доживуваше со по­себ­ни емоции. Некои од девојките што беа на вториот кат на дискотеката, са­каа да се фрлаат од горе. Имаше и такви кои Лукас буквално ги ко­ми­ра­ше. Паѓаа во несвест, па редарите мораа на раце да ги извлекуваат од дис­ко­те­ка­та и во дворот да им даваат прва помош.

Пи­ја­на­та турбофолк-атмосфера раѓаше и љубов меѓу гостите. Оние што не беа дојдени со партнери, опиени што од алкохолот што од песните на срп­ски­от турбофолкер, многу лесно ја искажуваа љубовта и завршуваа во поз­на­ти, но и непознати прегратки.

По точно два часа, Лукас уште еднаш за крај на концертот го испеа не­го­ви­от последен хит "Бајпас" и во вистински делириум ги остави скопските тур­бофолкери, кои со бурен аплауз и скандирање на неговото име го ис­пра­ти­ја гостинот. Воодушевени од одличниот концерт, коментираа "Аца е цар" или "Браво, мајсторе". Потоа толпата луѓе ја напушти дискотеката и, пе­еј­ќи ги песните на Лукас, се упати кон возилата. Голем дел од нив по бурната ноќ се влечеа по нивите и ги бараа своите возила, оти за­бо­ра­ви­ле каде ги паркирале.

Оние, пак, малкумина што случајно се најдоа на концертот на Аца Лукас, и кои умерено пиеле, со чудење ги гледаа нивните пријатели и се прашуваа што е тоа што го прави турбофолкот толку заразен за да дејствува како опи­ум на луѓето.

(А. Антевска)

Опции за гледање на коментари


ај лав хепи - од ackom на 2 ноември, 2009 - 21:38

ај лав хепи ендс

сликата на aceva
Во судниот час, скопјани на турбо бајпас - од aceva на 2 ноември, 2009 - 23:09

Незнаен_јунак напиша:

...Оние, пак, малкумина што случајно се најдоа на концертот на Аца Лукас, и кои умерено пиеле, со чудење ги гледаа нивните пријатели и се прашуваа што е тоа што го прави турбофолкот толку заразен за да дејствува како опи­ум на луѓето.

Е како бе „случајно“ се нашле дваес киломентри од центар, у сред нива? И уште се чудом чуде?

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на гоце
две турбо - од гоце на 3 ноември, 2009 - 00:32

две турбо журки, два review-а. шо не пишувате за техно вака бе новинари?

Цитат:

„Само пијем, само псујем. Само нашу љубав трујем.“

На овие рефрени од српската турбофолк-ѕвезда Шако Полумента, со шишиња пиво, булук скопјани во петокот навечер се потеа мешајќи во дискотеката „Арена”. Поранешниот клуб „Колосеум”, каде што во изминатите години гостуваа познати светски диџеи, стана царство на турбофолкот.

На рефрените „Без тебе сам ја само скитница, кафана ми мајка, сестра улица”, дотерани скопски момчиња и девојки го надвикуваа Шако, а екипата на „Шпиц” беше изненадена од тоа што речиси сите ги знаеја неговите хитови „Дишем за тебе” и „Лепша од ноќи”.

Секако вечерта не помина без премногу шминка и вештачки додатоци во косата, доста бижутерија и лакирани високи чизми - униформата на турбофолкот.

„Ако вара ме, нек их не буде удри, громе, нек изгоре ако ночас са њим је нека гром их побије”
…пееја луѓето од нашето соседство и личности од јавниот живот. Манекенки и водителки не се криеја од блицевите на фотоапаратите, но затоа пак голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски одважно ни одмавна со раката, јасно ставајќи ни до знаење дека фотографирањето е строго забрането.

- Добровечер, Македонијо, прекрасни сте - доволно беше Шако да ги изговори овие зборови и да почне еуфоријата. Капки пот се лееја од него и од сите оние кои се туркаа во првите редови и подаваа раце за да се поздрават. Задоволен што пее во овој клуб, ни призна дека не гостува често во Македонија, но затоа се пофали дека преку океанот на неговите концерти доаѓа македонска публика.

- По Скопје се враќам во Белград, па летам за Ротердам... Работам одлично, фала му на Бога ми оди добро. Публиката е мое најсилно оружје, тие се мојата армија - изјави тој и вети дека ќе дојде повторно овде.

„Још, још...”, „Је, јееее...”, „То, тоооо...”, со овие извици успеа за кусо време да ја загрее атмосферата.

Од турбофолкерите, само Аца Лукас, кој истата вечер пееше во дискотеката „Гранд” кај нас има доминација. Можеби се очекуваше дека „Арена” ќе биде празна, но очигледно во Скопје има доволно обожаватели на оваа музика за да се наполнат две големи дискотеки.

- Аца е број еден, но и Шако е добар. „Арена” е градски клуб, а „Гранд” ни е далеку, но и влезницата за Лукас беше дупло поскапа, па затоа решивме да дојдеме овде - ни изјави полнолетниот скопјанец Игор, кој заедно со девојката посетуваат вакви свирки.

„Процветао багрем бели”, „Зоро не свани, стара љубави са мном остани”, „Дочекајмо јутро заједно, толико ми дужиш ти” се пееја рефрените на овој фолкер, но и песни од Џеј Рамадановски и Шабан Шаулиќ се до раните утрински часови.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=989&ArticleID=38305

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Julls
две турбо - од Julls на 3 ноември, 2009 - 13:24

гоце напиша:

две турбо журки, два review-а. шо не пишувате за техно вака бе новинари?

Па нема текстови многу во техното бе Гоцеее [се смее]
Гледаш дека овде пола текст е опфатен со цитати од песните? Како тоа со теКно да го направат?

Леле се изначудив и го изгуглав овој Шако, жими се не знаев дека и вакво име постои на сцената.

А тоа дека клинци слушаат ТФ, па и по дома им слушаат тоа. Кога им се идолите на розе телевизија...

сликата на цепе
Секој петок да - од цепе на 3 ноември, 2009 - 09:08

Секој петок да има не по две - по три или повеќе ТФ журки низ градов. Барем ќе се знае кај иде сељачаната. А и Вест и Шпиц ќе имаат повеќе материјал за репортажи.

Arguing on the Internet is like running the Special Olympics. Even if you win - you're still a retard

сликата на Tapa user
Аца Лукас не е - од Tapa user на 3 ноември, 2009 - 14:15

Аца Лукас не е турбо фолк.

сликата на JohnFoe
Тепачките, - од JohnFoe на 3 ноември, 2009 - 15:35

Тепачките, пиштолите и дрогата се уредно изоставени од приказната...

сликата на Julls
Читај меѓу - од Julls на 3 ноември, 2009 - 16:45

Читај меѓу редови:

Цитат:

Де­вој­ки­те, не можејќи веќе да издржат на високите потпетици, ги собу­ваа чевлите и ги фрлаа низ дискотеката. Момците, пак, испотени, ги соб­ле­ку­ваа кошулите, а некои од нив, кога некој стих од песните ќе ги погодеше, ду­ри и ги кинеа на парчиња. Почнаа да се превртуваат и маси, полни со це­ли шишиња виски, но тоа не пречеше никому, само се нарачуваше но­ва тура и се продолжуваше со играњето и пеењето.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

ова е вистински - од vestak на 4 ноември, 2009 - 18:14

ова е вистински бајпас за совесните граѓани................зошто па после толку алкохол и гужва од коли би можеле насиве полицајци да заработат добро за нас за државата трошејки по некое балонче................... новинариве добро лоцираат само некој од мвр да научи да чита меѓу редови.


Warning: Unknown column 'title' in 'field list' query: statistics_exit INSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('', 'node/9012', '', '38.107.191.84', 0, 'b1c3460a1879e79c119a41d7cb334251', 38, 1284022612) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120