7 јануари, 2009 - 20:24
[веб кирилица]

Талент шоу

од Obi на 23 јул 2007 - 09:23

Дечки ве поканувам да го стримувате или да си го скините сетов.
Тежина околу 90 мега 192 кбпс
Жанр: Прогресив/Тек/Електро

Линк: http://www.musicv2.com/artist/neno

Траклистинг:

1.) And If - Finest Dream
2.) Never Say White Rooms - Booka Shade
3.) Escape - Ozgur Can
4.) Easy - Trick and Kubic
5.) Tribute to San Fracesco D'Assisi - Lucca Ricci Ventinesimo
6.) 21 years later - PoisonPro
7.) Do you know the taste of real love - Yakov Morozov
8.) Vice- Solaris Heights
9.) Prelude - Joe T Vanelli
10.) Enjoy the Silence - Dan Daniel
11.) It's a Swede Thing - Goodwil
12.) Unpacked - Nicholas van Orton

поздрав

н.

од Grofica на 7 мај 2007 - 23:51

Hello... Ова не е никаква сторија, но јас навистина би сакала сите кои имаат желба и волја, слободно да објавуваат свои поеми тука, зошто морам да признаам, јас сум тешка книгоманка:))), а особено обожавам поезија, па би сакала да прочитам и нешто ваше...
Можеби на некои ова им звучи досадно, но....
Сепак, деновиве ќе се појавам со некоја нова, поинтересна темичка...

By the way, еве три мои песни, се надевам дека ќе добијам некои позитивни критики за нив... [се смее]))

од slave=brainstorm на 11 фев 2007 - 03:48

Мрежите

Некаде кон средината на дваесет и четврти век земјата се соочува со пренаселеност, а резервите на храна се на завидно ниско ниво. Група на мега-корпорации ја формираат Западната компанија и воведуваат нов концепт , нов начин на живот. Ја формираат Мрежата, целосно автоматизирани и компјутеризирани градови-кули т.н. полиси. Не можејќи да ги опфатат сите подрачја и целокупното население се јавува Источната компанија креирајќи уште една мрежа. Набргу целата земја е прекриена со градови-кули освен големите пустини и повисоките планини. Човековиот живот и опстанокот на човештвото е врзан за мрежите, незамислива е каква и да било егзистенција надвор од нив.

од peperutka на 3 дек 2006 - 20:47

Сјаам пак.
Треперам ко дете
неверувајки на својата среќа.
Сјаам со тебе.
И низ сето тоа
сепак знам
не сме веќе оние наивни деца.
Не си тој што го знаев
и знам, не сум ни јас истата.
Како смежуркани латици
се впиваме еден во друг
за боите да сјајнат пак.
Сепак еден ореол на свежина и радост
засекогаш исчезнал од нас.

од peperutka на 1 окт 2006 - 06:21

СЛОБОДА

Ноќ. Пат. Кола. И јас.
Вака создадаената
состојба на транзит
ме ослободува
да ВРИШТАМ.

ИНТИМНОСТ

Со сите ми иде
добро муабетот.
Со кого ќе ми иде
добро ќутењето?

од dukisbook на 1 сеп 2006 - 13:20

Силен ветер ги разигруваше брановите и го заплискуваше бетонот на пристаништето во Анкона. Крај 14-тиот док на свежо офарбаната клупа седеше еден старец. Со проседа коса, со обични очила, и излитен мантил го разлистување дневниот весник.Навидум заинтересиран за содржината изгледаше како секој нормален минувач во преполното пристаниште. Но со крајот на очите внимателно и будно го следеше секој чекор на присутните минувачи. размислуваше за последната порака.Неговиот стар пријател од Амстердам го извести дека ке се случи нешто што мора да биде проследено од нивната агенција и треба да бидат на местото на настанот.Немаше време да се активираат помладите а и повитални агенти , па мораше тој да го изврши следењето.Во пораката беше известен дека четири платеници, кои најверојатно ќе бидат преоблечени во градежни работници ке се сретнат со Х особа и веројатно ќе го егзекутираат.Нашинот не го знаеше а и не беше важен.Агенцијата требаше да биде во тек со престрелките и чистките во подземјето. ,,Проследи и извести,, . Тоа беше неговата мисија. Никакво вовлекување, никакво мешање. Ова требаше да биде ,,нема,, акција.

од dukisbook на 19 авг 2006 - 02:16

Прекрасната кубанска музика не ги оставаше рамнодушни ни најтмурните посетители. Околу триесеттина гости, иако малкумина странци, беа гостите на овој крајбрежен бар во Хавана. Познатата салса се играше на подиумот во,, Фимено,,. Коктелите и мартините се служеа, кубанските хинетери,како што во Куба ги викаа проститутките, повеќето облечени во тесни бели фармерки внимателно ги следеа и кокетираа со неколкумината туристи.

од Lenin на 5 мај 2006 - 01:32

Не е моја Месечината, и затоа нема да им судам на паднатите круши под наведнатите дрва за масакрите на нашата етика и сфаќањето за револуцијата... Нема да и се предадам на темната страна на Месечината како што не се предавам на темната темнина туку молам за една точка згустена светлина, неправилна во ова време, но хранилка за моето его. И не мачете се да сфатите зошто воздухот нема боја, а обидете се да ја откриете бојата на вашите мисли... И ако не ја откриете, обоете ги со светлоста од вашите зборови... Можеби тогаш ќе се најде преведувач за лошите емоции и искривените вистини... А до тогаш, Месечината нема да биде моја, како што и Земјата не е своја...

Syndicate content