3 септември, 2010 - 15:19
[веб кирилица]

Пари и економија

од BugS на 1 јул 2009 - 01:15

Преземено од Вест [www.vest.com.mk]
__________________

Сиромаштија... Да не може човек проблемите со снаата да си ги реши на раат.

Колку повеќе пари ќе стават толку побрзо ќе ги из­бр­кал злите духови. Уште ги убедил дека ако стават евра, лошите сили по­бр­зо ќе избегале оти тие многу се плашеле од Европската унија и од стран­ски­ пари

Ис­те­ру­ва­чот на ѓаволи и познат бајач од Штип Сабатин Ш. (42), кој низ гра­дот и пошироката околина е познат и по прекарот Штипјанецот, из­ма­мил двајца жители на велешкото село Омарани и им зел 14.000 ев­ра. Тој им баел и им дал гаранција дека сигурно ќе бидат спасени од цр­ни магии и болести членови на нивните семејства.

од judge на 8 апр 2009 - 08:01

Во својата последна колумна, „економскиот аналитичар“ Ден Дончев(*) ја прикажува состојбата на државната каса. Не дека многу му верувам на драгион ни Ден (подоцна за тоа), но истите муабети ги слушнав и од друго, многу поверодостојно место - кое не сакам (и не можам) да го откријам.

од Незнаен Јунак (непроверено) на 7 мар 2009 - 16:40

Преземено од А1 [a1.com.mk]
__________________

Македонија би требала наскоро да почне со изградба на нуклеарна централа, за таа да може да профункционира во 2025 година.

Ова се предвидува во Националната енергетска стратегија изработена од Македонската академија за науки и уметности, која во денешното интервју за „Дневник“, пошироко ја образложува академик Глигор Каневче.

„Изградбата на домашна нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа“, смета Каневче.

од Незнаен Јунак (непроверено) на 30 сеп 2008 - 00:21

Преземено од Он.нет [www.on.net.mk]
__________________

Што ли ни смислија сега светските банкари? Изгубија контрола или сето ова е уште една игра која ќе ги направи уште побогати?

По неколкучасовна дебата Претставничкиот дом одлучи да ги игнорира предупредувањата на Џорџ Буш, отфрлајќи го предлогот за интервенција во американската економија која е во сериозна криза.

За одобрување на планот за финансиска поддршка тежок 480 милијарди евра гласале 205, додека против се изјасниле 228 претставници. Најавено е второ гласање.

Само неколку секунди по објавување на одлуката, акциите на Вол Стрит доживеаа драстичен пад.

од nanodot на 18 дек 2006 - 20:56

Преземено од Дневник [dnevnik.com.mk]
__________________

ахаха.. ова ми звучи на Нигериски принцови и Руски нафташи кои мораат да ги префрлат парите со твоја помош :). Само да видиме дали во ова царство наречено Крива Паланка (а богами и Струга) има и дворски шутови?

Локалната власт од Крива Паланка доби понуда да вложи 5.000 долари за да добие 10 милиони евра. Понудата стигна од Станка Кировска, извршна директорка на канцеларијата на ВВВХПФИ во земјава.

Кировска тврди дека организацијата е со седиште во Англија, а поседува и своја банка во Њу Касл, позната како ААС (Адвансед аутомотив системс лтд). На интернет не може да се најде ниедна организација со назив ВВВХПФИ, а под името ААС излегува работилница за поправка на автомобили и за виткање цевки.

од Lenin на 25 апр 2006 - 19:53

Нафта, гас и воздигнувањето на Русија

Вовед

Русија е повторно назад на глобaлната стратешка и економска мапа. Таа се трансформираше од префорсирана воена суперсила во нова енергетска суперсила. Енергетските профити веќе не служат за подршка на масивниот воено – индустриски комплекс како што беше примерот во Советскиот период. Новото богатство од нафтата повеќе се претворува во путер отколку во оружје. И после шест години економски раст во Русија, има нова улога на `мека сила` која се простира далеку повеќе и подалеку од енергетските ресурси. Наместо Црвената армија, главна пробивна сила на руската сила во Украина, Кавказот и Централна Азија сега се рускиот гас и нафта како и руската електрична енергија.

од ZokiSpijac на 31 дек 2005 - 03:27

е добро де, ќе поскапат цигарите. за не баш незначителна сумичка. и демек ќе идат тие процент денари за здрафстфо и слични срања. мене ми личи ова на нов план на политикантските и корумпофотељашки институции кај нас а и по други земји, за профит. како? ќе си продолжат со шверцање, без данок и без царини и без оние додатни денари за здрафство и сл. а ние обичниве, ќе престанеме да пушиме, или ќе продолжиме со намален интензитет на увлекуење, или ќе пуниме полека фонд на здрафство. али сигурно е едно, дека ќе го попушиме убаво и ние и нашиот месечен буџет.се кладам дека кај и да е ќе пушиме бонд од косово по најефтини цени.а пошто текстов содржи нерегуларни изрази, структурално, еве за крај да покажам дека некогаш имаф петка по литература...

од janco_mk на 14 дек 2005 - 18:06

Драга јавност. Поради приватизацијата на телеком (далечната 200 и некоја) јас сега немам телефон дома. Додуше не е тоа единствената причина. Татко ми остана без работа, а четири члено семејство со месечни приходи од 13 000 и двајца студенти неможе да си дозволи луксуз. Е сега пошто ЕСМ ќе се продава не е нормално туку е факт што цената на струјата ќе поскапи. Прашањето е колку? Е НЕ Е ТОА ПРАШАЊЕТО, ТУКУ ШТО ЌЕ ПРАВАМ БЕЗ СТРУЈА !

Syndicate content

Warning: Unknown column 'uid' in 'field list' query: watchdog INSERT INTO watchdog (uid, type, message, severity, link, location, referer, hostname, timestamp) VALUES (0, 'php', 'Unknown column 'title' in 'field list'\nquery: statistics_exit\nINSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('Пари и економија', 'taxonomy/term/40', '', '38.107.191.83', 0, '28a7828671aaa827a82797d84c5006bd', 2762, 1283523553) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120.', 2, '', 'http://bagra.org/taxonomy/term/40', '', '38.107.191.83', 1283523553) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120