13 март, 2010 - 00:59
[веб кирилица]

Музика

од Незнаен_јунак на 2 ное 2009 - 19:29

Преземено од Вест [vest.com.mk]
__________________

Ечеше "Кога ќе чукне судниот час, ти ќе бидеш мојот бајпас"

Се фрлаат чевли, се кинат кошули, се кршат чаши и шишиња, млади, топ - дотерани девојки и момци, качени по маси, пеат, е само дел од ат­мос­фе­ра­та на концертот на српската турбофолк-звезда Аца Лукас, кој во пе­то­кот вечер се случуваше во дискотеката "Гранд" до Скопје. Но ваквата сли­ка е секојдневие за Скопје. Речиси во сите кафеани, кафулиња, клу­бо­ви, па и во дискотеки на гостите им нудат луди забави со турбофолк-хи­то­ви­те, кои станаа вистински хит во метрополата. Тогаш нема седење, цуп­ка­ње во место и правење муабети. Кога ќе заечат песните на Лукас, Цеца, Бре­на, Индира, Стоја, на Миле Китиќ, тогаш настанува вистински делириум. Бук­вал­но не се знае кој што прави. Сите се весели, качени на маси и сто­лови и, колку што ги држи гласот, ги пеат од почеток до крај турбо-фолк хи­то­ви­те. А се пие како да е последен ден.

од judge на 11 јул 2009 - 21:38

Време е за малку саботна забава.
За конечно да ги замолчиме сите турбо-фолкови, техна-мехна, елвир-мекиќи, faux некст-тајм рокери, цицлести поперки и други нафенирани лепотани ...

Дами и господа, J.J. Cale и Eric Clapton, спакувани во еден прекрасен пакет! Песната е една од оние кои започнаа сѐ - Call me the breeze. EC и JJ ја свират на Crossroads фестивалот, придружувани од одличен support бенд. Инаку, многумина ја знаат оваа песна и од одличната преработка на Lynyrd Skynyrd, во побрз и хеви-метал стил. Јас, лично, ја преферирам оваа верзија.

Ultra-cool рокерот J.J. Cale, со својот необичен стил на свирење со отворена рака, изгледа како да мавта над жиците, а излегува прецизен, ритмичен рок. Клептон не може да се промаши, би го препознал неговиот signature соло и спиејќи. Забележете како уживаат музичарите кои свират со нив, оклештени од уво до уво.
Навидум свират без напор, без видливи грчеви и труд да испадне добро, а сепак сѐ е на место, да помислиш дека и ти можеш исто, лесно било...
Ритамот е беспрекорен, нема грешки - те тера да тупкаш со ногата, да свртиш на најгласно и сите дома се собираат да слушнат што сум пуштил. „Да ми снимиш едно вакво CD за во кола“, ми вели жена ми. Син ми, 16-годишен пубертетлија чии другари редовно ги слушаат (нај)горе споменатите имитации на музика, на својата Фејсбук страна како најомилена музика ги посочува Dire Straits, Eric Clapton, JJ ... Сум го научил и по нешто добро, изгледа. [се смее]

Скок на видеото (YouTube) после брејкот, звукот е со пристоен квалитет.
Внимание! Пуштете на најгласно! И направете си место на подот за тупкање во ритам ...

од Незнаен Јунак (непроверено) на 26 јун 2009 - 01:01

Преземено од A1 [www.a1.com.mk]
__________________

Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, на педесет годишна возраст почина од инфаркт, во својот дом во Лос Анџелес.

Изворите велат дека кога докторите пристигнале, тој повеќе немал пулс.

од Незнаен Јунак (непроверено) на 18 мај 2009 - 14:49

Преземено од вест [vest.com.mk]
__________________

"Со ко­си­те по­го­ле­ми и пан­та­ло­ни­те по­тес­ни от­кол­ку на чу­до­виш­на пуд­ли­ца ко­ја обо­жа­ва ви­со­ка мо­да, 'Некст тајм' го вра­ти­ја ли­га­ви­от глам-рок и пет па­ри не да­ва­ат кој ги гле­да. Во обид да ги из­ве­дат ра­бо­ти­те во Џон Бон Џо­ви стил, близ­на­ци­те Мар­тин и Сте­фан на­вис­ти­на на­и­доа на неш­то: из­глед и звук под­гот­ве­ни за ре­ха­би­ли­та­ци­ја. Ви­де­ос­по­тот во сти­лот на 80-ти­те, нап­ра­вен од не­кој опа­сен ре­жи­сер, ја но­си пи-ар по­ра­ка­та: 'Некст тајм пос­то­ја­но нас­та­пу­ва­ат на кон­цер­ти низ Ма­ке­до­ни­ја и учес­тву­ва­ат во ху­ма­ни­тар­ни про­ек­ти'", на­пи­шал Пол Ме­кинс за на­ши­те ев­ро­ви­зи­ски прет­став­ни­ци.

од Dj_Aprilia на 16 мај 2009 - 05:04

Преземено од Dj Aprilia - Virgin Mary [www.youtube.com]
__________________

Real Trance

Овој перииод направив две песни, мелодичен транс
Сакам да слушнам оцена и било каква критика
Посебно од вие што сакате вистински транс
Ова е првата песна
Dj Aprilia (скопје) - Дева Марија

од fLeX на 7 сеп 2008 - 21:08

Шо знaм што не ме чуди,а морам да признаам дека и не ми е гајле. Му знам една две песни, и тоа е некоја чкартологија.Сепак, тоа сум ја и мојот вкус:)
http://www.jutarnji.hr/vijesti/clanak/art-2008,9,7,,132467.jl
Да не преведувам...

од dusheque на 20 мар 2008 - 11:17

Месец дена апсолутен мрак во Скопје. Откажани еден куп концерти (меѓу кои и bor.FEST 1.0 на кој толку многу му се радувавме), неколку од нив префрлени на локации кои што воопшто не одговараат на природата на самата свирка (ама што да се прави?). Единствениот вистински концертен клуб во градов затворен.
Туку, доста размислуваме на таа тема. Тоа нека остане само лошо минато. Време е да се спремате за повторното отварање на клубот Кастро. Казната наречена 30 дена неработење завршува на 04.04., а веќе наредниот ден (05.04.) би сакале да Ве поканиме на концертот на Ana Never (Суботица) и Mooger Fooger (Скопје). Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а цената на влезницата е 150 денари.

од dusheque на 12 фев 2008 - 14:53

Одлично е чувството кога се објавува вест како оваа. Среќни сме што можеме да ве поканиме на едно необично патување низ вселената. Концерт кој ќе изобилува со post rock kraut бука, буриња, апарати, аналогни синтисајзери и delay-и.

Syndicate content