3 септември, 2010 - 14:45
[веб кирилица] |
Политика
од Незнаен Јунак (непроверено) на 18 јан 2010 - 22:08
Преземено од време [vreme.com.mk] __________________ „Кажи Латасу да је ово тренутак да максимално помогне својој отаџбини“ - пишува во извештајот на информаторот на ДБК за средбата која Павловиќ, Раде Ѓорѓевиќ од Амбасадата на СРЈ и уште едно лице ја имале во еден познат скопскиот ресторан во Градскиот парк. Понатаму, според оваа службена белешка, Ѓорѓевиќ му дал задача на Павловиќ да се види со видни личности од српската заедница во Македонија за да организираат демонстрации пред српската амбасада, но така што тоа да изгледа како спонтано собирање, на што Латас му одговорил дека ќе му се јави на некое лице со кое заедно успешно ќе се организираат и дека „американската амбасада ќе стане пепел“.
од Незнаен_јунак на 4 дек 2009 - 02:39
Преземено од миленко [milenko.com.mk] __________________ миленко „харабриот“, хомофоб и шовинист. пази рака! Најавената жешка политичка есен, се претвори во две работи?!
Првата е комплетната разгологазеност на Брисел, која се покажа во своето вистинско фашизоидно, нетолерантно, хомосексуално, елитистичко лице. Брисел им се испосра на Повелбата за човекови права, законите на меѓународното право, принципите на Обединетите нации, насоките и резолуциите на Советот за безбедност на ООН, и купишта меѓународно верификувани обврски, правила, закони...
од Незнаен_јунак на 23 ное 2009 - 23:32
Преземено од Google Cache [209.85.129.132] __________________ Google Cache појак од автоцензурата на А1 Оставка од премиерската функција е една од варијантите која ја разгледува македонскиот премиер Никола Груевски со неговата екипа, како форма на бегање од одговорноста за промената на името на Македонија.
Вака информираат за веб порталот журнал западни дипломати во Скопје кои инсистираат да останат анонимни.
Според нив, соочен со голем притисок за да се согласи со промена на името, Груевски ја разгледува можноста за оставка од премиерската функција, меѓутоа да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
од zlochko на 13 авг 2009 - 09:59
Види ти најнова вест од Нетпрес, пренесена од некој грчки медиум...
Цитат:
Бугарија одговори на македонските провокации, слични како оние со Грција, со непосредно распоредување на војници на границата со псевдодржавата, пишува денеска грчкиот весник “Елевтери Ора“, пренесува Нетпрес.
Без приказни, без изговори, без “дијалози“ и други останати глупости. Весникот коментира дека пораката е закодирана во курсот на Софија: “Груевски стој мирно, или...“.
од Незнаен Јунак (непроверено) на 20 јул 2009 - 21:01
Преземено од А1 [www.a1.com.mk] __________________ На Советот на обвинители не му требаат обвинители туку партиски послушници. Во обвинителството нема место за Власите, ова ми го кажа лично Шврговски. Што ќе направам понатаму ќе видам имам една година за размислување, вели Стерјо Зиков
од Незнаен Јунак (непроверено) на 6 јул 2009 - 21:26
По кој знае кој пат се заебав и пуштив телевизија, демек да се олабаам. Ама наместо релакс, после неколку минути станав вџашен и седнав пред компјутер да ви пишувам.
Сурфајќи по каналите, налетав на една од рекламите за владата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. А во спотот, демек младиот Ајнштајн, детуле, разговара со својот наставник: професоре, постои ли темнината? Професорот му потврдува дека постои, а малиот Ајнштајн вели: не професоре. Според законите на физиката темнината не постои, туку постои недостаток на светло. Teмнината не може да се измери, само светлината. на крај малото генијалче ајнштајн вели „не пости зло, туку постојат само места до кои не допрел Господ“.
од Незнаен Јунак (непроверено) на 29 јун 2009 - 19:55
Преземено од Време [vreme.com.mk] __________________ Градоначалникот Коце Трајановски наложил за два месеца да се ликвидираат 90 проценти од кучињата-скитници во Скопје и, според некои показатели, тој негов морбиден и целосно незаконски план веќе почнал да се реализира - алармираат невладините организации за заштита на правата на животните. Нивните изјави ги потврдуваат стручни лица од Ветеринарниот факултет, кои деновиве биле на средба со Трајановски, како и вработени во стационарот „Вардариште“, кои говорат анонимно.
од Зелен на 28 јун 2009 - 15:51
Превземено од дневник (http://www.dnevnik.com.mk)
Цитат:
За „етногенезата“, нацијата и сличните куриозитети
Најголемиот адут на Македонија во прашањето за името е правото на самоопределување, а не докажувањето на античките корени. Но, дали немаме доволно капацитет кај специјалистите по меѓународно право, па оставивме оваа битка да ја водат недоучени историчари, кои однапред се осудени на пораз?
Историчарите кои „Дневник“ ги контактирал за мислење по ТВ-дуелот на „А2“ за прашањето колку сме Словени, а колку антички Македонци, не го дале своето мислење со оправдување дека не го гледале дуелот! Не знам за кои историчари станува збор, но очигледно е дека постои страв да се искаже своето мислење. Од што се плашат контактираните историчари - не знам, но знам дека дуелот утредента беше достапен на интернет-страницата на „А1“ и јас, иако живеам надвор од Македонија, го гледав. Чудно што на историчариве не им текнало за оваа опција. Не сме барем до толку античко општество да не помислиме на интернетот како решение за испуштената многу важна емисија, која ни дава јасна слика за еден важен елемент на нашата политика, која ја креира нашата иднина.
|
|
Последни коментари