1 декември, 2008 - 21:08
[веб кирилица]

Колумни

од Незнаен јунак на 22 јул 2008 - 11:20

Преземено од Жарко Трајаноски [jasnesumjas.blogspot.com]
__________________

Од нашите политички дрвја, не можеме ни шума да видиме. Поради опасност од пожари, Владата донесе забрана за движење низ шумите. Зошто залудно да се трошат пари за канадери и противпожарни возила кога главни причинители на пожар се несовесните граѓани? Сега, кој ќе биде фатен без „аусвајс“ како се движи низ тазе пошумената Македонија, ќе биде казнет со по 1.000 до 2.000 евра! Кутрите Скопјани и Битолчани, не можејќи да дишат без „плуќата на градот“ - Водно и Пелистер, веднаш поитаа да извадат еднодневни дозволи. За да ги задоволи секојдневните потреби на граѓаните за дишење чист шумски воздух, Владата итно отвори илјада пункта за „аусвајси“ во цела Македонија, кои работат нонстоп во три смени (ноќната смена е воведена заради поттикнување на популациската политика). По правовремената реакција беа вработени неколку илјади лица со уредни партиски книшки, кои земаа плата од казните за потенцијални пиромани, превентивно уапсени со масовната полициска акција „шумско око“.

од Брмкович на 19 мар 2008 - 21:33

Нашите македонски произведувачи мора да сфатат дека доколку во своието економско планче не вметнат одреден дел од профитот за рекламирање на својот продукт, тој ќе остане во подрумите или во лабараториите каде го произвеле. Виртуелниот сосед, веќе, го продаде своето производство!

1. Промената на општествените системи и вредности доведоа до тектонски промени и на пазарот. Веќе нема државен интервенционизам (кога државата ги одредува ценити или ги откупува производите кои не се продадени), нема монопол (кога само една компанија произведува одреден производ и тоа е тоа), исчезна и удобноста во бизнисот. Напротив.

од Брмкович на 19 мар 2008 - 16:01

Технологијата не работи против човекот, туку, за жал, човекот ја користи во остварување на сопствената егоистичка жед за доминација и во насока на себеуништување. Против себе ја сврте и Природата со „помош“ на технологијата. Излезот е во меѓусебниот договор.

1. Никако не се согласувам со констатации дека технологијата е зло, дека токму таа го прави човештвото расипано, дека најмногу се користи за злобни цели и дека таа го „убива“ човекот. Со индигнација ги отфрлам ваквите обвинувања, затоа што, едноставно не држат вода. Ниту една од нив нема логично оправдување, туку индиректната врска мешу „злото“ и „технологијата“, секако, мора да ја бараме кај човекот. Токму она СОФТИЦИРАНО суштество, кое своите креации ги употребува за себеуништување.

од damjancd на 9 јан 2007 - 08:13

Веќе застарените препреки на пешачките патеки, плански распрскани низ улиците на Скопје и подалеку, ќе бидат заменети со нови, технолошки напредни барирери и стапици. Овој чекор кон иднината е поддржан од страсните управувачи на возила и други мрзливи влекачи. Новите бариери ќе содржат разни специјални додатоци за одстранување на екстремитетите или гентиалиите кај дрските пешаци.

Стапиците ќе бидат специјално програмирани од страна на вештите единици за поставување на истите, со огромен избор на болни физички последици што може да се аплицираат кај успешно фатените пешаци. Овие направи се поставени поради садистичките нагони на полицијата и државните институции се со цел да се покаже супериорноста на колата и другите масовни превозни средства што ја блокираат пешачката патека.

од B. на 1 мар 2006 - 00:36

Конечно! Закон за забрана на ГРАЃАНСКИ протести ?

- Абе нешто познат си ми курле. Да не си фудбалер?
- Не, не сум...
- А да не сум те видел на телевизија?
- Можеби, не знам... а, бев еднаш, да.
- Да бе курле, сега ми текна, пљампаше нешто за некои привилеги. Така?
...

од D-507 на 1 фев 2006 - 12:50

1. Не размислувај премногу, а ако веќе размислуваш и одговорите што ги добиваш не се онакви какви што обично се најприфатени во светот - задржи си ги за себе. Никој нема да ги цени, а најверојатно е дека ќе послужат како аргументи против тебе.

2. Труди се да пишуваш буквално. Заборави на филозофија и социологија, премногу лизгав терен е тоа.

3. Никогаш не признавај грешка затоа што тоа ќе се искористи против тебе.

4. Не давај повеќе алтернативни мислења на дадено прашање затоа што во тој случај ќе испаднеш глуп што си се потрудил да го согледаш проблемот од повеќе страни.

5. Не се сомневај во ништо што човештвото го прави или кажува. Човештвото неможе да греши, и е секогаш во право.

од B. на 20 дек 2005 - 02:50

(посветено на Петар и многу поздрави и честитки до него, многу љубов и среќа и најмногу ум му поскаувам, со песната чиј наслов завршува со Enough од Depeche Mode)

Неколку тест-прашања, чии одговори можеби можат да станат и новите идни основни постулати на шоутајмингот (резултатот, од анализата која се прави врз основа на вкупниот број поени, ви го испраќам директно на мејл, дискрецијата е гарантирана).

од stinky на 12 дек 2005 - 03:27

...и така влагам ја, појма неам шо кафана беше, и ми доаѓа една, а бе курва права, и ми вика- еј мали, ај се зезаме, а ја нејзе- мрш фукаро една, па ми текнуе дека неам цигари, и му идам на шанкерот- а бе брат, дај спаси ме, цигара една ако може, а он се церека- а да ми го.., е не дочекав да се доискаже, гарант нешо безобразно му се моташе у тоа глаата, него директно у чело со колено БРАУ, и падна ко покосен, така ли се збори со муштерии маму ти, му скам дур го клоцам, ама ми се собра персоналот, се шифоњери некои, па држ не дај, рипај преку нив, двајца-тројца закачив уз пат до врата, а бе колку да им биде јасно со кој си имаат работа, арно не ми го скинаа мантилот, мислим ептен е скуп, чиста кожа бре

Syndicate content